Лоботка најави заминување од Неапол

Фудбалерот на Наполи, Станислав Лоботка, би можел да побара да го напушти италијанскиот шампион доколку Антонио Конте остане на чело на тимот и во наредната сезона, изјави неговиот агент задолжен за трансфери, Бранислав Јашурек.
„Има 30 години и ќе му биде речиси нереално физички да издржи да работи под водство на Конте. Тренерот е брутален во неговите барања во однос на трчањето.
Затоа за мене е сосема логично неговиот трансфер да се случи во 2026 година иако има добар финансиски договор“, потенцираше Јашурек.