feature

Еди Хауи станува тренер на Њукасл

Според информациите од Англија, изгледа е решена дилемата за тоа кој ќе седне на тренерската клупа на Њукасл Јунајтед.

Новите сопственици на клубот одлучиле дека поранешниот тренер на Бурнмаут, Еди Хауи ги исполнува сите услови и наскоро ќе стане главен тренер на екипата.

За оваа одлука придонесе и одлуката на Унаи Емери  кој ја одби понудата на Њукасл и реши да остане тренер на Виљареал.

43- годишниот Хауи помина 8 години на клупата на Бурнмаут а беше тренер и во екипата на Барнли.


Конте целосно ќе го менува средниот ред на Тотенхем

Антонио Конте, има намера да изгради целосно нов среден ред во Тотенхем. Тој планира во наредните два преодни рока да се раздели со повеќе фудбалери и да привлече нови на нивните места.

Првите две големи цели на Конте се Франк Кеси од Милан и Николо Барела од Интер.  Се верува дека покрај засилување во средниот ред, Конте сака да ја зголеми конкуренцијата и во нападот.

За таа цел ќе се обиде да го привлече Душан Влаховиќ од Фиорентина.


Дембеле ќе си ја намали платата и ќе остане во Барса

Напаѓачот на Барселона, Усман Дембеле се согласил на намалување на платата, објави „Мундо Депортиво“.

Според шпанскиот весник, 24-годишниот Французин финансиските загуби ќе може да ги надомести со бонуси за постигнување одредени цели. Договорот се планира да биде потпишан на три години со можност за продолжување за уште една.

Претходно беше објавено дека Дембеле сака да го обнови договорот со Барселона и бара од својот агент да го забрза потписот. Важечкиот договор на фудбалер со клубот е со важност до крајот на јуни 2022 година.

Вчера, Дембеле првпат се појави на теренот во сезоната 2021/22 по повреда. Тој влезе како резерва на натпреварот од Лигата на шампионите со Динамо Киев (1-0).


Дембеле повторно повреден

Играчот на Барселона, Французинот Осман Дембеле повторно заработи повреда на бутниот мускул, соопштуваат официјалните лица од клубот.

Во соопштението не се наведува периодот до кога Дембеле ќе отсуствува од теренот бидејќи тоа ќе зависи од процесот на опоравување.

24-годишниот играч неодамна се врати во тимот на Барса после пет месечна пауза поради повреда со која се здоби за време на Европското првенство играјќи за репрезентацијата на Франција.



Мурињо сака двајца фудбалери на Реал Мадрид

Жозе Мурињо планира во зимскиот преоден рок да го засили тимот со двајца фудбалери на Реал Мадрид.

Станува збор за дефанзивецот Начо и за плејмејкерот Дани Себаљос, пренесува „Марка“. Римскиот клуб добро ја започна сезоната, но во последните недели запиша неколку порази, па Мурињо јавно побара од раководството да биде засилен тимот.

„Специјалниот“ сака да ја засили одбраната и средниот ред и први на листата желби се двајцата фудбалери на Реал Мадрид.


Манчестер Јунајтед во битка за доведување на Халанд

Медиумите во Германија излегоја со тврдење дека Манчестер Јунајтед ќе направи се за да ја доведе во своите редови звездата на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд, во летниот трансфер период.

Клубот од „Олд Трафорд“ веќе има подготвени 75 милиони евра, колку што е висината на откупната клаузула во неговиот договор. „Црвените ѓаволи“ го посакуваа 21-годишниот Норвежанец уште пред тој да потпише за Борусија Дортмунд, меѓутоа не успеаја во намерата да го убедат да дојде во Манчестер.

Конкуренцијата за потписот на Ерлинг Халанд ќе биде огромна ова лето, бидејќи освен интересот од Манчестер Јунајтед, понуди за негово доведување би требало да достават и од Барселона, Челзи, Манчестер Сити, и други.

Младиот Халанд кој во моментов се опоравува од повреда, за екипата на Борусија Дортмунд има постигнато 70 гола и 19 асистенции на 69 натпревари.


Маурицио Сари го продолжува договорот со Лацио

Тренерот на Лацио, Маурицио Сари, е подготвен да потпише нов договор со римски Лацио.

Сари пристигна во Лацио изминатото лето и потпиша двогодишен договор со клубот. Од раководството на клубот од Рим се задоволни од работата на искусниот тренер и се подготвени да му понудат нов договор до 2025 година. 

Се очекува Маурицио Сари да го прифати новиот договор и да започне со подмладување на екипата.

Лацио во моментот го зазема шестото место на табелата во Серија А, со освоени 18 бода.


Варан еден месец ќе паузира по повредата во Бергамо

Рафаел Варaн нема да биде на располагање на Оле Гунар Солскјер во наредниот месец.

Варан се повреди во вчерашниот натпревар против Аталанта кој завршо без победник 2-2. Французинот мораше да биде заменет после 20 минути игра. Повредата на Варан доаѓа во навистина лош момент кога одбраната на „црвените ѓаволи“ е и тоа како лоша и навивачите не веруваат во Хари Мегваер кој прикажуваслаби настапи.

Ќе потсетиме Варан само што се врати после повредата на мускулот, па сега се соочува со нов проблем. Според најавите на терените би требало да се врати на почетокот на декември.


Сколс: Погба ќе прави глупости и на 35 години

Поранешниот играч за врска на Манчестер Јунајтед, Пол Сколс го критикуваше играчот од средниот ред Пол Погба по мечот од Лигата на шампионите против Аталанта (2-2).

„Погба треба постојано да се следи и тоа од некој, кого тој целосно го почитува, некој искусен. Колку години има тој? 28? Иако е искусен фудбалер, тој е еден од оние кои ќе останат исти и на 35 години. Тој ќе продолжи да прави глупави работи“, вели Сколс.


Реал Мадрид запиша 1000 голови во Лигата на шампиони

Реал Мадрид забележа победа од 2:1 над Шахтјор Доњецк во рамките од Д групата во Лигата на шампионите.

Стрелец на двата гола за Реал беше Карим Бензема во 14. и 61.минута од натпреварот. Меѓутоа првиот гол на Бензема ќе остане запишан во историјата, бидејќи беше 1000-ти гол за „кралскиот клуб“ во Лигата на шампионите.

Германскиот гигант, Баерн Минхен е на втората позиција со постигнати 768 гола, а најголемиот ривал на тимот од Мадрид, екипата на Барселона е на третото место со дадени 655 погодоци.

https://twitter.com/realmadriden/status/1455958350684905472?s=20