Милан и Барса ќе играат првенствени мечеви во САД

УЕФА официјално ѝ даде зелено светло на Ла Лига и Серија А да организираат по два натпревара од оваа сезона надвор од Европа.

Како што беше најавено уште летово, европските клубови би можеле да добијат значителна финансиска добивка доколку прифатат да одиграат одредени натпревари надвор од својата земја, иако на тој начин практично го губат домашниот терен.

Таков ќе биде случајот со Виљареал, кој во декември треба да ја „угости“ Барселона во – Мајами!

Од друга страна, УЕФА одобри и натпревар од Серија А – Комо против Милан, кој треба да се одигра во февруари во Перт, Австралија.

Во своето официјално соопштение, УЕФА ја образложи оваа одлука и покрај бројните несогласувања од страна на повеќе клубови и навивачки групи низ Европа, наведувајќи дека поради недостиг на јасни правила од страна на ФИФА, не може формално да го спречи одигрувањето на овие натпревари.