feature

Бенфика демантира дека е заинтересирана за Шевченко

Екипата на Бенфика ги демантираше шпекулациите дека испратила понуда до Андреј Шевченко кој деновиве ја напушти клупата на италијанската Џенова.

„Нашиот клуб ќе го води Нелсон Верисима до крајот на сезоната. Не сме контактирале со ниту еден тренер“, велат од Бенфика.

Шевченко беше поврзуван и со клупата на репрезентацијата на Полска, но, тамошната федерација ја отфрли можноста Украинецот да ги води низ баражот за пласман на СП во Катар.


Коларов ја завршува својата играчка кариера но останува во Интер како асистент на Инзаги

Српскиот ветеран во дресот на Интер, Александар Коларов, има план да стави крај на својата играчка кариера.

Тој скоро и да не добива шанса за настап во екипата и досега има одиграно замо 44 минути во сите натпреварувања за Интер оваа сезона.

Поради малата минутажа и честите повреди скоро сигурно е дека во наредниве месеци Коларов ќе заврши со активното играње фудбал.

Според извори блиски до Интер, српскиот дефанзивец и понатаму ќе остане во Интер, во улога на асистент на тренерот Симоне Инзаги.


Чави загреан за напаѓач на Елче

Шпанскиот фудбалски гигант Барселона е заинтересиран за напаѓачот на Елче, Лукас Боје, пренесува – Esport3.

Каталонците во текот на летото би можеле да се обидат да го привлечат Аргентинецот доколку Холанѓанецот, Лук де Јонг, го напушти стадионот „Камп Ноу“.

25-годишниот Боје во тековнава сезона има 6 погодоци на 16 натпревари во шампионатот. Има и една асистенција.


Уште еден Португалец во Вулверхемптон, Чикињо Оливеира потпиша за „волците“

Младиот фудбалер од Португалија, Чикињо Оливеира, ќе ја продолжи кариерата во англискиот состав, Вулверхемптон.

21-годишниот играч од средниот ред беше купен од Есторил за 3,5 милиони евра и дополнителни 1,5 милиони предвидени како бонуси според неговиот ефект и и постигнатите резултати.

Договорот на Чикињо е валиден до 2026 година. Тој во португалскиот шампионат има одиграно 15 натпревари на кои постигна 3 гола и направи една асистенција.


Димитриевски се сели во Саудиска Арабија за астрономска плата

Нашиот репрезентативен голман, Столе Димитриевски, ќе му се придружи на Џани Алиоски во фудбалскиот шампионат на Саудиска Арабија.

Според најавите, чуварот на мрежата на Рајо Валјекано ќе замина на Блискиот Исток во екипата на Ал Наср. Новинарот, Руди Гaлети, наведува дека дека клубовите треба само да го официјализираат трансферот.

Претходно имаше одредени шпакулации дека за Димитриевски е заинтересирана и Барселона, но, очигледно македонскиот интернационалец ќе замине во сосема друг правец надвор од Пиринеите.


Одложен уште еден натпревар од Премиер лигата

И понатаму продолжува одложувањето натпревари во Премиер лигата.

Последен во низата одложен натпревар е дуелот меѓу Барнли и Вотфорд. Овој натпревар и првично беше одложен, а сега се одложува по втор пат од истата причина, заразени играчи со коронавирус.

Планирано беше натпреварот да се игра во четврток, новиот датум дополнително ќе биде одреден.


Левандовски: Среќен сум за наградата, но жалам што Герд Милер не е меѓу нас

Напаѓачот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски ја доби битката со Аргентинецот Лионел Меси и Египјанецот Мохамед Салах, во изборот на ФИФА за најдобар фудбалер во 2021 година.

„Горд сум и среќен. Сакам да им се заблагодарам на сите. Не се осмелив да сонувам дека ќе го подобрам рекордот во Бундеслигата за постигнати голови. Да ми кажеше некој пред години, немаше да верувам. Штета што Герд Милер не е меѓу нас. Не можев без него. Мислам дека имам доволно време да поставам повеќе рекорди“, изјави Левандовски.


Руни и Лампард меѓу кандидатите за менаџер на Евертон

Раководството на Евертон му се заблагодари на Рафа Бенитез за соработката во неделата, а лицитацијата за тоа кој би можел да седне на клупата на „карамелите“ е во тек.

Искусниот шпански стручњак очекувано доби отказ по серијата лоши резултати и само пет победи во 15 премиерлигашки натпревари сезонава.

„Скај Спортс“ објави дека во потесниот избор се најдоа потесниот круг за нов менаџер на тимот од Ливерпул, се легендата на клубот и актуелен тренер на Дерби Каунти, Вејн Руни, Френк Лампард, менаџерот на Брајтон, Греам Потер, селекторот на белгиската репрезентација Роберто Мартинез и Руди Гарсија.

Шеесет и едногодишниот Бенитез дојде во Евертон во јули 2021 година наместо Карло Анчелоти, кој се пресели на клупата на Реал Мадрид.

„Карамелите“ се само 16-ти во англиското првенство со 19 бодови, шест повеќе од Норич кој е во зоната за испаѓање.


Чехот Барак интересен за двата милански гиганти

Интер и Милан водат битка за играчот од средниот ред на Верона, Антонин Барак, пренесуваат италијанските медиуми.

Барак е еден од најдобрите играчи на Верона оваа сезона, а особено се истакна на последниот меч против Сасуоло кога постигна хет-трик.

Чешкиот играч за врска ги воодушеви Инзаги и Пиоли, кои сега го означија како примарна цел за следното лето. Верона е спремна да го пушти на крајот на сезоната и за неговата слобода бара 20 милиони евра.

Миланските гиганти уште сега ги започнаа преговорите и сакат да го обезбедат потписот на Барак во јануари, а да го доведат по завршување на сезоната.


Ѓоковиќ ќе изгуби 40 милиони евра со неиграњето во Мелбурн

Депортирањето на Новак Ѓоковиќ од Австралија може сериозно да се одрази на бројните спонзорства на најдобриот светски тенисер.

Ѓоковиќ долго време го брендира Лакост, а тоа е неговиот најисплатлив маркетиншки договор, кој неодамна беше обновен. По се што се случи во Мелбурн, компанијата најави дека ќе разговара со српскиот тенисер.

„Што е можно поскоро, ќе го контактираме Новак за да ги разгледаме настаните што го придружуваа неговото присуство во Австралија“, соопштила компанијата „Лакост“, а пренесува Бен Ротенберг.

Лакост му носи на Ѓоковиќ сериозна сума на годишно ниво, а во 2021 година од спонзори инкасирал близу 30 милиони долари, според информациите на Форбс.