feature

Европскиот првак Фенербахче должи неверојатни 588 милиони евра!

Алармантен долг на еден од најголемите спортски колективи во Турција, гигантот Фенербахче од 588 милиони евра!

Според извештајот на Јагиз Сабунчонглу, вкупниот долг на Фенербахче достигна 588 милиони евра заклучно со септември 2025 година.

Оваа бројка го вклучува целиот клуб, вклучувајќи ги сите спортски оддели, објекти и операции, а не само кошаркарскиот тим.

Во моментов, кошаркарскиот тим на Фенербахче има скор од 3-3 по шест кола од Евролигата.

Минатата сезона, Фенербахче ја освои Евролигата, победувајќи го Монако со 81-70 во финалето.


Манасков одби да се врати во репрезентацијата на Македонија

Ракометарот на Еурофарм Пелистер, Дејан Манасков објави дека во моментов нема простор за негово враќање во дресот на македонската репрезентација.

Во објавата на социјалната мрежа Фејсбук даде изјава:

„Почитувани, Би сакал да ја информирам цела македонска јавност и сите медиуми дека во моментов, за доброто на националниот тим, нема да настапувам за македонската ракометна репрезентација. Ќе бидам искрен и краток во моето обраќање и објаснување на одлуката. Во изминатите единаесет години, колку што настапував за македонската селекција, секогаш со чест и гордост го носев светиот дрес.

Се борев и настапував секогаш со цело срце. Моите односи со селекторот Кирил Лазаров се нарушени и не гледам простор во моментов истите да се подобрат. Последните две години неправедно бев неповикуван.

После сè што дадов, чувствувам дека Македонија премногу лесно се откажа од мене. Тоа премногу ме погоди и после долго размислување ја донесов оваа одлука. Им посакувам многу среќа и успех на репрезентативците во следниов период. Дотогаш ќе бидам ваш најголем навивач и поддржувач. До некое следно видување Македонијо!“, напиша Дејан Манасков.

Инаку, спортската јавност очекуваше враќање на Манасков во репрезентацијата пред сè поради одличните игри и формата во која се наоѓа.

Македонската репрезентација во рамките на неделата на ЕХФ ќе се подготвува во Скопје, а ќе одигра и два натпревара со Јапонија.


Мајкл Мелоун најави враќање на тренерската работа

Apr 1, 2025; Denver, Colorado, USA; Denver Nuggets head coach Michael Malone in the second quarter against the Minnesota Timberwolves at Ball Arena. Mandatory Credit: Isaiah J. Downing-Imagn Images

Мајкл Мелоун, поранешниот долгогодишен тренер на Денвер, изјави дека е желен да се врати на тренерската работа во НБА откако помина една деценија на клупата во Колорадо. Малоун, кој беше отпуштен од Денвер во април, сега работи за ESPN.

„Дефинитивно не сум завршил со тренерската работа. Тренерството ми е во крвта. Возбуден сум што ќе се вратам и повторно ќе тренирам други“, рече Мелоун.

За време на неговиот престој во Денвер, тој постигна рекорд од 510 победи и 394 порази.


Модриќ: Испуштивме два значајни бода против Пиза

Капитенот на Милан, Лука Модриќ, го коментираше вчерашното ремито со Пиза во натпревар од италијанската Серија А. Росонерите стигнаа до бод со гол во продолжението.

„Вината што не победивме е целосно наша. Загубивме два важни бода. Разочарани сме и лути затоа што пропуштивме одлична можност. Ние ги сменивме нашите позиции за да ги збуниме. Во поголемиот дел од натпреварот тоа функционираше но, мора да играме подобро“, нагласи хрватскиот ветеран.


Борнмут бара луди 75 милиони евра за Антоан Семењо

Раководството на фудбалскиот состав Борнмаут постави цена од 75 милиони фунти за ѕвездата на тимот, Антоан Семењо.

Според последните информации за неговиот потпис се заинтересирани Ливерпул, Челзи и Баерн Минхен.

25-годишниот фудбалер во тековнава сезона има 6 гола и 3 асистенции на 9 натпревари во сите конкуренции.


Гарабаја целосно го изротира тимот, Еурофарм Пелистер лесно го надигра Радовиш

Еурофарм Пелистер нема негативни последици од дерби поразот од Вардар во домашното првенство, а доказ за тоа е и четвртата победа во низа остварена во Суперлигата. По напорот кој го имаа играчите против Магдебург, Гарабаја реши да комбинира и да им даде одмор на голем дел од стартерите, но дури и со таков распоред на силите, македонскиот првак беше пресилен за Радовиш.

