кошарка

Прв домашен пораз на кошаркарите на Пелистер во 2026 година

Кошаркарите на Пелистер не успеаја да ја продолжат серијата добри игри и резултати на домашен терен што траеше од стартот на годинава, губејќи од Тиквеш со 82-88. Серијата од седум победи во меѓусебните дуели со кавадарчани не беше продолжена пред се поради слабото издание во последната четвртина што Пелистер ја загуби со 15-26, за пресврт и триумф на гостинскиот состав.

Пелистер се соочи со проблеми во нападот на самиот почеток, со само една реализација во првите три минути (преку Малешевиќ), па Тиквеш поведе со 2-7. „Зелено-белите“ се разбудија во вистински момент, па веќе во седмата минута стигнаа до првото водство со поените на Вилсон со 14-12, добивајќи ја првата четвртина со 24-20, по трите слободни фрлања што ги реализираше Андреј Митревски.

Почетокот на вториот дел повторно мина во знакот на гостите од Кавадарци, кои набрзина поведоа со 30-32. Брејси Дејвис одговори со пет поени во низа, пет поени набрзина нанижа и Џенкинс, одбраната не беше на најдобро ниво, но Пелистер сепак замина на одмор со предност од 46-43 по тројката на Брејси Дејвис.

Второто полувреме го отворивме со тројка на Митревски, а по реализацијата на Вилсон тимот на Пелистер поведе и со најубедливи „плус осум“ (51-43). Гостинскиот состав не се предаде, кавадарчани намалија на 51-48, но следеше експресен одговор преку Малешевиќ и Митревски за 56-48 за битолскиот суперлигаш. Во играта топло-ладно Тиквеш дојде до 56-54, но Пелистер подобро ја заврши четвртината, влегувајќи во последните десет минути со водство од 67-62, по тројката што за гостите ја постигна поранешниот играч на Пелистер, Бошалески.

Четвртиот период донесе огромни проблеми за „зелено-белите“, во првите четири и пол минути беа постигнати два поени, гостите во меѓувреме погодија шутеви од далечина и поведоа со 69-77, принудувајќи го Даскаловски за кратко време да земе два тајмаути. Советите за жал не вродија со плод, гостите ја задржаа предноста и славеа со конечни , нанесувајќи му го на Пелистер првиот домашен пораз во оваа календарска година.

Митревски и Вилсон ги предводеа стрелците на „зелено-белите“ со по 15 поени, еден помалку реализираше Малешевиќ, додека Стајиќ, Дејвис и Џенкинс реализираа по 12 поени во вечерашниот пораз.


Вембањама изби на лидерското место за МВП наградата во НБА лигата

Кошаркарот на Сан Антонио Виктор Вембањама според последниот „пресек“ изби на лидерската позиција за освојување на МВП наградата.

Доколку успеа да ја освои оваа престижна награда на крајот од регуларната сезона во НБА лигата ќе го собори рекордот на Дерик Роуз.

Роуз во 2011 година имаше 22 години и 191 ден со што е најмладиот освојувач на престижната награда. Но, играчот на Сан Антонио 22-риот роденден го прослави на 4.јануари годинава што значи дека во случај да стане МВП ќе биде и најмладиот што ја освоил оваа награда.

Вембањама е еден од најдобрите дефанзивци, а има просек од 24,2 поена по натпревар со 11,2 скока, 3 асистенции и 3,1 блокада. Притоа има и шут од игра од 50,5 проценти.


Скалони има дилеми дали Меси ќе игра на Мундијалот

Светското првенство кое ќе се одржи во Америка, Канада и Мексико се приближува и остануваат помалку од три месеци до неговиот почеток. Големи вести стигнуваат од аргентинскиот табор, бидејќи се зборува дека тие на Светското првенство можеби ќе бидат без Лионел Меси. Според зборовите на селекторот Лионел Скалони, Меси сѐ уште не донел одлука дали ќе игра на Светското првенство или не.

