feature

Ван де Бек ја одби понудата од Њукасл

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Дони ван де Бек ја одбил можноста да му се приклучи на Њукасл како позајмен играч до крајот на сезоната. 

Англиските медиуми пренесуваат дека Њукасл покажал интерес и контактирал со посредниците на Холанѓанецот ван де Бик, но тој ја одбил понудата и покрај ветувањето дека тој ќе биде еден од главните играчи на црно-белите доколку се реши за премин во нивниот тим.

Една од причините за одбивањето е и фактот дека од Манчестер Јунајтед не сакаат да губат играчи на сред сезона, но и фактот дека самиот играч сака да се избори за место во тимот од Олд Трафорд.


Дурант го чека нова долга пауза заради повреда

Кевин Дурант го повреди коленото и како што потврдија од клубот тој ќе биде надвор од тимот на Бруклин Нетс на неодредено време.

На еден од најдобрите играчи на денешницата му е дијагностицирана повреда на лигаментите на левото колено, а стручниот штаб на чело со Стив Неш се надева дека Дурант би можел да биде на теренот за четири до шест недели.

Дурант се повреди синоќа на дуелот со Њу Орлеанс (120:105).

Американскиот кошаркар дојде во Бруклин од Голден Стејт во 2019 година, а паузираше една година поради повреда на Ахиловата тетива. Сезонава има просек од 29,3 поени, 7,4 скока и 5,8 асистенции.

Нетси се втори на Западот со учинок 27-15, а во повеќето натпревари не можат да сметаат на Кајри Ирвин кој не сака да се вакцинира.


Трент Александер-Арнолд рекордер по асистенции во Премиер лигата

Десниот бек на Ливерпул, Трент Александер-Арнолд успеа да забележи историски рекорд во Премиер лигата.

Имено, репрезентативецот на Англија викендов успеа да му асистира на Фабињо за 1:0 на средбата против Брентфорд.

Оваа асистенција за ТАА беше десетта во Премиер лигата за и 13-та во сите натпреварувања од почетокот на сезонава.

Со ова, 23-годишниот Александер-Арнолд стана првиот одбрамбен играл во историјата на англиската Премиер лига кој во три различни сезони успеал да реализира 10 или повеќе асистенции.


Леброн Џејмс со извинување до фановите на ЛА Лејкерс

Ѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс,преку порака на Твитер, упати извинување до сите навивачи на клубот поради слабата игра и серијата на порази на тимот.

„Ви се извинувам и ветувам дека ќе се подобриме“ стои во Твитер постот на Леброн.

Лејкерс забележаа три порази на последните три средби во НБА лигата, за што заработија голем број на критики од навивачите, но и од бившите легенди на клубот.

ЛА Лејкерс се осми во Западната конференција со 21 победа и 22 порази.


Флорентино: Куртоа е најдобар голман во светот

Лука Модриќ доминираше во финалето на шпанскиот Суперкуп во кој неговиот Реал Мадрид го победи Атлетик Билбао со 2-0.

Модриќ повторно играше на високо ниво, го постигна првиот гол на натпреварот и заслужено доби пофалби од шпанските медиуми, но и претседателот на клубот Флорентино Перез. Перез го прокоментира новиот трофеј на Реал Мадрид, а посебно ги истакна Модриќ и Куртоа.

„Не би сакал да се фалам, но двајцата се најдобри во светот на своите позиции. Го имаме најдобриот голман, а Модриќ игра со формата со која ја освои Златната топка“, изјави Перез.


Сампдорија му врачи отказ на тренерот Д`Аверса

Од калчолигашот Сампдорија, излезе соопштение дека го отпуштиле досегашниот тренер на екипата, Роберто Д`Аверса.

До именувањето на нов тренер, тимот ќе биде воден од Анџело Паломбо кој беше помошник на Д`Аверса.

Познавачите на Серија А го потенцираат Марко Џанпаоло како најсериозен кандидат за нов тренер на Сампдорија.


Надал победнички го отвори Австралија опен

Рафаел Надал лесно се пласираше во второто коло на Австралија опен, откако на првиот ден на првиот Грен Слем годинава го совлада Американецот Маркос Жирон со 6-1, 6-4, 6-2.

Во моментов шестиот тенисер во светот цели кон рекордната 21. Грен слем титула, а работата уште повеќе му е олеснета откако деветкратниот шампион на Австралија опен, Новак Ѓоковиќ, вчера беше депортиран од Австралија, откако му беше одбиена жалбата за визниот режим.

На стартот на турнирот, победа и за седмиот носител, Италијанецот Матео Беретини, кој го победи Американецот Брендон Накашима со 4-6, 6-2, 7-6, 6-3. Пласман во следното коло обезбедија и Французинот Гаел Монфис, кој беше подобар од Аргентинецот Федерико Корија и Шпанецот Пабло Карењо, кој славеше против Аргентинецот Томас Мартин Ечевери со 6-1, 6-2, 7-6.


Австралија ќе му ја укине тригодишната забрана на Новак Ѓоковиќ

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ кој го загуби случајот пред Федералниот суд на Австралија и беше депортиран од таа земја, пристигна во Дубаи.

Според австралискиот закон, Ѓоковиќ нема да може да добие виза за влез во земјата во следните три години, но премиерот Скот Морисон тврди дека казната може да биде скратена под „соодветни околности“.

„Казната е за период од три години, но постои можност тој да се врати под одредени околности, а таквото барање ќе биде разгледано кога ќе дојде време“, изјави Морисон за австралиското радио 2GB.

Според австралискиот закон, укинувањето на тригодишната забрана за виза е можно доколку „постојат убедливи причини или оние кои предизвикуваат сочувство. Ваквиот развој на настаните ќе му овозможи на Ѓоковиќ следната година да настапи на Австралија опен. Ѓоковиќ пристигна во Дубаи во понеделникот наутро по локално време, а на аеродромот беше фотографиран со маска на лицето, како носи две торби. Засега не е познато која е неговата крајна дестинација.


Милан и Јуве во трансфер битка за Дивок Ориги

Дивок Ориги најверојатно ќе го напушти клубот на крајот на сезоната, пренесуваат англиските медиуми.

26-годишниот напаѓач не добива голема минутажа кај Јирген Клоп, па тоа е причината поради која сака да ја промени средината.

Белгиецот во јануари ќе биде слободен да преговара со заинтересираните клубови, а се поизвесно е дека на лето како слободен играч ќе го напушти Ливерпул. Таквата ситуација сакаат да ја искористат Милан и Јувентус, кои веќе стапиле во контакт со неговиот агент.

Интерес за Ориги покажуваат и некои клубови од Бундеслигата, но тој преферира преселба во Серија А.


Реал Мадрид дефинитвно се откажува од доведување на Халанд

Според пишувањата во шпанските медиуми, претседателот на гигантот Реал Мадрид, Флорентино Перез донел одлука клубот и дефинитивно да се откаже од битката за потпис на голгетерот Ерлинг Халанд ова лето и сите сили ќе ги насочи кон доведување на ѕвездата на Париз Сен Жермен, Килијан Мбапе.

Како една од причините за откажувањето на Реал за доведување на Норвежанецот Халанд бил и менаџерот на играчот, Мино Рајола.

Рајола бил во лоши односи со претседателот на „Кралскиот клуб“ Перез, и тоа со сигурност би ги отежнале преговорите за евентуален трансфер на Халанд од Борусија Дортмунд.