feature

Ново реми без голови на У21 селекциите на Македонија и Косово

Младата фудбалска репрезентација на Македонија У 21 одигра без голови со Косово и во вториот пријателски меч кој денеска беше реализиран на тренинг центарот на ФФМ. Со тој резултат заврши и претходниот меч во Приштина. Селекторот, Горан Станиќ, вели дека акцент бил ставен на дефанзивата а допрва ќе се размислува на офанзивниот пристап.

„Ќе сумирам за почеток, два собира. Тој во Анталија и овој сега на кој главен акцент беше ставен на дефанзивата. Тоа што го испланиравме го одработивме. Задоволен сум.

На наредниот собир во септември ќе бидеме посветени исклучиво на офанзивата. Имаме проблем со реализација и ќе се работи на тој сегмент“, нагласи Станиќ.


Ди Марија се врати во матичниот Розарио

Прославениот аргентински фудбалер Анхел Ди Марија, ќе се врати во Росарио Централ, клубот во кој ја почна својата трофејна кариера, објави денеска аргентинскиот клуб.

37-годишниот Ди Марија настапуваше за Росарио од 2005 до 2007 година, по што се пресели во Европа и со Бенфика, Реал Мадрид, Манчестер Сити, ПСЖ и Јувентус освои вкупно 30 трофеи.

Ди Марија ќе игра за Бенфика на претстојното Светско клупско првенство, по што ќе се врати во Росарио.


Анчелоти: Заминав од Реал заради слабата сезона

Доскорешниот тренер на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, во денешното интервју за весникот „Марка“ изјави дека го напуштил клубот поради резултатите кои биле под очекувањата. Доскорешниот тренер на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, во денешното интервју за весникот „Марка“ изјави дека го напуштил клубот поради резултатите кои биле под очекувањата, а потоа го презел Бразил бидејќи станува збор за „најдобрата репрезентација на светот“.

„Резултатите не беа онакви какви што очекувавме. Ниту перформансите на тимот не беа добри. Време беше да се направи нешто. По натпреварот против Арсенал, разговаравме за тоа и одлучивме. Тоа беше нешто што можевме да го предвидиме. Тимот не играше добро и тогаш сите сфативме дека е најдобро Реал Мадрид да бара нов тренер, а јас да се осврнам на Бразил“, рече 65-годишниот Анчелоти во петокот во Бразил.

Реал Мадрид загуби во четвртфиналето на Лигата на шампионите од Арсенал со вкупен резултат од 1-5, не успевајќи да ја одбрани титулата, а тоа не им успеа ниту во шпанското првенство и Купот на кралот.

Одговарајќи на новинарско прашање зошто се одлучил за селекторската улога во Бразил, италијанскиот стратег рече дека одлуката била лесно да се донесе.

„Лесно е. Ова е најдобрата репрезентација во светот. Не го велам јас тоа, туку петте ѕвездички на дресот. Ниту една друга репрезентација не може да се спореди со нејзиниот статус. Сега предизвикот е јас да ја освојам шестата титула светски шампион“, наведе Анчелоти.


Теодосиќ добива функција во КК Црвена Звезда

Легендарниот кошаркар и поранешен капитен на Србија, Милош Теодосиќ, би можел да стане потпретседател и директор на клубот за кој навива уште од дете, веднаш по пензионирањето од играњето.

Како што објавува реномираниоот „Спортски журнал“, Црвена звезда подготви интересна понуда за Милош Теодосиќ.

Еден од најдобрите европски дефанзивци од неговата генерација ќе добие две улоги во клубот откако ќе му истече договорот ова лето, со што ќе заврши кариера што траеше речиси 20 години.

По играњето за ФМП, Борац од Чачак, Олимпијакос, ЦСКА од Москва, Лос Анџелес Клиперс и Виртус од Болоња, Теодосиќ се врати во српската кошарка во 2023 година.


Шчесни добива уште една година во Барса

Голманот на каталонскиот гигант Барселона за медиумите во Полска истакна дека се договорил со раководството на Барса да ја продолжат соработката најмалку за уште една година.

Познато е дека Шчесни во Барселона дојде да биде резерва откако се повреди Тер Штеген, но набрзо не само што стана прв голман туку беше и еден од клучните фактори во тимот на Ханси Флик за освојување на трие трофеи сезонава.