На сите им е чудно со оглед на тоа што останаа 81 ден до почетокот на Светското првенство.

„Тоа е прашање за него”, рече Скалони откако доби прашање дали Меси ќе настапи на Светското првенство оваа година. Меси беше најдобар играч на последното Светско првенство кое се одржа во 2022 година.

„Што се однесува до мене, знаете како размислувам. Ќе направам сѐ што можам за тој да биде таму. Верувам дека тоа треба да го направам и дека поради фудбалот тој треба да биде таму.

Но, не сум јас тој што одлучува. Тој мора да донесе одлука врз основа на тоа како се чувствува во главата, но и како се чувствува физички.

Не е лесно бидејќи не сакаат само Аргентинците да го видат таму. Целиот свет го сака тоа“, кажа тој.


Вилсон: Подобри сме од Тиквеш, но тоа мораме да го докажеме на терен

Кошаркарите на Пелистер не дозволуваат слабата четврта четвртина од последниот дуел со ТФТ да ги исфрли од ритам, па „зелено-белите“ максимално мотивирани и фокусирани влегуваат во новиот предизвик – домашниот дуел со Тиквеш закажан за недела во 18:30 часот.

Пелистер сигурно ќе го заврши суперлигашкиот дел на третата позиција, но тренерот Даскаловски и неговите избраници се решени да стигнат до победи во последните две рунди за со уште поголема самодоверба да влезат во плејофот.
Центарот Ленгстон Вилсон. кој игра во одлична форма во последно време, верува во триумф над Тиквеш, но истовремено и предупредува дека кавадарчани се тим што не смее да биде потценет.

„Се наоѓаме во добар ритам и нема да дозволиме неуспехот со ТФТ да остави трага на наредните натпревари. Верувам дека сме подобар тим од Тиквеш, дека ќе стигнеме до победата, но исто така јасно ни е дека фаворитската улога мораме да ја оправдаме на терен. Тиквеш е тим со кој игравме и пријателски натпревари, добро го познаваме, имаме квалитетни странци во своите редови. Ќе пресуди дисциплината во нападот, мораме да се лимитираме на што помалку загубени топки. Исто така, одбраната мора да биде на високо ниво, да стигнеме до лесни поени од транзиција со што би си ја олесниле задачата на патот до триумфот“, вели Вилсон во пресрет на неделниот дуел со кавадаречкиот суперлигаш.

По овој дуел битолчани имаат уште едно гостување, кај Кожуф во Гевгелија.


Виртус му врачи отказ на Душко Ивановиќ

Виртус од Болоња објави дека ја прекина соработката со тренерот Душко Ивановиќ. Исто така, клубот потврди дека со Ивановиќ заминал и неговиот помошник, Ненад Трајковиќ.

Ивановиќ го презеде Виртус во декември 2024 година.

Виртус ја заврши таа сезона на 17-то место во Евролигата, а исто така стана и шампион на Италија, по 17-ти пат во историјата.

Претходно, клубот од Болоња беше најдобар и во регуларната сезона.

Последниот натпревар на Ивановиќ на клупата на италијанскиот клуб беше против Армани во 33-то коло од Евролигата, во кое тимот од Милано убедливо славеше како домаќин.

Црногорецот како главен тренер ги водеше и Басконија, Црвена Звезда, Бешикташ, Химки, Панатинаикос, Барселона, Лимож и Фриборг.

Виртус моментално се наоѓа на 15-та позиција на табелата во Евролигата со учинок од 13 победи и 20 порази.


Џа Морант предвреме ја заврши сезоната поради повреда

Кошаркарот на Мемфис, Џа Морант, нема да игра до крајот на сезоната во НБА лигата поради повреда на левиот лакт, потврди неговиот клубот.

Дваесетишестгодишниот Морант се повреди на крајот на јануари.

Мемфис во клупското соопштение изрази надеж дека Морант целосно ќе се опорави за почетокот на следната сезона.

