Големо реми на македонските фудбалери во Гент

Фудбалската репрезентација на Македонија одигра реми без голови против Белгија во Гент и го задржа првото место после гостувањето кај најголемиот фаворит во групата. Ова е голем бод кој внесува уште поголеми мотиви пред преостанатите два натпревари, против Казахстан во понеделник во Скопје и следниот месец против Велс во Кардиф.
Белгија ја имаше фаворитската улога, селекторот Благоја Милевски одлучи да го препушти комплетно поседот на топката, но затоа изгради цврст бедем пред фантастичниот Столе Димитриевски на голот.
Во 13.минута, дојде првата посериозна закана. Костадинов кусо исфрли со глава, топката дојде Кевин де Брујне кој шутираше, но во последен момент беше изблокиран.
Седум минути подоцна, Де Брујне изведе корнер, ја извлече на 16 метри, а Салемакерс зафати силен волеј, но заврши над голот.
Белгијците извршија нов притисок во 26.минута. Доку беше во можност да го загрози голот на Столе Димитриевски, но во последен момент блокираше Јани Атанасов.
Само пет минути подоцна, Леандро Тросар шутираше со глава, над гредата.
На почетокот на вториот дел, уште поголем притисок на домаќинот. Кевин де Брујне во 53.минута се одлучи на удар од 18 метри со левата нога, но и Столе Димитриевски одлично одбрани.
Следен беше Доку во 61.минута. Доби топка во транзиција од Де Брујне, се ослободи од чуварот пред себе, но повторно се испречи Столе Димитриевски.
Натпреварот влезе во завршница, а Белгијците сѐ уште немаа решение. Сѐ почесто се обидуваа преку Доку, кој создаваше можности за соиграчите од левата страна. Во 77.минута, по додавањето на Доку, Томоти Кастањ не успеа да реализира од непосредна близина.
Пет минути подоцна, Доку повторно мина по левата страна, Опенда шутираше кон голот, но од блокот топката заврши во корнер.
Во 88.минута уште еден силен удар на Опенда од 20 метри, но повторно Столе Димитриевски беше одличен на голот.
Македонија освои голем бод во Гент, но сега веднаш фокусот треба д