Киеза одби да настапи за националниот тим со Молдавија и Норвешка

Џенаро Гатузо одржа прес-конференција пред завршницата од квалификациите за Светското првенство. Италија ги има уште натпреварите против Молдавија и Норвешка, а за директен пласман ѝ треба вистинско чудо, па е поверојатно дека во март ќе игра бараж.
Поранешниот тренер на Хајдук од новинаритее доби прашање зошто повторно на списокот го нема напаѓачот на Ливерпул, Федерико Киеза, на што Гатузо одговори дека Киеза уште еднаш го одбил повикот.
„Често разговарам со него. Мораме да ги почитуваме одлуките и проблемите на секој играч. Морам да го почитувам она што ми го кажува. Нема што повеќе да додадам. Ова е четврти или петти пат како го објаснувам истото“, одговори Гатузо.
Тој и во октомври зборуваше за Киеза, кога откри дека напаѓачот на Ливерпул му порачал дека „не се чувствува сто проценти подготвен“.
Киеза минатата сезона одигра само 11 натпревари за Ливерпул, најчесто влегувајќи од клупа. Ниту оваа сезона нема голема минутажа, но успеа да постигне два гола и да запише три асистенции, а навивачите на Ливерпул го избраа за најдобар играч на клубот во септември.