feature

Бабиќ: Веројатно Мешков е најсилниот тим кој ни гостувал во Битола

Тренерот на Еурофарм Пелистер, Жељко Бабиќ во својата богата и успешна кариера го водел и белорускиот првак Мешков Брес. Баш еговиот поранешен клуб и најчестиот учесник на завршниот турнир на СЕХА лигата стои на патот на пелистерци на „фајнал-фор“ турнирот во Задар.

Пред првиот четтвртфинален дуел, в сабота во Битола, Бабиќ искажа зборови на респект за својот поранешен клуб. 

За противникот:

Мешков Брест е многу добар противник, кој минатата сезона беше четвртфиналист во Лигата на шампионите. Во последно време има голем европски раст, победува големи европски натпревари и во последно време веројатно е најсилниот противник кој дошол во Битола. Ни следи еден голем предизвик, голема радост за сите нас. Спремни сме и желни да се натпреваруваме и верувам дека можеме до добар резултат без обзир што се тим од Лигата на шампионите и имаат силен тим. 

За подготовките и освоениот Суперкуп на Македонија:

Освоениот Суперкуп сигурно многу значи за самодовербата. Секако дека сите сме среќни, задоволни и горди. Сепак, познато е дека во спортот минатото не се брои. Нашата форма уште не е одлична, уште е припремен период, работите паралелно на физичка и тактичка припрема. Се виде на турнирот во Струга дека правиме многу технички грешки кои ние не ги правиме. Не сум загрижен, верувам во своите играчи, верувам во нашата работа и уверен сум дека ќе имаме многу добра сезона без разлика на исходот од натпреварот против Мешков Брест. Ни следи многу добра сезона и секако дека се надевам на уште некој трофеј. 

Натпреварот Еурофарм Пелистер – Мешков Брест ќе го следат 500 гледачи, кои ќе добијат билет по онлајн продажба и мора да ги исполнат барањата за целосна вакцинација. 


Модриќ се повреди непосредно пред натпреварот против Леванте

Хрватскиот плејмејкер, Лука Модриќ се здобил со повреда на бутниот мускул на тренингот во петок, соопштија шпанските медиуми.

Поради тоа Модриќ не е повикан за мечот со Леванте, кој се игра во недела во рамките на второто коло од Примера.

Дополнителните лекарски прегледи ќе го покажат степенот на повредата и колку време ќе биде надвор од терените.

Карло Анчелоти не може да смета исто така на Крос и Себаљос, па против Леванте сигурно ќе бидат стартери Љоренте и Касемиро.


Донарума: Респект за Милан, но ми требаше промена во кариерата

Еден од најдобрите голмани на светот, Џанлуиџи Донарума ова лето го напушти Милан и како слободен играч се пресели во Пари Сент Жермен.

Донарума сега објасни зошто донел таква одлука и итскна дека неговите амбиции во моментов биле различни со тие на Милан.

„Поминав осум прекрасни години во Милан, каде се чуствував како дома. Имам огромно почитување кон сите во клубот и секогаш ќе го сакам тој клуб. Меѓутоа, животот е полн со избори и јас во моментов имам различни амбиции. Имав потреба да ја променам средината за да напредувам и да станам посилен. Кога решив да го напуштам Милан немав договор со друг клуб“, изјави Донарума.


Нојер се повреди во Суперкупот на Германија, ќе паузира еден месец

Голманот на Баерн Минхен, Мануел Нојер, кој се повреди на мечот со Борусија Дортмунд во Суперкупот на Германија, морал да го пропушти вчерашниот тренинг, стои во објавата на Баварците.

„Нојер го повреди десниот скочен зглоб на мечот со Дортмунд и нема да учествува на тренинзите“, стои во краткото соопштение без да се прецизира кога голманот ќе се врати на терените.

Фудбалерите на Баерн Минхен в недела ги очекува натпреварот против Келн во рамките на новото коло во Бундеслигата.


Зијеч нема да биде продаден, Мароканецот ќе добие уште една шанса кај Тухел

Тренерот на фудбалерите на Челзи, Томас Тухел, во последен миг се премисли и ќе го задржи во составот , Хаким Зијеч, кој претходно беше ставен на трансфер листата, објавија дел од медиумите во Англија.

Германскиот стратег се определил да му даде шанса на брзоногиот фудбалер што значи дека ќе пропадне најавениот трансфер во Милан.