Морант одигра само 20 натпревари за Мемфис оваа сезона, со просек од 19,5 поени по натпревар.


Леброн Џејмс ќе прифати нов договор со Лејкерс?

Леброн Џејмс е во последната година од договорот со Лос Анџелес Лејкерс и ова лето ќе стане слободен агент.

Иако претходно се очекуваше дека Џејмс ќе замине како слободен агент оваа меѓусезона за да се приклучи во друг тим во последното поглавје од неговата НБА кариера, очекувањата би можеле да се променат соу потенцијалното нов договор со Лејкерси.

Самиот Џејмс сè уште не потврдил за своите планови по оваа сезона, без разлика дали станува збор за останување во Лос Анџелес, заминување некаде на друго место или пензионирање.

Сепак, најновите информации за иднината на Џејмс во Лејкерс би можеле да значат добри вести за тимот, особено со оглед на тоа како тие напредуваа откако тој ја прифати својата улога како трета опција во тимот зад Лука Дончиќ и Остин Ривс .


Тиквеш го надигра Куманово и прокнижи важни прволигашки бодови

Кошаркарите на Тиквеш ја совладаа екипата на МКК Куманово со 92-86 во натпревар од македонската кошаркарска Суперлига.

Силите на теренот, во текот на целиот натпревар, беа израмнети. Гостинскиот тим ја доби првата четвртина со само еден кош разлика, но веќе во вториот период Тиквеш ја презеде иницијативата и на полувреме замина со водство од 48-39.

Во третата четвртина Тиквеш продолжи со одличната игра и малку по малку ја зголемуваше разликата, која во еден момент достигна и 14 поени.

До крајот на натпреварот гостинските кошаркари успеаја да ја намалат разликата, но не стигнаа до целосен пресврт.

Кај домашниот тим најефикасен беше Глигоријевиќ со 20 поени, а кај гостите се истакна Радукиќ исто така со 20 поени.

Со овој триумф Тиквеш се искачи на 7-мото место и се изедначи со екипата на Куманово која е на 6-тата позиција.


Џулиус Томас нов тренер на Париз

Кошаркарскиот клуб Париз го назначи Џулиус Томас за привремен тренер до крајот на сезоната.

28-годишникот ќе го замени Франческо Табелини на таа позиција.

Досега, Томас ја извршуваше позицијата помошник главен тренер.

Тој ќе стане најмладиот тренер во историјата на Евролигата, со што Париз ја потврди репутацијата на клуб кој верува во млади таленти.

Тој е член на клубот од летото 2023 година и оттогаш придонесува за континуитетот на развојот на тимот од Париз.

Беше асистент на Томас Исало, а потоа и на Тијаго Сплитер, кои сега работат во НБА.

Томас ќе има можност да дебитира на 27 март против Дижон во француското првенство.


ТФТ Скопје со супер-финиш го сруши Пелистер во кошаркарското дерби

Кошаркарите на ТФТ славеа победа над Пелистер во дебито од 20.коло во машката кошаркарка Супер лига.

Во натпреварот одигран во салата „Лазар Лечиќ“ во Градски парк во Скопје, ТФТ го победи Пелистер со 99-84.

Во релативно израмнетата прва четвртина во која за нијанса беа подобри гостите од Битола (20-30), во втората Пелистер одигра многу поквалитетно.

Имаа битолчани во повеќе наврати двоцифрена предност, а најголемата беше 12 поени. Сепак ТФТ во финишот одигра поквалитетно, па на одмор замина домаќинот со четири негатива (41-45).

Во третиот период, двата тима имаа свои добри периоди на игра. Тимот на ТФТ на почетокот на вториот дел имаше и седум поени предност, но Пелистер беше оној кој во завршните 10.минути влезе со предност (68-71).

Во последната четвртина. Предводени од расположените Гордон и Сомервил, домашните кошаркари, полека го кршеа отпорот на пелистерци, за на крајот да слават и со убедливи 15 поени разлика.