кошарка

Баскет Кам и Крива Паланка ќе играат во финалето на женскиот кошаркарски Куп

Екипата на Крива Паланка е вториот финалист на 34. издание од женскиот кошаркарски Куп „Благоја Георгиевски-Буштур“, откако вечерва на завршниот турнир во Македонска Каменица триумфираше убедливо над Бадел1862 со 81-45.

За Крива Паланка ова е прво Куп финале во клупската историја до кое ја предводеа Робинсон со 26 и Алексовска со 17 поени.

Во екипата на Бадел 1862, Марија Николов постигна 14. поени, додавајќи по пет скокови и асистенции.

Противник на Крива Паланка во натпреварот за трофејот ќе биде Баскет кам, кој претходно денеска во првото полуфинале триумфираше над МЗТ Бела вода со 74-63.

Финалниот натпревар е закажан за в недела со почеток во 18 часот во Македонска Каменица.


Леброн Џејмс се враќа во Кливленд од следната сезона

Се поизвесно е дека Леброн Џејмс ја игра последната сезона во дресот на Лос Анџелес Лејкерс. Но, легендата на НБА лигата е можно да ја продолжи кариерата во екипата на Кливленд Кавалирс.

Според ЕСПН и Брајан Виндхорст во поткаст на „Кливленд радио“ изнесоа информации дека големи се шансите Леброн повторно да го облече дресот на Кливленд.

Сепак главен момент претставува намалување на неговата плата и играчот треба да се согласи на новите услови.

Леброн Џејмс има 41 година и е најдобриот стрелец во историјата на НБА лигата, а има настапувано во својата кариера за Кливленд, Мајами и ЛА Лејкерс.


Пелистер парично казнет по Купот на Македонија

КК Пелистер е санкциониран со високи казни од страна на Македонската кошаркарска Федерација за настаните во Куманово за време на Купот кој се одржа минатата недела.

Станува збор за четвртфиналениот меч со МКК Куманово, на кој имаше и инциденти на трибините а потоа и повлекување на тимот од Битола од теренот. Пелистер е казнет со 60.000 денари за самоволно напуштање на теренот и со 10.000 денари за јавните критики што битолчани ги упатија за судењето.

Тренерот Даскаловски е казнет со 9.600 денари за двете технички грешки а Марјан Илиевски, кој беше во својство на службен претставник е казнет со 3.200 денари.
Кошаркарот на Пелистер, Малешевиќ, е казнет со 20.000 денари откако бил пријавен од службени лица за своето однесување. Со иста казна е санкциониран Џастин од ТФТ, кој исто така бил пријавен од судиите по полуфиналето со МКК Куманово.


Заврши сезоната за Ирвинг, Далас во големи проблеми

LOS ANGELES, CA – FEBRUARY 8: Kyrie Irving #2 of the Dallas Mavericks dribbles the ball during the game against the LA Clippers on February 8, 2023 at Crypto.Com Arena in Los Angeles, California. NOTE TO USER: User expressly acknowledges and agrees that, by downloading and/or using this Photograph, user is consenting to the terms and conditions of the Getty Images License Agreement. Mandatory Copyright Notice: Copyright 2023 NBAE (Photo by Adam Pantozzi/NBAE via Getty Images)

Кошаркарот на Далас Маверикс, Кајри Ирвинг, нема да се врати на терените до крајот на актуелната сезона, откако клубот одлучи да не ризикува со неговото закрепнување по тешката повреда на коленото.

Според информациите на Шемс Чаранија, искусниот плејмејкер и натаму е во процес на рехабилитација по операцијата на предните вкрстени лигаменти на левото колено, на која беше подложен лани во март.

Ирвинг оваа сезона сè уште нема настап, а планот е да биде целосно подготвен за стартот на сезоната 2026/27.

„Суштината е Кајри да биде 1000% подготвен кога ќе се врати и да си даде најдобра шанса следната сезона да нападне шампионска титула“, изјави неговата агентка Шетелија Рајли Ирвинг.


Селекторот Берокал го објави списокот на кошаркари за февруарските претквалификации

Селекторот на машката сениорска репрезентација, Жозеп Мариа Берокал, го објави списокот на кошаркари на кои ќе смета за претстојните натпревари од вториот ФИБА „прозорец“ од претквалификациите за Евробаскет 2029.

За дуелите од претквалификациите, со селекциите на Луксембург (во Скопје) и Азербејџан (во Баку), новиот предводник на сениорскиот национален тим ќе смета на 16.кошаркари.

Репрезентацијата ќе тренира во Скопје, првиот официјален собир-тренинг е закажан за 23. февруари (понеделник), со почеток во 10. часот, во салата „Градски парк“ (ќе биде од затворен карактер).

