feature

Двојна победа на Алексовски во Подгорица

Младиот македонски тенисер Марко Алексовски уште еден турнир во младинска конкуренција го заврши со два пехара. Тој на турнирот за играчи до 16 години „Подгорица Универзал Капитал Куп“ триумфираше во двете конкуренции (сингл и двојки). На овој начин Алексовски ја потврди и фаворитската улога прв носител во сингл.

Марко во финалето во поединечна конкуренција го совлада со 2-0 во сетови (6-4, 6-1) вториот носител Оливер Крупа од Полска. Сепак најтежок ривал му беше Србинот Лука Костиќ во полуфиналето. Тој против четвртиот носител Костиќ одигра три сета и со пресврт стигна до победата добивајќи ги двата тај брејка 2-1 (2-6, 7-6, 7-6). Во првите две рунди ги совлада Брендон Хас од Австралија 2-0 (4-1, 4-0) и четвртфинале Петар Станковиќ (Црна Гора) 2-0 (4-1, 4-1).

Во конкуренција на двојки Алексовски турнирот го заврши како победник заедно со Русинот Сергеј Артемев. Тие не одиграа финален меч бидејќи противниците (Јон Бунткер (Германија) – Вукашин Павловиќ (Србија) поради повреда го предадоа мечот. Но, во полуфиналето успеаја да ги совладаат првите носители Костиќ и Крупа со 2-0 во сетови (5-, 4-1).


Елшник го продолжи договорот со Црвена Звезда

Црвена Звезда ја информираше јавноста дека словенечкиот репрезентативец Тими Макс Елшник го продолжи договорот со клубот до 2028 година.

Дефанзивецот веднаш по потпишувањето на новиот договор ги сподели своите први импресии.

„Пресреќен сум што ќе бидам дел од Црвена звезда и во наредниот период, се надевам дека ме очекува уште многу победи и титули. Благодарен сум на луѓето во клубот кои ми укажаа доверба и ми понудија нов договор. Во Звезда се чувствувам како дома, моето семејство е среќно, се надевам дека така ќе биде и во иднина“, изјави Тими Макс Елшник.

Елшник пристигна на Маракана во летниот преоден рок во 2024 година. Од тогаш има одиграно 69 натпревари и постигнато осум голови. Со Црвена Звезда веќе успеа да ги освои шампионската титула и Купот на Србија. Сега следи нов предизвик, а клубот верува дека Елшник ќе продолжи да биде важен дел од тимот во напорите да се испишат нови успеси.


Карвахал пак се повреди, се враќа дури догодина

Еден ден по Ел Класико стигнаа лоши вести за Реал Мадрид, а особено за капитенот Дани Карвахал. По направените детални прегледи е утврдено присуство на парче коска во зглобот на неговото десно колено, што наложува оперативен зафат.

Шпанските медиуми пренесуваат дека опоравувањето ќе трае меѓу два и три месеци, што значи дека Карвахал нема да настапи до крајот на календарската година. Дополнителен проблем за Чаби Алонсо претставува фактот што искусниот десен бек штотуку се врати по паузата од пет натпревари поради повреда на мускулот и неговиот настап против Барселона беше прв по еден месец.

Сега улогата на десната страна од одбраната ќе треба да ја преземе Трент Александер Арнолд, кој и самиот се уште ја бара својата најдобра форма по периодот надвор од терените.


Атлетико суверено го доби Бетис и го продолжи позитивниот момент

Фудбалерите на Атлетико Мадрид се радуваа на нов значаен триумф во шпанската Ла Лига. Тимот на Диего Симеоне го реши незгодното гостување кај Бетис на „Бенито Виљамарин“ со сигурни 0-2 во рамките на десеттото коло.

Мадриѓаните отворија рано. Веќе во третата минута по изведен корнер, топката заврши кај Џулиано Симеоне кој со прецизен волеј ја затресе мрежата за водство од 0-1. Продолжи притисокот на Атлетико, а Хулиан Алварез имаше одлична можност за зголемување на резултатот, но без ефект.

Точно пред крајот на првото полувреме гостите повторно зададоа удар. Во 46 минута по асистенција на Алварез, Алекс Баена стрелаше сигурно и ја удвои предноста на својата екипа. Бетис потоа ја презеде иницијативата и се обиде да се врати во мечот, но обидите на Езалзули и Ло Селсо останаа без реализација.

Атлетико по десет одиграни натпревари има 19 бодови и се наоѓа на четвртата позиција на табелата. Бетис останува на шестото место со 16 освоени бодови.


Лазаров го повика Кизиќ наместо повредениот Митревски

Македонската ракометна репрезентација денеска имаше собир и ги почнува подготовките во пресрет на двомечот со Јапонија. Селекторот Кирил Лазаров во рамките на ЕХФ недела ќе работи со репрезентацијата, а дуелите со Јапонија треба да бидат воигрување пред настапите на нашиот национален тим на Европското првенство што ќе се одржи во јануари 2026.

По објавувањето на списокот на играчи левото крило Дејан Манасков преку социјалната мрежа Фејсбук го одби повикот со тоа што истакна дека има „нарушени односи со селекторот“.

На денешниот собир селекторот Лазаров изјави:

„Дејан Манасков игра во одлична форма, ова се однесува пред сè на последните два месеца и поради тоа доби повик. Тој го одби повикот да игра за Македонија и немам што да кажам. Моја обврска е да ги повикам оние кои играат во најдобра форма. Го направив тоа, го повикав и мислев дека ќе бидеме поквалитетни со него на крилната позиција. Манасков во последно време покажува врвна светска и европска класа, но одиме напред“.