“Да, се договорив со Барса. Ќе потпишам едногодишен договор со опција за уште една сезона“ истакна Шчесни.


Јуре Доленец замина во ракометна пензија

Јуре Доленец, најави дека ќе се повлече од активното играње на ракомет по завршувањето на тековната сезона.

Доленец во текот на својата кариера играше за неколку престижни европски клубови, меѓу кои и за шпанската Барселона.

По заминувањето од Барселона, кариерата ја продолжи во францускиот Лимож, потоа се пресели во хрватскиот Нексе, а последната сезона ја мина во редовите на Слован, во домашното првенство.

Со тоа, 36-годишниот ветеран ја оствари својата желба да ја заврши играчката кариера токму во родната Словенија.


Димитријевиќ пак го поврзуваат со Партизан

Нов преоден рок, нова статија во италијанските медиуми за потенцијалната соработка помеѓу Ненад Димитријевиќ и кошаркарскиот клуб Партизан.

Минатото лето се зборуваше дека плејмејкерот на македонскиот национален тим и Олимпија Милано би можел да се приклучи на клубот од Хумска, но тоа не се случи.

„Спортандо“, пишува дека се очекува Димитријевиќ да ја напушти Ломбардија по сезоната во која запиша 7,6 поени и 2,9 асистенции во Евролигата за Олимпија. Треба да се нагласи и дека „ено има договор со Олимпија до летото 2026 година.

Дополнителна помпезност во врска со евентуалното доаѓање на Димитријевиќ во Партизан дава фактот што одличниот плејмејкер изјави дека во младоста „навивал за Партизан“…

Инаку за новата сезона, Партизан ќе ги има сите играчи од сегашниот тим под договор, со исклучок на Балша Копривица, чиј договор истекува на крајот од сезоната.


Реми на женската фудбалска репрезентација во Рига за крај на Лигата на нации

Женската репрезентација на Македонија одигра нерешено, 1-1 против селекцијата на Летонија во рамките на последното коло од групата 6, сегмент Ц во рамките на Лигата на нации.

Нашата репрезентација долго време беше во предност, откако рано во 16. минута Меијер постигна гол за предност од 1-0. Севцова во 65. минута го израмни резултатот.

Македонија заврши последна во групата со само еден освоен бод.


Костадинов: Мотивирани сме секогаш кога играме за Македонија

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Тихомир Костадинов, изјави дека Македонија пред себе има исклучително важни натпревари во мундијалските квалификации и очекува максимален пристап од сите во екипата за пресметките против Белгија (6. јуни, Скопје) и Казахстан (9. јуни, Астана).

„Се фокусираме на максимален пристап против Белгија, ќе бидеме подготвени. Имаме малку повеќе време за подготовка и треба да го искористиме. Сфаќаме дека играме два многу важни меча во квалификациите. Свесни сме дека испуштивме важни два бода на натпреварот со Велс, но продолжуваме и мора да гледаме напред. Мотивирани сме секогаш кога играме за Македонија, без оглед на заморот и повредите.

Селекторот бара да сме максимално ангажирани. Ги анализираме двата противници и знаеме против кого се соочуваме. Многумина мислат дека Белгија сега е послаба селекција, но тие отсекогаш имале фантастични фудбалери и претставуваат сила во светски рамки“.


Осумнаесет победи од осумнаесет меча, Еурофарм Пелистер 2 со рекордна сезона се сели во Суперлигата

Екипата на Еурофарм Пелистер 2 дојде до победа над Македонија ЃП на домашен терен (42-24) и со максимален учинок патува во Суперлигата. За тимот од Битола, ова беше осумнаесетта победа на осумнаесеттиот меч.

Тимот предводен од тренерот Александар Зарков двапати во краток период славеше над „лавовите“ на кои сега им виси позицијата за бараж. Пелистерци доминираа од почеток до крај во Битола, на полувремето беше 18-13.

Момците на Александар Зарков ќе тренираат уште десетина дена, па заминуваат на заслужен одмор. Од следната сезона Еурофарм Пелистер ќе се натпреварува во Суперлигата и Битола пак ќе има два клуба во елитата.