„Росонерите“ сакаа да го ангажираат Зијеч како замена за Хакан Чалханоглу кој го напушти тимот  во текот на летово.


Рашфорд се враќа на терените порано од предвиденото

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд, може да се врати во игра порано од очекуваното. 23-годишникот беше опериран на рамото по ЕП 2020 и се очекуваше да отсуствува најмалку два месеца.

Сега весникот –„ Сан“ тврди, дека заздравувањето на играчот оди подобро од очекуваното и може да продолжи со тренинзите во наредните десет дена. Рашфорд ќе продолжи да носи специјална шина на раката.

Тоа е добра вест за менаџерот, Оле Гунар Солскјер, кој најверојатно ќе го има напаѓачот на располагање за мечот со Вест Хем на 19 септември или евентуално шест денови подоцна на средбата со Астон Вила.


Ибрахимовиќ: Меси го одбра бројот 30 затоа што..

Ѕвездата на Милан, Златан Ибрахимовиќ, во свој стил го коментираше доаѓањето на Лионел Меси во ПСЖ.

Имено, Меси веќе го задолжи бројот 30 што го носеше на почетокот на кариерата, со оглед на тоа што „ десетката“ му припаѓа на Нејмар.

„Мислам дека тој ја направи вистинската работа со изборот на бројот на дресот. Покажа дека е три пати подобар од Нејмар. ПСЖ не го потпиша Меси, туку напротив, Лео потпиша за клубот, Ибрахимовиќ го промовираше Аргентинецот на социјалните мрежи, објавија европските медиуми.

Ибрахимовиќ не застана тука.

„Погледнете што постигна Меси во кариерата. Можете ли да направите споредба? Тој е десет пати поголем од ПСЖ.“ – изјави Ибрахимовиќ, кој е втор најдобар стрелец во историјата на ПСЖ, веднаш зад Единсон Кавани.


Квалификациите за СП во ноември, ждрепката веќе за десетина дена

Сениорската кошаркарска репрезентација на Македонија на 31 август од 12:00 часот ќе ги дознае противниците за квалификацискиот дел за пласман на Светското првенство во 2023 година.

Ние заедно со Словачка, Црна Гора, Исланд, Белорусија, Летонија, Португалија и Шведска, последни обезбедивме место во квалификациите во кои директно ќе се приклучат: Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Белгија, Бугарија, Чешка, Естонија, Финска, Франција, Грузија, Германија, Велика Британија, Грција, Унгарија, Израел, Италија, Литванија, Полска, Холандија, Русија, Шпанија, Турција и Украина.

Почетокот на квалификациите за Мундијалот во 2023 година ќе биде во ноември.


Барселона го продава својот најголем талент

„Нова криза во Барселона“ е веста што ја донесе насловната страница на каталонски „Спорт“ по неуспешните преговори меѓу клубот и Илаиш Мориба, најголемиот талент на Барса. Тие преговори пропаднаа само неколку дена откако Лионел Меси го напушти клубот, најдобриот фудбалер на светот, кој исто така не се согласи на продолжување на договорот.

Сигурно е дека поради тешката финансиска состојба во клубот, нема да има договор помеѓу двете страни, така што остануваат само две опции-трансфер на 18-годишниот фудбалер или заминување следното лето без обештетување. Барселона им кажа на заинтересираните клубови дека нема да го продаде Мориба за помалку од 15 милиони евра и веќе одби осум милиони евра од Лајпциг.

Според Спорт, Барселона веќе се помири со фактот дека Мориба ќе го смени клубот следното лето без надомест, а Каталонците сакаат да испратат порака до другите млади фудбалери кои допрва треба да започнат преговори за нов договор со испраќање на трибините.


МекКени ќе биде жртва по потписот на Локатели

Јувентус размислува да го продаде својот играч за врска, младиот Американец Вестон МекКени. Според неколку извори, составот од Торино добил неколку понуди за 22-годишниот американски репрезентативец од клубови од други шампионати.

Мекени реално би требало да си замине поради трансферот на Мануел Локатели, кого Јувентус го изнајми од Сасуоло во период од две години.

Закупот на Мекени од Шалке го чинеше Јувентус 4,5 милиони евра, а целосна транзиција – 18,5 милиони евра. Покрај тоа, Шалке може да смета на 6,5 милиони евра во бонуси. Договорот на Американецот со „Старата Дама“ важи до 30 јуни 2025 година.