Нигериски тандем во Истанбул: Лукман ќе му се придружи на Осимен?

Напаѓачот на Галатасарај, Виктор Осимен, го советувал својот сонародник, напаѓачот на Аталанта, Адемола Лукман, да размисли за трансфер во турскиот клуб пред јануарскиот преоден рок, објави „Дејлиспортс“ , повикувајќи се на турското издание „А Спорт“.

Лукман размислува да го напушти италијанскиот клуб по неуспешниот летен преоден рок, а Галатасарај е фаворит за негово потпишување. Според извор, Осимен го поддржал потенцијалниот трансфер.

Оваа сезона, напаѓачот на турскиот клуб постигна 12 гола на 16 натпревари. Лукман, пак, има два гола и една асистенција на пет натпревари за Аталанта.