feature

Барса во јануари пак го става Де Јонг на продажба

Барса во јануари пак го става Де Јонг на продажба

Барселона во текот на целото лето се обидуваше да го продаде Френки Де Јонг, но без успех, па Холанѓанецот остана на „Камп Ноу“.

Барселона се договори со Манчестер Јунајтед за трансфер вреден 85 милиони евра за 25-годишниот фудблер од средниот ред, но тој одби да разговара за трансфер.

Потоа интерес за него покажаа и Челзи и Баерн Минхен, а Барса од него побара да замине или да прифати намалување на патата.

За Барселона најголем проблем е високата плата, бидејќи Де Јонг оваа сезона треба да добие 18 милиони евра, заедно со заостанатите бонуси од минатите сезони. Поради тоа Барселона повторно ќе се обиде да го продаде во зимскиот преоден рок, а неколку европски гиганти се заинтересирани за Де Јонг.

Наводно и самиот Холанѓанец сега е решен да ја промени средината бидејќи е разочаран од односот на клубот кон него и малата минутажа.


Тухел заинтересиран за селекторското место во Англија

Британскиот весник Телеграф пренесува дека германскиот тренер Томас Тухел бил заинтересиран за водење на англиската фудбалска репрезентација.

Тухел пред еден месец заработи отказ во премиерлигашот Челзи каде освои вкупно три трофеи меѓу кои и оној во Лигата на шампиони.

Актуелниот селектор на Англија Гарет Саутгејт има договор за водење на репрезентацијата до јуни 2024.година, но неговата позиција со сигурност ќе зависи од пласманот на „гордиот албион“ на СП во Катар, каде Англија е во група со САД, Иран и Велс.


ПСЖ пријави огромна финансиска загуба и оваа година

ПСЖ загубил повеќе од 300 милиони евра во последната финансиска година, објави венсикот „Ле Паризиен“.

Ова е трета последователна сезона, како парижани се во минус и губат повеќе од 100 милиони евра. За сезоната 2019/20 загубите изнесуваа 124 милиони евра, за сезоната 2020/21 – 224 милиони евра, а за сезоната 2021/22 – речиси 350 милиони евра.

Според проценките, најголемиот дел од загубите се поради влијанието на коронавирусот, но и поради намалување на приходите од продажба на билети, како и од се поголемите плати во тимот.


Реал подготвен да го раскине договорот со Азар

Реал Мадрид издвои големо богатство за Еден Азар, но Белгиецот никогаш не ги оправда очекувањата на „Камп Ноу“.

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез е подготвен да го раскине договорот со 31-годишниот Белгиец за да го олесни буџетот за плати, пренесува „Ел Национал“.

Раководството на „кралевите“ донело ваква одлука поради односот на Азар кон тренажниот процес и поради фактот што ретко добива шанса кај Анчелоти.


Швајцарецот Закарија експресно се враќа во Јуве?

Челзи ќе се обиде да ја прекине позајмицата на Денис Закарија уште во јануари.

25-годишниот играч за врска пристигна на „Стенфорд Бриџ“ од Јувентус во последните денови од преодниот рок. Закарија до сега не одигра ниту една минута за „сините“, па клубот сака да ја прекине позајмицата во јануари.

Јасно е дека за него во Јувентус нема место во моментов, па ќе може да се пресели во друг клуб, но само доколку не запише настап за Челзи.


Канте повторно се повреди и можно е да го пропушти Мундијалот во Катар

Играчот на Челзи Н`Голо Канте повторно е надвор од тимот поради повреда, и според весникот „Лекип“, тој би можел да го пропушти учеството на Светското фудбалско првенство во Катар.

Повредата на Канте не била наивна и тој ќе мора да паузира неколку недели, па прашање е дали селекторот на Франција Дидие Дешамп ќе го вклучи играчот во тимот кој ќе настапи во Катар.

Канте долг период е еден од клучните фудбалери во репрезентацијата на Франција која е актуелен светски првак.


Хенеберг од Данска е ново ракометно засилување за Еурофарм Пелистер

Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер доведе уште еден квалитетен ракометар во своите редови. Станува збор за данскиот ракометар Себастијан Хенеберг.

Хенеберг кој може да настапува на позицијата среден и десен бек, во клубот од Битола доаѓа од екипата на Алборг.

28-годишниот ракометар претходно има настапувано за Силкеборг и Архус, а во сезоната 2019/20 потпиша за норвешкиот првак Елверум. После одличната сезона во тој клуб, Хенеберг потпиша договор со Алборг. 

Неговото искуство од игрите во Лигата на шампиони ќе биде огромен придонес за Еурофарм Пелистер посебно во претстојните настапи во Лига Европа.


Голот на Барди избран за погодок на колото во Лига Европа

Голот на македонскиот репрезентативец Енис Барди против тимот на Монако е избран за најубав во четвртото коло од Лига Европа.

Клубот за кој настапува Барди, Трабзон, издвојува висока победа од 4:0 над Монако, а нашиот фудбалер го постигна третиот гол на средбата.

Енис Барди во 57.минута реализира одличен слободен удар, шутирајќи под живиот ѕид на противничките фудбалери, совладувајќи го гостинскиот голман.


Гаљардо после осум години ја напушта клупата на Ривер Плата

Тренерот на аргентинскиот клуб Ривер Плата, Марсело Гаљардо, најави дека на крајот на годината ќе си замине од функцијата.

Гаљардо е тренер на Ривер осум сезони, а неговиот договор со клубот завршува на крајот од годината.

Ривер Плата во моментот се наоѓа на второто место од табелата со 44 бода, четири помалку од вечниот ривал Бока Јуниорс.

Гаљардо го предводеше тимот на 442 натпревари, запиша 277 победи, 11 ремија и 84 порази.


Жоао Феликс би можел да го напушти Атлетико Мадрид

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, е незадоволен од игрите на Жоао Феликс поради што португалскиот репрезентативец најчесто е на клупата за резервни играчи.

Португалецот остана резерва и на ремито на Атлетико во Лигата на шампиони против Бриж. Шпанските медиуми наведуваат дека Феликс бил огорчен што не доби шанса за настап на натпреварот и нервозно гледал и гестикулирал кон тренерот Симеоне што беше забележано и од ТВ камерите.

Жоао Феликс во Атлетико Мадрид пристигна пред три години од Бенфика за 127 милиони евра со што стана најскапо засилување во историјата на клубот. Тој оваа сезона одигра 11 натпревари во сите натпреварувања, а тренерот Симеоне има поголема доверба во Мората, Гризман, Куња и Кореа. Поради овие причини се поголема е веројатноста дека Феликс во наредниот период би можел да го напушти клубот од Мадрид и да заигра во нова екипа.