Ромео Лавија еден месец надвор од терените

Тимот на Челзи доби лоша вест, белгискиот фудбалер Ромео Лавија повторно ќе паузира поради повреда што ја заработи во натпреварот против Карабах, само три минути откако влезе во игра.
Младиот фудбалер, кој во сезоната 2023/24 пристигна од Саутемптон како големо засилување за „сините“, никако не успева да се избори со проблемите со повредите и да фати континуитет.
Според последните информации од медицинскиот тим, Лавија ќе биде надвор од терените најмалку еден месец, а неговото враќање се очекува кон крајот на 2025 година.
Белгиецот досега одигра 30 натпревари во сите конкуренции во дресот на Челзи и запиша една асистенција.