Лапорта одби секаква можност за враќање на Меси

Претседателот на фудбалскиот клуб Барселона, Жоан Лапорта истакна дека шпекулациите за враќање на аргентинската ѕвезда Лионел Меси на „Ноу Камп“ се нереални.
Запрашан за изненадувачката посета на Меси на реновираниот „Камп Ноу“, Лапорта рече дека сака да организира настан во чест на легендарниот фудбалер, но и навивачите на Барселона да не се надеваат на враќање на својот идол.
„Работите не завршија онака како што сакавме. Ако на некој начин оваа почит можеше да го надомести она што не беше направено, верувам дека тоа би било добро. Но, со огромното почитување што го имам кон Меси, кон сите професионалци во клубот и неговите членови, верувам дека шпекулациите за неговото можно враќање како играч се нереални“, рече Лапорта.