Ечевери се сели во Жирона: Манчестер Сити ја прекинува неговата позајмица во Баер Леверкузен

Клаудио Ечевери, перспективниот аргентински фудбалер, ќе добие нов старт во Ла Лига по неуспешниот престој на позајмица во Баер Леверкузен. Манчестер Сити донесе одлука да го прекине неговиот договор со германскиот клуб и да му овозможи нова прилика во Жирона, клуб во сопственост на Сити Фудбал Груп, кој ќе го прими на позајмица почнувајќи од 1 јануари 2026.
Договорот предвидува Ечевери да игра за Жирона до крајот на сезоната 2025-26. Ова е дел од стратегијата на Сити да му обезбеди редовно играње на младото засилување во конкурентна средина, слично на патот на играчи како Савињо, кој блесна во Жирона пред да се пресели во поголем клуб. Жирона, која се бори за опстанок во Ла Лига, го гледа Ечевери како важен играч за својата офанзива.
„Ел Диаблито“ (Малиот Ѓавол) како што го нарекуваат, Ечевери ја започна својата кариера во младинските категории на Ривер Плејт, пред да го потпише Манчестер Сити во 2024 година и да замине на позајмица во Баер Леверкузен. Неговиот престој во германскиот клуб не донесе многу шанси за игра, па Сити реши да го пресели во Жирона.
Оваа позајмица му дава на Ечевери шанса за редовно да настапува во Ла Лига, што би можело да биде пресудно за неговото вклучување во првиот тим на Манчестер Ситиа. Иако некои извори спомнуваат дека неговата почетна желба била да се врати во Аргентина, договорот со Жирона брзо се реализираше, давајќи му нова шанса за докажување.