Јанта волеј убедливо поразена од Младост Загреб во ЦЕВ Купот

Одбојкарките на Јанта Волеј Кисела Вода претрпеа убедлив пораз со 3-0 во сетови вечерва во првиот натпревар од 1/16 финалето од ЦЕВ купот од Младост Загреб. Резултат по сетови: 6-25; 12-25 и 19-25.

Гостинската екипа од Хрватска фаворитската улога ја потврди веќе во првиот сет, кој го доби на убедлив начин со само шест загубени поени, а во вториот сет Јанта Волеј КВ го зголеми бројот на освоени поени, но и тој сет заврши со убедлива разлика. Одбојкарките на македонскиот претставник најголем отпор „пружија“ во третиот сет кога освоија 19 поени.

Реванш дуелот се игра на 2 декември во Загреб.