Манасков последен пат за репрезентацијата играше 2023 година на СП. По отказот на Манасков повик доби неговиот клупски колега од Еурофарм Пелистер Петар Атанасијевиќ.

Поради повреда од подготовките ќе отсуствува голманот Никола Митревски, а на негово место дополнително е повика Марко Кизиќ.


Скок од 12 позиции за Лина Ѓорческа на ВТА листата

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа со новите 14 бодови направи скок на ВТА ранг-листата и со вкупно 358 бодови се наоѓа на 201.то место. Таа претходната недела играше во второто коло на ВТА Тур турнирот во Роверето, Италија. Тоа беше втор настап во втората рунда на турнири од тоа ниво (ВТА Тур).

Магдалена Стоилковска се наоѓа на 1.445.то место со 4 бодови.

Кај мажите Калин Ивановски е рангиран на 804.то место на АТП ранг-листата, но тој поради повреда не настапува и се очекува негово враќање на терените на почетокот на новата сезона.


Алиоски се повреди за Лугано, ќе го скокне мечот со Велс

04.02.2017; Basel; Fussball Super League – FC Basel – FC Lugano; Ezgjan Alioski (Lugano) (Steffen Schmidt/freshfocus)

Според информациите од швајцарските медиуми македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски доживеал сериозна повреда. Тој има повреда на левата фибула односно потешка фрактура, која најверојатно ќе го оддалечи неколку месеци од терените.

Алиоски се здобил со повреда на дуелот меѓу неговиот тим Лугано и Сервет и по 20-тина минути го напуштил теренот. Се очекува паузата односно отсуството да биде меѓу 2-3 месеци.

Во секој случај ова не се убави вести за селекторот на македонската репрезентација Благоја Милевски, бидејќи националниот тим во ноември го очекува клучниот дуел од квалификациите за Светското првенство против Велс во Кардиф.

Македонската репрезентација има шанси за второто место во групата и со тоа по вторпат да играме бараж за пласман на Светското првенство.


Инфантино најави почеток на Азија Купот

Првиот човек на светскиот фудбал, Џани Инфантино најави формирање на ново репрезентативно натпреварување, Азија Куп.

Станува збор за турнир на кој ќе учествуват земји од југоисточна Азија и ќе се формирал во соработка со ФИФА и Здружението на земји од овој дел на Азија со цел за развивање на фудбалот во целиот регион.

Турнирот ќе ги вклучува сите 11 земји од југоисточна Азија (Филипини, Сингапур, Тајланд, Камбоџа, Лаос, Малезија, Виетнам, Брунеј, Индонезија, Мјанмар и Источен Тимор), кои имаат вкупно население од околу 700 милиони луѓе.

„Фудбалот го обединува светот и заедно со сите 11 земји го формиравме ФИФА Азија Куп Турнирот ќе помогне во подобрувањето на националниот фудбал во целиот регион“, порача претседателот на ФИФА, Џани Инфантино.


Де Брујне се враќа на терените дури во 2026 година

Победата на Наполи над Интер од 3-1 во саботата во дербито на Серија А беше засенета од новата повреда на Кевин де Брујне.

Белгиецот го постигна првиот гол од пенал и ведбаш се фати за мускулот. Побара замена и со помош на медицинскиот тим го напушти теренот. Во вториот дел се врати кај соиграчите на клупата за резерви, се движеше со помош на патерици.

Според италијанските медиуми, во клубот постои страв дека може да станува збор за сериозен проблем со мускулот.

Иако Де Брујне изгледаше смирен по натпреварот, медицинскиот тим на Наполи не сака да ризикува со оглед на неговата неодамнешна историја на повреди.

Се очекува белгискиот играч од средниот ред да помине детални медицински прегледи кои ќе ја утврдат сериозноста на повредата, а прелиминарните проценки покажуваат дека може да станува збор за повреда од висок степен, која би го оставила надвор од игра неколку недели, па дури и подолго, бидејќи се зборува за пауза до крајот на календарската 2025 година.

Евентуалното отсуство на Де Брујне би било голем удар за тимот на Конте, кој го врати моментумот во трката за Скудетото во последните неколку кола.


Калатес пред потпис со Партизан

Партизан реши еден од двата горливи проблеми, недостатокот на центар е решен со ангажман на високиот кошаркар на Реал мадрид, Бруно Фернандо. Сега црвно белите од Белград се во потрага по плејмејкер кој ќе го надополни отсуството на повредениот Карлик Џонс.

Според „Меридијан Спорт“, Партизан веќе е во преговори со еден од најискусните кошаркари на Евролигата – Гркот, Ник Калатес.

Искусниот плеј според последните информации уште викендов ќе го потпишеше договорот со Партизан што во моментов пречка за реализација на трансферот е неговиот актуелен договор со Монако и платата од 1,5 милиони евра по сезона. Партизан сега сака да се договори со Монако за исплата на половина од платата на Калатес кој сезонава се уште не одиграл ниту секунда во Евролигата.

Жељко Обрадовиќ и Ник Калатес заедно ја освоија титулата во Евролигата во 2011 година со Панатинаикос, Гркот двапати беше дел од идеалната петорка на Евролигата, четири пати најдобар асистент на елитното европско натпреварување…

Поради овие причини, се верува дека и тој би можел да им помогне на црно-белите.