feature

Маестралниот Каиседо ја покори Европа: Розениор тврди дека Еквадорецот е најдобриот во светот

Caicedo and Liam Rosenior hugging

Лиам Розениор не штедеше пофалби за Моисес Каиседо по тесната победа на Челси од 1-0 над Пафос, прогласувајќи го својот играч за најдобар дефанзивен играч во светот. Еквадорецот ја круниса својата доминантна партија со победнички гол, со што заслужено го понесе признанието „Играч на Натпреварот“ и уште еднаш потврди дека е незаменлив мотор во тимот на „Сините“.

Менаџерот на Челси го опиша 24-годишниот играч како „фудбалер кој е радост да се тренира“, потенцирајќи ја неговата неисцрпна енергија во двете насоки. Розениор го истакна неговиот неверојатен осет за читање на играта и блокирање на противничките додавања, што ги прави соиграчите околу него многу подобри. Според него, Каиседо е клучната фигура која му дава стабилност на целиот тим.

Бројките од 90-те минути поминати на теренот ја потврдуваат неговата апсолутна контрола: 105 допири со топката; 95,7% прецизност на додавањата (89 од 93 успешни); 15 додавања во последната третина од теренот; 100% реализација на долгите топки и ударите во рамки на гол.

Овие податоци сликаат портрет на фудбалер кој совршено ги комбинира дефанзивната цврстина со офанзивната прецизност.

Оваа партија само ги потврди претходните комплименти од стручњаци како Ензо Мареска, кои веќе го рангираа Каиседо во елитното друштво заедно со Родри. Со способноста истовремено да го штити одбранбениот ред и да креира напади, Каиседо дефинитивно стана „срцето“ на Челси и еден од најважните играчи во Премиер Лигата.


Собослаи и „Црвените“ ја освоија Франција: Ливерпул чекори кон топ 8

Szoboszlai and Liverpool teammates celebrating

Ливерпул оствари убедлива победа од 3:0 против Марсеј во групната фаза од Лигата на Шампионите. На „жешкиот“ терен на стадионот Велодром, избраниците на „Црвените“ направија голем чекор кон обезбедување место меѓу првите осум екипи во елитното натпреварување. Херој на вечерта беше Доминик Собослаи со луциден гол од слободен удар, а триумфот беше запечатен во второто полувреме.

Гостите од Англија уште од самиот почеток наметнаа висок ритам. Преку агресивниот пресинг на Рајан Гравенберх, Ливерпул брзо ја презеде контролата, а Салах често беше во центарот на вниманието, иако неговите додавања до Екитике во неколку наврати завршија во офсајд. Домашните навивачи со импресивна кореографија потсетија на нивниот историски успех над овој ривал од 2004 година, но на теренот сликата беше поинаква. Алисон Бекер со сигурни интервенции ги запре обидите на Гуири и Гринвуд, со што не дозволи Марсеј да дојде до предност.

Кога се чинеше дека првото полувреме ќе заврши без голови, Собослаи во судиското продолжение покажа зошто е мајстор за слободни. Унгарецот испрати лукав, низок удар под живиот ѕид кој заврши во мрежата на Херонимо Рули. Иако Мохамед Салах се врати во тимот, вечерта му припадна на Собослаи.

Во вториот дел, Ливерпул ја удвои предноста по продорот на Џереми Фримпонг. Неговиот пас несреќно се одби од Рули за 2:0, по што отпорот на Марсеј полека почна да згаснува, и покрај обидите на Тимоти Веа да внесе неизвесност. Конечниот резултат го постави резервистот Коди Гакпо во судиското продолжение, заокружувајќи ја втората победа со три постигнати гола за Ливерпул оваа сезона во Лигата на Шампионите. Со овие три бода, англискиот гигант се израмни со Реал Мадрид на табелата, двата тима со по 15 бода.


Улза Максути потпиша за Љуботен

Репрезентативката на Макеонија и една од нашите најдобри фудбалрки, Улза Максути се врати во редовите на Љуботен.

Максути во македонскиот фудбал се враќа по кратката епизода во албанскиот Грамаши, а неколку години наназад е најдобар стрелец во женското првенство.

Покрај Љуботен низ кариерата беше дел уште од Унје Кадин од Турција и струшкиот АС Јунајтед.

„Улза се врати да го довршиме тоа што заедно го почнавме во август! Победите во лигата на шампионите во август ќе ги зачиниме со победи до нова титула. За Улза не треба многу зборови, најдобар стрелец во македонското првенство неколку години наназад, вистинско засилување во нападот со кое се надеваме на многу погодоци!“, порачаа меѓудругото од Љуботен.


Сити ќе им ги врати парите на фановите кои ја следеа екипата во Норвешка

Фудбалерите на Манчестер сити одлучија да ги надоместат трошоците за билетите на сите навивачи кои патуваа на гостувањето кај Бодо/Глимт во рамки на Лигата на шампионите, натпревар на кој англискиот шампион претрпе пораз од 1-3.

Натпреварот го одбележа и исклучувањето на Родри, кој во второто полувреме доби два жолти картона за помалку од една минута. Поразот во Норвешка дојде само четири дена по неуспехот во градското дерби против Манчестер јунајтед на „Олд Трафорд“, со што Сити запиша само две победи на последните седум натпревари во сите натпреварувања.