Комбинираниот и подмладен состав беше гладен за победа и истата ја обезбеди уште во првото полувреме, додека во второто само го дотолчи противникот. Еурофарм Пелистер играше без Митревски, Пешевски, Хосни Кузмановски, Манасков и други важни првотимци, но и покрај тоа, на крајот славеше со 47-27.

Во отсуство на стартерите, свое шоу имаше Алем Хаџиќ со 11 постигнати голови, додека втор стрелец беше Хакбарт со осум реализации.

Пелистерци имаат седум победи во девет натпревари и се максимални на домашен терен.


Младите пелистерци немаа сили за изненадување во Автокомандa

Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 немаа сили за изненадување и убедливо загубија од Алкалоид Ракомет со 37-25 (20-11).

Избраниците на Кирил Лазаров стекнаа предност уште на самото отварање на натпреварот, а и покрај обидот на гостите од Битола да останат во игра, серијата од 6-0 од 15. до 22. минута ги реши дилемите за победник. Алкалоид на полувремето замина со предност од 20-11, а веќе на отварањето на вториот дел од средбата поведе и двоцифрено и не остави никаква надеж за Еурофарм Пелистер 2.

Серафимов со осум голови го предводеше Алкалод. Него го следеше Костески со седум голови, додека најрасположен кај беше Митревски со седум голови. Петар Марковски додаде шест голови.

Екипата на Александар Зарков останува без одговор во дуелот со четирите најдобри екипи во лигата.


ИН МЕМОРИАМ: Почина битолсклата кошаркарска легенда Зоран Петковски

Кошаркарска Битола денес остана занемена по веста дека остана без Зоран Петковски, еден од синонимите на спортот со портокаловата топка во „градот на конзулите“.

Македонската кошарка остана без уште еден свој член, некогаш дел и од младинските репрезентации на нашата држава. во генерацијата предводена од Митко Луковски.

Во својата богата играчка кариера, долга скоро дваесетина години, која почна во 1995 година, каде, ако не во Битола, играше и за екипите на Куманово, Вардар, МЗТ Скопје, Соколи, повторно Пелистер, Радовиш, Хераклеа….

Петковски ќе биде вечно во меморијата на кошаркарските вљубеници, особено, во кошаркарскиот клуб Пелистер со кој обезбеди промоција во Првата македонска лига, а подоцна беше и дел од раководството на клубот од неговата Битола.


Слот застана во одбрана на Салах по лавината критики за Египќанецот

Мохамед Салах минува низ еден од послабите периоди од својата кариера во Ливерпул што доведе до критики за неговите настапи. И покрај тоа на „Енфилд“ нема место за загриженост.

Египќанинот не е на вообичаеното ниво, но Арне Слот стои цврсто зад својот најголем офанзивен адут и верува дека многу бргу ќе се врати во препознатливото издание. Тренерот на Ливерпул потсети дека Салах премногу пати досега ги решил двоумењата со голови.

„Не сум загрижен, затоа што не смееме да заборавиме дека Салах отсекогаш давал голови за нашиот клуб. Последното за што треба да се грижиме се неговите голови, бидејќи тоа го прави цел живот и сигурен сум дека повторно ќе почне да погодува. Играчите промашуваат шанси, и тој е човечко суштество, такви работи се случуваат“, изјави Слот.

Ливерпул неодамна беше во резултатска криза со четири порази во Премиер лигата и Лигата на шампионите. Тимот ја прекина лошата серија на вистински начин со убедлива победа од 1:5 на гостувањето кај Ајнтрахт Франкфурт што донесе потребна доза самодоверба пред новите предизвици.


Јаго Аспас испиша нова историја на Селта

Со настапот во дуелот против Ница (2-1) во рамки на третото коло во Лига Европа, шпанскиот напаѓач Јаго Аспас стана фудбалерот со најмногу настапи во историјата на Селта Виго.

Во својот рекорден 534 настап за Селта, 38-годишниот Аспас го постигна и својот 217 гол во дресот на клубот од Виго и е убедливо најдобриот стрелец во клупската историја.

По натпреварот, Селта одржа посебна церемонија за новиот рекордер.

„Никогаш не сонував дека ќе бидам тука, дури ни во моите најлуди соништа. Во клубот се чувствувам како дома и всушност поминувам повеќе време на тренинг отколку во сопствената куќа. Иако ова може да изгледа како збогум, сè уште не сум завршил“, рече Аспас, кој заедно со сопругата и трите деца го гледаше шоуто со дронови организирано во негова чест.

Аспас дебитираше за Селта во 2007 година во второлигашка конкуренција, останувајќи во клубот до 2013 година, кога се пресели во Ливерпул. Се врати во Селта во јуни 2015 година. За шпанската репрезентација одигра 20 натпревари, постигнувајќи шест голови.