feature

Kejн отпочна преговори со ПСЖ

ПСЖ го одреди Хари Кејн како примарна трансфер цел ова лето и веќе почна да работи на трансферот.

Ѕвездата на „Спарси“ одби да го продолжи договорот и на лето најверојатно ќе ја промени средината бидејќи влегува во последната година од договорот.

Интерес за Англичанецот покажува Манчестер Јунајтед, но сега во трката за неговиот потпис се приклучи и ПСЖ. Спортскиот директор на „светците“ Луис Кампос веќе имал состанок со претставниците на напаѓачот, пренесува „Паризиен“.

Тотенхем за неговата слобода бара 110 милиони евра, а ПСЖ е спремен да ја плати таа сума и да го направи Кејн наскапиот англиски фудбалер во историјата.


Азар одбива да си замине од Мадрид ова лето

Реал Мадрид сака ова лето да се ослободи од Еден Азар, но Белгиецот категорично одбива да го напушти клубот, пренесува „Марка“.

Белгиецот не е во плановите на Карло Анчелоти и во интерес на сите е да си замине, бидејќи се покажа како најголемо промашување во историјата.

Меѓутоа, фудбалерот нема немера да замине од Мадрид и планира во целост да го одработи договорот со трајност од јуни 2024. Неодамна пристигнала понуда за него од Монтреал Инпакт, но Азар категорично ја одбил и му потврдил на клубот дека сака да остане.

Реал му понудил и слободен раскин на договорот, но Белгиецот сака да остане бидејќи е еден од најплатените фудбалери во тимот.


Одегард добива нов договор на „Емирати“

Арсенал сака да го обнови договорот со еден од главните мотори во тимот на Микел Артета – Мартин Одегард. Актуелниот договор на Норвежанецот истекува за две години, но според медиумите во Лондон, клубот планира да го продолжи договорот за дополнителни 12 месеци – до летото 2026 година.

Планот на управата на Арсенал е повторно ангажирање на играчите од јадрото на овој состав, што ќе го донесе потребниот душевен мир дека Арсенал ќе има борбен тим во наредните години. Многу брзо нови договори ќе парафираат Букајо Сака и Арон Рамсдејл, кои веќе ги договориле условите. Клубот преговара и со Вилијам Салиба. Габриел Мартинели и Габриел Магаланес веќе се обврзаа со клубот долгорочно во текот на сезонава.

Одегард од почетокот на оваа сезона постигна 15 гола и имаше седум асистенции. Во последните денови се шпекулира дека интерес за него покажуваат Баерн и Пари Сен Жермен.


Барса спрема супер-трансфер: Го сака Кимих од Баерн

Играчот од средниот ред на Баерн, Џошуа Кимих може да ја продолжи кариерата во шпанското првенство. Барселона е заинтересирана за неговите услуги, информира „Мундо Депортиво“.

Според изворот, самиот играч е расположен за преселба во Шпанија, бидејќи ситуацијата во Баерн Минхен сега не е најдобра – соблекувалната е поделена на неколку „табори“, а играта на тимот е далеку од посакувана.

Барселона веќе почна да презема активности за потпис на Кимих, но тоа нема да биде лесно, бидејќи каталонскиот клуб има одредени финансиски проблеми. Сепак, токму во Кимих раководството на Барселона гледа замена за Серхио Бускетс, кој ќе го напушти тимот на крајот од сезоната.


Кројф заминува од позицијата спортски директор на Барселона

Спортскиот директор на фудбалскиот клуб Барселона, Жорди Кројф, на крајот од сезоната ќе го напушти новиот шампион на Ла Лига.

49-годишниот Холанѓанец кој е син на легендарниот играч на Барселона, Јохан Кројф, функцијата спортски директор ја обавува од 2021 година кога пристигна од кинескиот клуб Шензен.

Заминувањето на Кројф од Барселона следува после напуштањето на фунцијата директор на фудбал и на Матеу Алемани, кој се очекува својата работа да ја продолжи во премиерлигашот Астон Вила.

Одлуката за необновување на договорот со Барселона Кројф му ја соопштил лично на претседателот Лапорта, на кого му изразил благодарност за двегодишната соработка.


