Нико О’Рајли ќе го замени Рис Џејмс во англиската репрезентација

Фудбалерот на Манчестер Сити, Нико О’Рајли, доби повик во репрезентацијата на Англија за квалификацискиот дуел со Летонија. Тој ќе го замени Рис Џејмс од Челзи, кој ќе го пропушти натпреварот поради повреда.
Англија на 14 октомври ќе гостува кај Летонија во Рига во шестото коло од групата К во квалификациите за Светското првенство. Пред дуелот со Летонците, Англичаните ќе одиграат пријателски меч со Велс во четврток.
О’Рајли (20) го добива својот прв повик во сениорската репрезентација на Англија, која со 15 бода од пет натпревари е лидер во групата К.