Шпанската Ла Лига потврди: Виљареал и Барса ќе играат на 20 декемеври во Мајами

Домашниот натпревар на Виљареал против Барселона во шпанската Ла лига ќе се одигра на стадионот „Хард Рок“ во Мајами, Флорида, на 20 декември, објави претседателот на локалната фудбалска лига, Хавиер Тебас. Ова ќе биде првиот натпревар од едно национално европското првенство што ќе се игра надвор од границите на одредена земја.

Потегот на Ла Лига, кој е целосно поврзан со маркетингот и рекламирањето, беше одобрен од управното тело на европскиот фудбал (УЕФА) претходно оваа недела.

Тебас едноставно ја потврди локацијата на натпреварот, кој е од 17. коло на првенството.

„Ова е само еден натпревар од 380 во текот на сезоната. Ла Лига има навивачи низ целиот свет и тие исто така заслужуваат да ги видат тимовите што страсно ги поддржуваат. Тие исто така сакаат да ги допрат и да ги видат во живо барем еднаш“, рече Тебас во изјава за „Ројтерс“.

деЛа Лига веќе започна со регистрација за продажба на билети, кои ќе бидат достапни за јавноста од 22 октомври. Стадионот „Хард Рок“, дом на „Мајами Долфинс“ од Националната фудбалска лига (НФЛ) и „Мајами Харикенс“ од колеџ системот, има капацитет од 65.000 седишта.