На стадионот „Аспмира“ имаше 374 гостински навивачи, кои беа сведоци на едно од поголемите изненадувања во Лигата на шампионите во последните години. Поголемиот дел од навивачитте преку Осло до Бодо, а мечот го следеле на температури под нулата. За враќање на парите клубот ќе потроши вкупно 9.357 фунти.

„Нашите навивачи ни значат сè. Знаеме каква жртва поднесуваат кога патуваат низ целиот свет за да нè поддржат дома и на гости и никогаш нема да го земеме тоа здраво за готово. Тие се најдобрите навивачи на светот. Свесни сме и дека патувањето до Бодо беше долго и напорно, особено што нè поддржуваа на ладно време за време на тешка вечер за нас на теренот. Покривањето на трошоците за билетите е најмалку што можеме да направиме“, стои во соопштението од фудбалерите.


Ѓоковиќ лесно ја прескокна втората пречка во Мелбурн

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ рано утрово го победи Италијанецот Франческо Маестрели во второто коло на Австралија опен.

Мечот траеше 2 часа и 16 минути и заврши во три сета – 6-3, 6-2 и 6-2.

Ѓоковиќ сервираше пет аса, направи четири двојни грешки и реализираше шест од 16 брејк топки. Неговиот противник сервираше десет аса, направи четири двојни грешки и реализираше една од петте брејк топки.

Во третото коло, 38-годишниот Србин ќе се соочи со Ботик ван де Зандшулп од Холандија.

Вкупниот награден фонд на Грен слемот во Мелбурн изнесува 74,9 милиони долари.


Мурињо: Иако загубивме, бевме подобар ривал од Јуве

Тренерот на Бенфика, Жозе Мурињо, смета дека неговиот тим не го заслужи поразот (0-2) од Јувентус синоќа во 7. коло од Лигата на шампионите.

„Разликата помеѓу Јувентус и Бенфика е што тие постигнаа гол, а ние не. Во поголемиот дел од натпреварот, Бенфика беше подобра. Доминиравме во одредени периоди, но за жал, пропуштивме шанси. Игравме добро против многу силен противник, со малку опции и многу млади играчи на клупата. Тоа е фудбалот – мора да се прифати исходот“, изјави Мурињо по натпреварот во Торино.

Јувентус има 12 бода и е на 15. место на табелата. Бенфика е на 29. позиција со 6 бода.


Спалети: Понекогаш се сомневав дали ќе успеам во Јуве

Тренерот на фудбалерите на Јувентус, Лучијано Спалети, вели дека неговиот тим заслужено славеше против Бенфика со 2-0 со што си обезбеди место во плејофот од Лигата на шампионите. Италијанците имаат шанса за пласман меѓу првите 8 и директно да одат во осминафиналето.

„Понекогаш се сомневав дали ќе успееме, но едноставно таков сум. Имавме некои тешкотии во почетокот на второто полувреме а потоа се вративме на нашиот фудбал.

Нашиот радар треба секогаш да биде вклучен но, понекогаш ја губевме топката затоа што имавме непрецизни додавања“, додаде специјалистот.


Нотингем Форест се вклучи во трката за Цимикас

Фудбалерот на Рома, Костас Цимикас, може да ја напушти Италија и да се врати во Англија во екипата на Нотингем Форест, наведуваат дел од медиумите на „Чизмата“.

Се очекува грчкиот дефанзивец да го заврши престојот на Олимпико бидејќи истекува неговиот рок како позајмен од Ливерпул.

Цимикас се поврзува со голем број клубови но, Нотингем бил конкретен со понудата да го ангажира како позајмен играч а потоа да му го откупи договорот.


Барса му понуди нов договор на ветеранот Левандовски

Барселона е подготвена да го задржи Роберт Левандовски уште една година откако управата на овој клуб одлучи да му го продолжи договорот на Левандовски.

Понудата содржи и неколку услови, Левандовски треба да прифати да биде втора опција во нападот, што значи помалку минути на теренот и да се согласи на намалување на платата од најмалку 50 проценти.

Левандовски во моментов иам најголема плата во тимот, па според неговата улога во новата сезона, клубот очекува тој да се согласи на значително намалување на платата.

Левандовски пристигна во Барселона во летото 2022 година за 45.000.000 евра од Баерн Минхен. Освои две титули во Ла Лига, Купот на Кралот и два Суперкупа.


ТФТ по продолженија ја „скрши“ Слобода Дита

Македонскиот кошаркарски вицепрвак ТФТ оствари важна победа во регионалната кошаркарска АБА2 лига. Во натпревар од 6.коло ТФТ по продолжение ја совлада екипата на Слобода Дита Тузла со 96-91.

Македонскиот тим одигра одлично прво полувреме. На паузата ТФТ имаше двоцифрена предност (53-43), но гостите се вратија во третиот период и ја направија завршницата неизвесна.

Во последните минути од регуларниот дел ТФТ имаше мала предност, но со серија грешки на двата тима резултатот се израмни на 81-81, па мечот мораше да се решава во дополнителни пет минути.

Во продолжението скопјани успеаја да се одлепат. Слобода не успеа да одговори со ист интензитет и дозволи нови поени во својот кош, што значеше дека ТФТ го направи финалниот исчекор кон победата.

Најдобар стрелец кај македонскиот претставник беше Џастин Гордон со 20 поени, а по 18 постигнаа Дејвис и Виктор Ташовски.

За Слобода најрасположен беше искусниот Владимир Томашевиќ со 26 поени. Со оваа победа ТФТ ја зацврсти својата позиција во лигата.