Пешевски: Можеме да направиме нешто големо

Нашиот пивотмен, Жарко Пешевски, проценува дека Романија по извесна стагнација повторно има големи амбиции во европскиот ракомет но, Македонија е репрезентација која негува нов стил на ракомет.
„Трчаме квалитетно, без технички грешки, знаеме кого напаѓаме и мислам дека тоа ќе ни биде додаток плус во играта со кој ќе им правиме проблем на ривалите, особено на Романците. Мислам дека може да биде важен сегмент кој ќе биде одлучувачки“ – рече Пешевски.
„Нема огромна разлика кај Романија од подготовките до сега. Ќе решаваат детали, кој ќе биде посмирен мислам дека ќе го добие натпреварот“ – изјави кружниот напаѓач.