Во овој февруарски ФИБА „прозорец“, кошаркарите ќе одиграат два натпревари, и тоа против соодветните национални селекции на Луксембург и Азербејџан.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ
27.февруари, 2026 – Скопје: Македонија – Луксембург
2.март, 2026 – Баку: Азербејџан – Македонија

СПИСОК НА ПОВИКАНИ КОШАРКАРИ ЗА ФЕВРУАРСКИОТ ФИБА „ПРОЗОРЕЦ“ 2026
Војдан Стојановски – МЗТ Скопје Аеродром
Андреј Магдевски – МЗТ Скопје Аеродром
Марин Петков – МЗТ Скопје Аеродром
Андреј Маслинко – МЗТ Скопје Аеродром
Стојан Ѓуроски – МКК Куманово
Виктор Ефремовски – Работнички
Андреј Митревски – Пелистер
Лука Стојановски – Пелистер
Теодор Симиќ – Кожув
Виктор Ташовски – ТФТ Скопје
Амар Хот – Маџари 2023
Адем Мекиќ – Бора, Косово
Ваљмир Какруки – Сигал Приштина, Косово
Лејсон Зеќири – Башкими, Косово
Андреј Јакимовски – Тренто, Италија
Итан Хап – Сан Пабло Бургос, Шпанија


Николо Мели сериозно повреден, Јасикевичиус во голем проблем

Кошаркарот на турскиот гигант Фенербахче, Николо Мели, доживеа незгодна повреда и ќе отсуствува од терените околу осум недели, објавија повеќе европски медиуми.

Според наводите, Мели заминал на операција на стопалото и веднаш ќе започне со процесот на рехабилитација.

Италијанецот сезонава во Евролигата бележи просек од 6,5 поени, 5,5 скокови и 1,6 асистенции по натпревар.

Фенербахче во моментов е лидер на табелата во Евролигата, со скор од 20 победи и седум порази, а во следното коло се соочува со белградски Партизан на домашен терен.


Андреас Обст oд Баерн се сели во Дубаи

Кошаркарскиот клуб Дубаи оваа сезона драстично се засили и дебитираше во Евролигата и планира следната година да биде сериозен фактор и да ја нападне шампионската титула.

Според информациите од специјализираниот шпански портал „Енцестандо“, прво засилување на Дубаи за следната сезона ќе биде одличниот шутер Андреас Обст од Баерн од Минхен.

Тој е долгогодишен член на германската репрезентација, кој ги освои Светското и Европското првенство со овој тим, а е и многу важен играч за Баерн.

Се смета за најдобриот „тројкаш“ во Евролигата, па затоа не изненадува што одлучи Дубаи да го ангажира.


Купот на Македонија во кошарка и во следните четири години во Куманово

Кошаркарската Федерација на Македонија во следните четири години го реши прашањето околу домаќинот на Купот на Македонија „Благоја Георгиевски – Буштур“. Градот Куманово го положи тестот за да биде организатор на ова големо и важно натпреварување.

Откако претходниот викенд успеа да приреди вистински празник на кошарката, успеа да ја добие организацијата за Купот на Македонија и во следните четири години.

Салата во Куманово полека станува спортски центар не само за кошарката, туку и за ракометот.

Спортската сала во Куманово летово беше промовирана откако беше целосно реновирана, прва репрезентација која настапи беше македонската кошаркарска репрезентација, веќе во март во оваа иста сала ќе играат и ракометарките.


Пејн по само еден месец заминува од Партизан

Камерон Пејн го напушта Партизан и кариерата ја продолжува во НБА, каде ќе го облече дресот на Филаделфија.

Српскиот клуб од трансферот ќе добие 1,75 милиони долари обештетување.

Американскиот плејмејкер пристигна во Белград кон крајот на декември и брзо стана важен дел од тимот, но поради повреда ги пропушти последните натпревари.

Заминувањето доаѓа во незгоден момент, откако Партизан претходно остана и без Дилан Осетковски поради суспензија.


Баскет кам се врати на лидерската позиција во кошаркарскиот шампионат

Резултатите реализирани во 13. коло од „Шпаркасе Лајф“ Првата лига му одат во прилог на тимот кој ја брани титулата – Баскет кам.

Составот од Македонска Каменица, славеше очекувана победа на гостувањето во Делчево.

Екипата со која го делеа првото место – Крива Паланка загуби на гостувањето кај Бадел 1862, а пораз запиша и Вардар на гостински терен во Кавадарци, каде подобра од нив беше екипата на Пробаскет

13. коло:
Бадел 1862 – Крива Паланка 66-52
Спорт тим – МЗТ Бела вода 59-75
Пробаскет – Вардар 83-78
Патриот 2016 – Баскет кам 66-86