Челси и Тотенхем во трансфер битка за напаѓач на Порто

Frontview of Samuel Aghehowa in a Porto shirt

Премиерлигашките ривали Тотенхем и Челзи повторно ќе вкрстат копја, овојпат на трансфер пазарот. Двата клуба се во потрага по засилување во нападот и го имаат идентификувано напаѓачот на Порто, Саму Агехова, како приоритетна цел. 21-годишниот Шпанец, кој минатото лето премина од Атлетико Мадрид во Порто, импресионира со 36 голови на 57 настапи и брзо се етаблираше како еден од најперспективните млади таленти во Европа.

Претседателот на Порто, поранешниот менаџер на Челзи, Андре Вилаш-Боаш, наводно е подготвен да го пушти Агехова за сума од околу 80 милиони евра. Иако неговиот договор важи до 2029 година и содржи клаузула за откуп од 100 милиони, клубот се соочува со финансиски притисоци и верува дека има доволна длабочина во нападот. Затоа трансферот веќе во јануари не е исклучена опција.

Челзи повторно се враќа по Агехова, откако минатото лето трансферот пропадна поради повреда на зглобот и неуспешен лекарски преглед. Тотенхем, од друга страна, бара наследник на Ричарлисон, кој најверојатно ќе си замине во 2026 година. Новиот менаџер, Томас Франк, наводно не е целосно убеден од напаѓачките опции, па клубот активно ја следи ситуацијата. Јануарскиот преоден рок би можел да биде клучен во трката за потписот на младиот Шпанец.