кошарка

Ајзеа Стјуарт казнет со седум натпревари заради инцидентот

НБА кошаркарската лига реагираше брзо по хаотичните сцени на натпреварот помеѓу екипите на Детроит Пистонс и Шарлот Корнетс, суспендирајќи четири играчи кои беа во центарот на масовна тепачка во текот на третата четвртина.

Најстрого казнет е крилниот центар Детроит, Ајзеа Стјуарт, со суспензија од седум натпревари. Муса Диабате и Мајлс Бриџис од Шарлот исто така добија суспензија, од по четири натпревари, додека играчот на Детроит Џејлен Дурен е суспендиран на два натпревари.

Инцидентот започна нешто повеќе од седум минути пред крајот на третата четвртина, кога Џејлен Дурен, со топката во раце и во обид да се упати кон кошот, беше фаулиран од Диабате.

По фаулот, Дурен се сврте и влезе во вербален и физички контакт со противникот, при што делуваше дека двајцата се судрија со главите.


Прекината низата на Леброн Џејмс

Леброн Џејмс ја пропушти средбата со Сан Антонио Спарс во ноќта на среда поради артритис на левото стапало. Со тоа исклучување, тој го губи правото на избор во Ол-стар тимот и другите главни индивидуални награди оваа сезона. Во својата 23-та сезона во најсилната кошаркарска лига на светот, тој ја загуби шансата за 22-ро последователно вклучување во една од најдобрите тројни статистики на сезоната.

Тоа беше неговиот 18-ти изостанок во текот на оваа сезона, што значи дека повеќе не може да ги достигне минималните 65 настапи потребни за кандидатура за All-NBA тимовите и други индивидуални признанија. Џејмс досега беше рекордер со 21 сезона по ред вклучен во некој од All-NBA тимовите.

Своето прво индивидуално признание го освои уште во дебитантската сезона 2003/04, кога беше прогласен за најдобар нов играч на годината, а во сезоната 2024/25 беше вклучен во вториот најдобар тим на лигата. Меѓу тие награди, тој четири пати беше прогласен за најкористен играч на лигата и дури 13 сезони беше вклучен во најдобриот тим. Четири пати беше вклучен во вториот, и четири пати во третиот најдобар тим на лигата, а освои и многу други признанија.

НБА воведе правило во сезоната 2023/24, според кое играчот мора да одигра најмалку 65 од вкупно 82 натпревари за да се квалифицира за наградите на крајот од сезоната, со цел да се поттикнат настапите на големите ѕвезди. Тој број може да го достигнат само оние кои ќе избегнат повреди или суспензии.

Џејмс, кој има 41 година, оваа сезона одигра 35 натпревари и во просек бележи 21.8 поени, 6.9 асистенции и 5.7 скокови.


Јасикевичиус кандидат за клупата на Минесота

Кошаркарот на Минесота Џо Инглс изјави дека пости можност неговиот поранешен соиграч од Барселона и сегашен тренер на Фенербахче, Шарунас Јасикевичиус би можел да седне биде тренер на клуб во НБА лигата.

Искусниот играч смета дека Литванецот ги има сите предиспозиции да се обиде да биде тренер во НБА лигата.

„Мислам дека може да биде тренер во НБА лигата. Не е за изненадување и дека има одбиено некои понуди и дека сака да работи и да се докаже дека е врвен тренер“, изјави Инглс.

Тој напомена дека го следи сега во Фенербахче и дека тој постојано напредува од Жалгирис, преку Барселона и сега во Фенербахче, со тоа што ја има освоено и Евролигата.

Јасикевичиус важи за еден од најценетите европски тренери.


Стев Кари ќе го пропушти „Ол-стар“ натпреварот

Кошаркарот на Голден Стејт Вориорс, Стеф Кари, нема да учествува на НБА Ол-стар натпреварот, објави инсајдерот на „ClutchPoints“ Брет Сигел.

Триесет и седумгодишниот кошаркар ги пропушти последните четири натпревари на Вориорс во поради повреда.

Официјалната причина за неговото отсуство е синдромот на пателофеморална болка, кој обично се манифестира како оток и болка во капачето на коленото.

Според Сигел, Кари ќе се врати на теренот по паузата за „Ол-стар натпреварите“.

