Ѓоковиќ се избори за десетто полуфинале во Пекинг

Новак Ѓоковиќ избори пласман во полуфиналето на Мастерсот во Шангај. На задоволство на кинеската публика, Ѓоковиќ во четвртфиналето, за еден час и 50 минути, го победи Белгиецот Зизу Бергс со 6-3, 7-5.
Ѓоковиќ го подобри рекордот поставен во вторникот, стана највозрасниот полуфиналист во историјата на тутнирите од Мастерс серијата. Десетти пат во кариерата ќе игра полуфинале во Шангај, вкупно на турнирите од Мастерс серијата во сабота 80-ти пат ќе игра во полуфиналето.
Освојувачот на 24 Грен слем титули, се до финишот на мечот немаше проблеми со талентираниот Берг. Лесно го доби првиот сет, откако направи брејк во петтиот гем. Можеше во првиот сет да одигра и гем помалку, но во осмиот гем не искористи пет сет топки на сервис на противникот.
Во вториот сет, тенисерите беа сигурни кога сервираа се до деветтиот брејк, кога Ѓоковиќ го брејкна Бергс, но во наредниот гем, кога Србинот сервираше за победа, Белгиецот возврати.
Нов брејк напраби Ѓоковиќ во 11-от гем, потоа кога сервираше не искористи две меч топки, Берг дојде до брејк шанса, но со три неизнудени грешки му го подари гемот, а со тоа и победата на Ѓоковиќ.
Интересно, Ѓоковиќ со само 11 директни поени дојде до победата, му помогнаа 40-те неизнудени грешки на Бергс.
Противник на Жоковиќ во полуфиналето ќе му биде најголемото изненадување на турнирот, 211- от на АТП листата, Валентин Вашеро.