feature

Северна Кореја го откажа учеството на Олимписките игри

Северна Кореја нема да настапува на Олимписките игри оваа година во Токио. Одлуката е конечна и промени нема да има. „Олимпискиот одбор на Северна Кореја одлучи да не учествува на Олимписките игри за да ги заштите спортистите од глобалната здравствена криза предизвикана од коронавирусот“, соопштија од оваа земја. Интересно е што Северна Кореја во овој момент е земја во која нема ниту еден позитивен случај на ковид-19.


Милан спремен да го доведе Јосип Иличиќ од Аталанта

Се засилија шпекулациите за можен трансфер на Јосип Иличиќ од Аталанта во Милан. Раководството на „росонерите“ веќе стапил во контакт со агентот на 33-годишниот фудбалер.
Милан сака да разбере какви се условите за евентуален трансфер, како и колкава ќе биде сумата која ја бара Аталанта.
„Росонерите“ се спрени да платат симболична сума од 5 милиони евра, со оглед на фактот што Иличиќ на лето влегува во последната година од договорот.
Милан на крајот на сезоната најверојатно ќе се раздели со Кастиљехо и верува дека Иличиќ идеално би се вклопил во тимот, бидејќи има големо искуство во Серија А.


Мата потпиша нов договор со „ѓаволите“, ќе остане уште една година на „Олд Трафорд“

Манчестер Јунајтед ќе смета на 32-годишниот Хуан Мата и следната сезона, пренесуваат медиумите на Островот.
Шпанецот има одиграно само на 12 меча оваа сезона, од кои само 7 беа во Премиер лигата, но и покрај тоа менаџерот Солскјер одлучил да го задржи и следната сезона.
Манчестер Јунајтед нема потреба да преговара со Мата, бидејќи во договорот има клаузула со која автоматски може да го продолжи договорот на додатни 12 месеци.
Клубот сигурно ќе ја активира таа клаузула, а медиумите тврдат дека тоа може да го направи за да наплати трансферна сума доколку Мата сака да замине од „Олд Трафорд“.


Пирло ги врати суспендираните за дербито со Наполи

Јувентус веднаш започна со подготовки за новиот меч со Наполи по ремито 2-2 со Торино. Интересно, во групата која се појави на тренинг беа и Пауло Дибала, Вестон Мекени и Артур Мело.
Тројцата играчи беа казнети и изоставени од торинското дерби поради кршење на ковид-19 протоколите минатата недела.
Андреа Пирло реши да ги пречека тројцата играчи во групата по локалното дерби, бидејќи „бјанконерите“ се подготвуваат за средбата во среда против Наполи. Наполи доаѓа на „Алијанц“ арена за да го одиграат одложениот натпревар од октомври минатата година, а дуелот ќе биде важен за двете страни во борбата за пласман во Лигата на шампионите.


Конте го сака Колумбиецот Мина од Евертон од следната сезона

Дефанзивецот на Евертон, Јери Мина, може да добие понуда во текот на летото да се пресели во Италија, објавија денеска дел од светските медиуми.
Наводно, тренерот на Интер, Антонио Конте, направил список за нови играчи на кој високо котира токму фудбалерот на „карамелите“ кој е речиси незаменлив во првата постава.
Според весникот „Сан“, за младиот фудбалер се заинтересирани и луѓето од шпанската Валенсија и од италијанската Фиорентина.


Златан и Милан се договориле за нов едногодишен договор

Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ ќе потпише нов договор со клубот. Двете страни се согласиле да го продолжат договорот за една година, пренесуваат извори блиску до клубот.
„Росонерите“ веќе неколку недели преговараат со Швеѓанецот и конечно успеале да постигнат договор. За детали за договорот се уште се преговара.
Наскоро се очекува и официјално да биде објавено потпишувањето на нов договор со 39-годишниот фудбалер.


Хоџсон заминува од Кристал Палас, клубот спрема големо име за замена

Раководството на Кристал Палас не планира да го продолжи договорот со тренерот Рој Хоџсон. Според изворот, раководството на клубот веќе започнало да бара нов тренер. Тренерот на Рома, Пауло Фонсека и поранешниот тренер на Челзи, Френк Лампард се сметаат за главни кандидати за менаџерската позиција во Кристал Палас. Прелиминарните преговори веќе се водат со двајцата тренери. Покрај Фонсека и Лампард, кандидати се и главниот тренер на Барнли и предводник на Свонси Сити, Стив Купер. Рој Хоџсон на 9 август ќе наполни 74 години, а самиот тренер постојано повторуваше дека размислува да стави крај на тренерската кариера. Неговиот договор со Кристал Палас завршува на крајот на оваа сезона. Хоџсон ги предводи фудбалерите на оваа екипа од 12 септември 2017 година.


Санчо ќе го пропушти дуелот со поранешниот клуб

Џејдон Санчо се уште се опоравува од повредата здобиена на почетокот на март и не е подготвен да се врати во тимот за овонеделните средби во Лигата на шампионите. 21-годишниот Англичанец, најверојатно ќе биде надвор од составот на „милионерите“ за првиот натпревар од четвртфиналето во Лигата на шампиони против Манчестер Сити закажано за утре. Санчо не тренираше во неделата, а денеска се очекува да замине на нови лекарски тестови. Германските медиуми велат дека Борусија (Д) нема да го форсира неговото враќање на оваа средба, туку ќе се обиде да го има максимално подготвен за реваншот на 14 април.


Деценија од магијата на Дејан!

На денешен ден пред 10 години, Дејан Станковиќ го постигна еден од најубавите погодоци со волеј удар во Лигата на Шампионите на сите времиња.
Овој погодок сигурно сеуште го памти еден од најдобрите голмани на денешница Мануел Нојер, кој во тоа време беше чувар на мрежата на Шалке 04.


Белгиецот Де Кетелар пред потпис со Аталанта

Шарл Де Кетелар од Бриж најверојатно ќе биде новото летно засилување за италијанска Аталанта. Составот од Бергамо е заинтересиран за услугите на 20-годишниот Белгиец и веќе почнал преговори со неговиот агент. Аталанта во Де Кетелар гледа како на потенцијална замена за Јосип Иличиќ, кој е близу до заминување од клубот ова лето. Според информациите, Аталанта подготвува сума од околу 16 милиони евра, на колку што во моментов е проценет младиот Белгиец. Инаку Де Кетелар потекнува од фудбалската академија на Бриж, а во тековнава сезона одигра 38 натпревари и постигна 4 гола за својот актуелен клуб.