Претходно беше објавено дека плејмејкерот на Оклахома сити Тандер, Шеј Гилџус-Александар, истоа така нема да игра на „Ол-стар 2026“.


Џими Батлер успешно опериран

Ѕвездата на Голден Стејт, Џими Батлер, вчера беше успешно опериран на скинатиот преден вкрстен лигамент на десното колено во Лос Анџелес, објави НБА тимот.

Тој ќе го пропушти остатокот од тековната сезона а информациите за неговото закрепнување нема да бидат ажурирани до почетокот на наредната сезона. Батлер има една сезона и 56,8 милиони долари преостанати од неговиот тековен договор.

Генералниот менаџер, Мајк Данливи, изјави дека „не може да замисли“ да го продаде Батлер и очекува тој да се врати на терените.


Дарио Шариќ е слободен играч

Хрватскиот кошаркарски репрезентативец Дарио Шариќ наскоро може да има статус на слободен играч во НБА лигата откако се најде на листата отпуштени во Детроит Пистонс.

Во случај неговиот договор да не биде преземен во следните денови Шариќ (31 година) ќе биде слободен играч.

Хрватот за Сакраменто Кингс сезонава одигра пет натпревари.

Претходната сезона тој одигра и 16 натпревари за Денвер (четири како стартер), а потоа беше разменет за Јонас Валанчунас, потоа следуваше премин во Чикаго, а на крајот во Детроит, кој се откажа од неговите услуги.

Шариќ има одиграно 524 натпревари во НБА лигата и настапи за Филаделфија, Феникс, Минесота, Голден Стејт и Оклахома Сити. Во Евролигата настапуваше во Анадолу Ефес, a Хрватска во екипите на Зрињевац, Загреб и Цибона.

Екипите од Евролигата играчи можат да регистрираат нови играчи до 25.февруари и затоа враќање на Шариќ во екипа од Евролигата е реална опција.


ТФТ го освои Маџари и пак се врати на врвот

Екипата на ТФТ не му дозволи на Маџари да направи изненадување, па составот од Тафталиџе се радуваше на 14-тата победа.

Во натпревар од 15 коло, ТФТ како гостин го победи Маџари со 90-111.

Дејвис имаше 21 поени кај победникот, зад него беше Ташовски со 20 поени и 6 асистенции, додека пак 19 поени имаше Говенс. На другата страна Амстронг беше стрелец на 26 поени.

Со оваа победа ТФТ се врати на врвот на табелата со 29 бодови, еден повеќе од МЗТ Скопје, а три од Пелистер кој е трет. Маџари со 22 бода е на шестото место.


Леброн Џејмс се враќа во Кливленд?

Американските медиуми најавуваат вистинска бомба во врска со трејд и името на Леброн Џејмс.

Легендарниот кошаркар не само што не планира да се пензионира, туку го убедуваат да се врати во Кливленд, екипата и местото каде и започна неговата фантастична кариера.

Кливленд во 2003 година како прв пик на драфот го доби Леброн Џејмс, а тој во неговата 23-годишна кариера освои четири титули.

Во 2012 и 2013 го освојуваше трофејот со Мајами, па следуваше враќање во Кливленд и титула во 2016 година, а четвртиот трофеј го свои со ЛА Лејкерс во 2020 година.


Ивица Зубац си замина од Лос Анџелес Клиперс

Ивица Зубац и официјално се прости од Лос Анџелес Клиперс по трејдот што го однесе во Индијана Пејсерс.

Во рамки на размената, Зубац и Коби Браун заминаа во Индијана, додека Клиперс ги добија Бенедикт Матурин, Ајзеја Џексон и три пика на НБА драфтот.

По потврдувањето на трансферот, хрватскиот центар се огласи со емотивна порака на социјалните мрежи, во која им се заблагодари на клубот и навивачите за поддршката низ годините.


Чикаго е новиот клуб на Јабуселе

Францускиот кошаркар Гершон Јабуселе кариерата ќе ја продолжи во Чикаго Булс со што останува во НБА лигата.

Според американските медиуми Јабуселе го напушти Њујорк Никс во замена за Дилејн Тери.

Францускиот репрезентативец имаше мала минутажа кај тренерот Мајк Браун, а последните три натпревари воопшто и не ги играше.