Фермин Лопез надвор две недели поради повреда на листот

Фермин Лопез, талентираниот играч на Барселона, ќе паузира околу две недели поради повреда на солеусниот мускул на десната нога, потврди клубот. Доколку опоравувањето тече според планот, неговото враќање се очекува во средината на декември.
Солеусниот мускул, кој се наоѓа во долниот дел од листот, е важен за стабилноста на ногата и за движења како трчање и скокање. Таквите повреди бараат внимателна рехабилитација за да се избегнат повторни проблеми.
Отсуството на Лопез доаѓа во период кога Барса има згуснат распоред и „слаба“ форма, ќе мора да се приспособи без еден од своите најперспективни млади фудбалери. Од клубот порачаа дека му посакуваат брзо заздравување и дека неговото враќање ќе се одвива постепено, со цел да ја поврати формата и да ѝ помогне на екипата во продолжението од сезоната.