Шаќири останува најплатен играч во американската МЛС лига

Здружението на фудбалери од американската МСЛ лига објави дека играчот на Чикаго Фајр, Џердан Шаќири, и понатаму е најплатениот играч во таа лига.

Шаќири во Чикаго пристигна на почетокот од сезоната 2022 и има основна плата од 7,35 милиони долари, а вкупно добива 8.153.000 долари. На второ место по висина на платата е напаѓачот на Торонто, Лоренцо Инсиње со 7,5 милиони долари, додека трет е Хавиер Ернандез од ЛА Галакси со 7,4 милиони долари.

Според податоците на здружението на фудбалери, Торонто е клубот со највисок платен список кој издвојува 25,7 милиони долари.


Атлетик: Реал планира потпис со Халанд

Британскиот спортски портал Атлетик, пренесува дека напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, наредната година би можел да потпише договор со Реал Мадрид.

22-годишниот Норвежанец минатата година за обештетување од 60 милиони евра пристигна во Манчестер Сити од редовите на бундеслигашот Борусија Дортмунд.

Порталот Атлетик истакнува дека Халанд и понатаму сам одлучува за својата иднина во Манчестер Сити, и дека неговата клаузула за напуштање на Реал наредната година изнесува 200 милиони евра. Не се исклучува можноста Халанд да го облече „кралскиот дрес“ кој е голема желба и на неговиот татко Алфи Халанд кој неодамна изјави дека е импресиониран од шпанскиот клуб.


Бонучи објави дека ќе игра само уште една сезона, па ќе замине во пензија

Дефанзивецот на Јувентус, Леонардо Бонучи објави дека ќе стави крај на својата кариера на крајот од следната сезона. 36-годишниот фудбалер зборуваше на каналот на „Бјанконерите“ по повод 500-от настап во тимот на „Старата дама“ и токму тогаш ја објави веста. 

„Кога ќе се повлечам од фудбалот на крајот на следната сезона, ќе дојде крајот на ерата на одбранбен стил на игра. Прашање на гордост е да се биде меѓу најголемите. Се надевам дека многу идни дефанзивци ќе не гледаат како луѓе кои ќе бидат нивните идоли“, рече Бонучи.


Шеикот од Катар не се откажува од купување на Манчестер Јунајтед

Како што пренесуваат англиските медиуми, синот на поранешниот катарски премиер, шеикот Јасим Бин Хамад Ал Тани, поднел нова подобрена понуда во обидот за купување на фудбалскиот клуб Манчестер Јунајтед.

Според информациите кои се појавија во медиумите, новата и подобрена понуда на шеикот Јасим упатена до актуелните сопственици на Јунајтед, семејството Глејзер изнесува 5,5 милијарди фунти. По се изгледа дека ова ќе биде последна понуда која ќе ја испрати шеикот од Катар.

Главен ривал на шеикот во обидот за купување на Манчестер Јунајтед е Англичанецот Џим Ратклиф кој важи за најбогат човек на островот.

Во моментот јавноста за нов сопственик го преферира шеикот Ал Тани од Катар, меѓутоа конечната одлука сепак ќе ја донесе семејтвото Глејзер.


Од Челзи си ја признаваат грешката: Тухел не требаше да добие отказ

Челзи жали поради одлуката да го отпушти германскиот стручњак Томас Тухел.

Според „Дејли мејл“, новите сопственици на клубот не сакале да продолжат да соработуваат со Тухел, но во моментов од Челзи знаат дека залудно го отпуштиле. Лондонскиот клуб смета дека требало да го остават Тухел на нивната клупа до крајот на сезоната, па дури потоа да бара замена за него.

По заминувањето на Тухел, Челзи го презеде Греам Потер. Работеше со тимот седум месеци и доби отказ. Тренер на „сините“ во моментов е  Френк Лампард кој ќе остане до крајот на сезоната 2022/23. По 36. коло во англиската Премиер лига, Челзи се наоѓа на 11. Позиција  на табелата. Тимот има освоено 43 поени од 35 натпревари.