тикети

Вокап го напушти Олимпијакос по летото полно со превирања

„Томас Вокап ќе ја продолжи кариерата во Дубаи, откако двата клуба постигнаа договор“, објави Олимпијакос овој понеделник на Инстаграм и додаде кратка порака за збогум на трофејниот кошаркар, кој го помина летото инсистирајќи да го напушти клубот од Пиреја.

На овој начин заврши сагата што го одбележа летото во Евролигата, на непријатен начин. Сè започна кога играчот изрази желба да ја продолжи кариерата во Обединетите Арапски Емирати, на што Олимпијакос првично остро се спротивстави и побара од Евролигата заштита поради, како што тврдеа „неовластени преговори меѓу Дубаи и нивниот играч кој е под договор“.

Поради ова, Евролигата дури и покрена постапка против првиот оперативец на Дубаи, Дејан Камењашевиќ.

Газдите на Олимпијакос, браќата Ангелопулос беа подготвени да го испратат и Вокап на суд, но во меѓувреме беше пронајдено вонсудско решение. Дубаи ги исполни барањата на Олимпијакос за трансферот на играчот и го донесе во своите редови.

Вокап го напушти Олимпијакос по пет години, а клубот од Пиреја му се заблагодари за сè што му пружи за време на престојот во црвено-белиот дрес.


Влаховиќ пак ќе игра во црно-бело: Србинот пред потпис со Бешикташ

Српскиот фудбалски репрезентативец Душан Влаховиќ се наоѓа пред конечна одлука околу тоа каде да ја продолжи кариерата. Бешикташ во моментоцв е најсериозна опција.

Според информациите на „Газета дело спорт“, турскиот клуб доставил конкретна понуда до српскиот напаѓач, која вклучува четиригодишна соработка со годишна плата од околу 10.000.000 евра нето. Во предлогот за договор, има и бонус од дополнителни 10.000.000 евра за потпис на договорот, што ја носи вкупната сума на вкупно 50.000.000 евра.

Бешикташ претходно го контактирал таткото на Влаховиќ, Милош, и преговорите треба да продолжат во наредниот период во врска со бонусите што би зависеле од индивидуалните перформанси на фудбалерите, како и од резултатите на тимот.

Влаховиќ ја заврши соработката со Јувентус ова лето и моментално е слободен играч, и иако имаше интерес од неколку клубови за време на преодниот рок, тој сè уште не добил конкретна понуда што би го однела во една од најсилните европски лиги.

Интер, Милан и Наполи претходно покажаа интерес за 26-годишниот напаѓач, додека Челзи и Манчестер Јунајтед исто така се споменуваа како потенцијални опции. Арсенал, кој во претходниот период сериозно ја разгледуваше можноста за негов ангажман, во меѓувреме се откажа од трката.

Италијанските медиуми објавуваат дека српскиот репрезентативец првично сакал да почека понуда од една од петте најсилни европски лиги, но отсуството на таков ангажман ја променило ситуацијата.


Феран Торес се согласил да потпише за ПСЖ

Напаѓачот на Барселона, Феран Торес, ќе му се приклучи на ПСЖ. Францускиот клуб ќе го купи стрелецот на одлучувачкиот гол во последното финале на Светското првенство за приближно 50 милиони евра. Според „Марка“, со играчот веќе е договорен четиригодишен договор.

Според изворот, 26-годишниот Торес нема да заврши во ПСЖ освен ако не се случи „големо изненадување“. Двете страни преговараа неколку дена преку напорите на спортските директори Деко и Луис Кампос, кои се блиски пријатели во реалниот живот.

Сите страни планираат да го комплетираат договорот до 12 август, денот кога шпанските играчи кои играа на победничкото Светско првенство ќе се вратат на тренинзите со Барселона.

Феран Торес игра за Барселона од јануари 2022 година, кога дојде од Манчестер Сити. Тој има освоено седум домашни трофеи со клубот.


Родри се предомисли штом се јави Барса: Наместо во Мадрид, сака во Каталонија

Според шпанските медиуми се случува пресврт на трансфер пазарот, Родри се поврзуваше со Реал Мадрид, но на крајот се чини дека ќе заврши во Барселона.

Наводно Родри прифатил трансфер на Камп Ноу, па Барселона сега ќе седне на преговори со Манчестер Сити.

На Родри му се допаднал проектот што му бил презентиран па дал зелено светло за трансфер на Камп Ноу.

Сега Барселона ќе седне на преговори со Манчестер Сити и ќе се обиде да пронајде заеднички јазик, но зделката воопшто не е лесна, се говори дека ќе бидат потребни помеѓу 60 и 70 милиони евра за реализација на трансферот.

„Кадена Копе“ објави дека Родри и бил понуден на Барселона на почетокот од летото за 60 милиони евра, но тогаш Лапорта и Деко не покажале сериозен интерес.


Чаби Алонсо пред потпис со Челзи

Чаби Алонсо и се враќа на тренерската работа. Шпанскиот стручњак, по завршувањето на сезоната ќе стане нов менаџер на Челзи.

По краткиот и неуспешен престој во Реал Мадрид, шпанскиот стручњак Чаби Алонсо реши да ја прифати понудата од „Стенфорд Бриџ“.

Според англиските медиуми, Челзи и 44-годишникот напреднале далеку во преговорите и се очекува сè да биде завршено по денешниот натпревар од финалето на ФА Купот против Манчестер Сити.

Клупските челници сакаат што е можно поскоро да го официјализираат договорот за да можат да ја испланира новата сезона. Тоа веројатно ќе се случи, па Чаби кон крајот на денот може да стане нов менаџер на тимот од Лондон.

Алонсо пристигнува во Лондон по неуспешна епизода во Реал Мадрид. Тој беше отпуштен по само седум месеци во кралскиот клуб, но сигурно ова му дава уште поголема мотивација да ги покаже своите квалитети, кои ги покажа на врвен начин на клупата на Баер Леверкузен.


Данска ја декласира Македонија во баражот на „Паркен“

Македонската фудбалска репрезентација нема да игра на идното Светско првенство во САД, Мексико и Канада, откако во полуфиналниот бараж вечерва беше убедливо поразена и елиминирана од Данска со 4-0.

Лошо второ полувреме имаа фудбалерите на Македонија, откако по првиот дел немаше голови, а потоа Данците брзо дојдоа до предност од 3-0, за само 10 минути.

Најпрво во 49. минута Дамсгард една одбиена топка ја спроведе во голот. Следуваа два гола во една минута на Исаксен. Првиот во 58. минута на асистенција на Дамсгард, а потоа минута подоцна одбиената топка ја смести во голот на Димитриевски.

Конечните 4-0 ги постави Норгард во 76. минута, откако по нафрлена топка Конечните 4-0 ги постави Норгард во 76. минута, откако по нафрлена топка од корнер на Ериксен, со глава ја спроведе топката во македонскиот гол.