Израелецот Соломон претставен во Фиорентина

Фиорентина вчера го комплетира трансферот на Манор Соломон но зделката предизвика и бурни реакции кај навивачите, кои порачаа дека Израелецот „не е добредојден“.

Фиорентина целосно потфрли во првиот дел од сезоната и со само 9 освоени бодови се наоѓа на последното место на табелата.

Па клубот од „Артемио Френки“ не трошеше многу време и вчера го потврди Манор Соломон како прво засилување.

Тој пристигнува на позајмица од Тотнем со опција во целост да биде купен за 10 милиони евра, но неговиот трансфер предизвика голема бура помеѓу навивачите.

Не се проблем неговите квалитети, туку неговото израелско потекло, па поради војната помеѓу Израел и Палестина, доби многу пораки дека „не е добредојден“.