feature

Нејт Диjас доби шестмесечна суспензија

Поранешната УФЦ-ѕвезда, Нејт Дијас, се соочува со пауза од дури 180 дена по поразот од Мајк Пери на ММА-спектаклот во Инглвуд, кој беше пренесуван на „Нетфликс“.

Дијас призна дека уште во првите секунди од борбата, најверојатно, го скршил прстот на левата рака и токму таа повреда е главната причина за долгата суспензија.

Неговиот корнер ја прекина борбата по втората рунда и тој подоцна потврди дека се согласил со одлуката.

Покрај шестмесечната суспензија, Дијас доби и дополнителни 60 дена пауза поради исеченици на челото, како и задолжителна забрана за контакт од 30 дена.

Иако ова е негов прв ММА-настап по 2022 година, 41-годишниот борач порача дека засега нема намера да се пензионира.


Спанулис фаворит за нов тренер на Барса

Во Барселона доколку Чаби Пасквал во Дубаи од тренерското место би останало празно, а изгледа дека еден од главните кандидати за наследник на Пасквал е грчката легенда Василис Спанулис.

Грчкиот стратег е без ангажман од средината на март, кога го напушти Монако поради лошата ситуација во клубот.

Иако е млад за тренерската професија, поранешниот плејмејкер на Олимпијакос досега се покажа во одлично светло, а во Барселона веруваат дека би можел да биде одлична замена за Пасквал.


Рубен Аморим ќе го замени Мурињо во Бенфика

Рубен Аморим е фаворит за нов тренер на Бенфика.Тој е без ангажман од почетокот на годината, кога доби отказ од Манчестер Јунајтед

Се очекува Аморим, кој е поранешен фудбалер на „орлите“, да се врати во Португалија по успешниот период во Спортинг, каде што оствари одлични резултати и го привлече вниманието на раководството на Манчестер Јунајтед.

Според шпанските медиуми, тој го информирал раководството на португалскиот клуб дека заминува.

На состанокот со претседателот на Бенфика, Руи Кошта, му бил понуден нов договор, но Мурињо ја одбил понудата. Во опција за тренер на Бенфика е и Марко Силва.


Џејсон Кид го напушта Далас Маверикс

Екипата на Далас ја заврши соработката со тренерот, Џејсон Кид, кој во изминатите пет сезони го водеше тимот двапати до финалето на конференцијата и до решавачките мечеви за пехарот во НБА лигата.

Тој во изминатото лето потпиша продолжување на соработката за уште 4 години со плата од 40 милиони евра.

„Решивме дека е време за нова насока. Ќе имаме потрага по нов главен тренер сè додека не ги постигнеме стандардите што ги заслужуваат нашите навивачи“ – рече новиот претседател на Далас, Уџири.


Киву вети три засилувања за новиот Интер

Тренерот на фудбалерите на Интер, Кристијан Киву, побарал од раководството да му обезбеди најмалку три засилувања за наредната сезона.

„Нероаѕурите“ откако ја освоија Серија „А“ и Купот на Италија, сакаат да бидат конкурентни и во меѓународната конкуренција.

Романскиот тренер има намера да го засили ростерот со Умар Соле, ( Удинезе), Асан Диао од Комо и со Ману Коне (Рома).


Неколку премиерлигаши го сакаат Адејеми од Дортмунд

Три екипи од Премиер-лигата се заинтересирани за напаѓачот на Борусија Дортмунд, Карим Адејеми, велат последните информации од Англија.

Станува збор за Манчестер Јунајтед, Челзи и Ливерпул, кои се очекува да испратат понуда иако Германецот има договор со „милионерите“ до 2027 година.

Според одредени проценки, напаѓачот на трансфер пазарот вреди околу 60 милиони евра.


Јуве го сака Антонио Силва од Бенфика

Јувентус го задржува интересот за Антонио Силва од Бенфика.

Според „А Бола“, Бенфика би сакала да го продолжи договорот на дефанзивецот, кој истекува во 2027 година, но 22-годишникот е расположен за промена на клубот.

Лисабонскиот клуб може да му понуди на Силва околу 2 милиони евра годишно нето, но Португалецот има потреба и од спортски гаранции, кои клубот во моментов не може да му ги обезбеди поради неизвесноста околу тренерот.

Оваа сезона, дефанзивецот одигра 25 натпревари во португалското првенство и постигна еден гол.


Саутемптон исфрлен од плеј-офот за влез во ПЛ заради шпионажа

Иако на теренот изборија место во финалето на плејофот за пласман во Премиер лигата, фудбалерите на Саутемптон нема да се борат на Вембли за влез во елитата бидејќи беа прогласени за виновни во сега веќе познатата шпионска афера.

Можност да игра во најскапиот меч во светот (победникот добива 200 милиони фунти), добија фудбалерите на Мидлзбро. ќе се сретне со Хал на Вембли утре.

Мидлсбро побара Саутемптон да биде исфрлен од плејофот откако објави дека бил жртва на шпионажа на тренинг, два дена пред првиот полуфинален натпревар. Клубот изјави како го фатиле аналитичарот на Саутемптон додека се криел во грмушките и го снимал нивниот тренинг.

Саутемптон беше казнет и со одземање на четири бода на почетокот од следната сезона во Чемпионшип.

Финалето е сè уште закажано да се одржи оваа сабота на стадионот „Вембли“. Саутемптон има право на жалба, а комисијата има намера да одлучи за евентуалните приговори до крајот на утрешниот ден, со цел да се обезбеди непречено одвивање на финалниот натпревар.


Енцо Мареска ќе го наследи Пеп во Сити

Енцо Мареска е назначен за тренер на Манчестер сити, објави инсајдер Фабрицио Романо.

Според Романо, 46-годишникот потпишал тригодишен договор со „Граѓаните“.

Претходно беше објавено дека Манчестер сити наскоро ќе го објави заминувањето на Хосеп Гвардиола од тренерската позиција. Договорот на 55-годишниот Шпанец истекува во летото 2027 година.

Последната тренерска позиција на Мареска беше во Челзи, каде што го водеше клубот од јули 2024 до јануари 2026 година. Тој ја освои Конференциската лига и Светското клупско првенство со сините од Лондон.


Игор Стојчевски ќе го суди финалето на Купот на Македонија

Фудбалската федерација на Македонија ги делегираше судиите за финалниот натпревар од Купот на Македонија помеѓу ФК Силекс и ФК Шкендија, кој ќе се одигра на 20. мај (среда) со почеток во 20:00 часот на Национална арена „Тодор Проески“.

Главен судија на финалната пресметка ќе биде Игор Стојчевски, најдобриот македонски судија, интернационален ФИФА судија, дел од ментор програмата за елитни судии на УЕФА. Славниот турски арбитар Џунејт Чакир е ментор во УЕФА програмата на нашиот судија. Стојчевски, воедно е назначен за судија на натпреварите од Европското првенство за фудбалери до 19 години кое оваа година ќе се одржи во Велс.

Во улога на асистент судии за утрешното финале ќе бидат Тоше Ицев, долгогодишен и докажан интернационален асистент судија со искуство на домашната и европската сцена, како и Вјолца Изеири, ФИФА судијка која успешно суди натпревари во УЕФА Конференциска лига и во женската УЕФА Лига на шампиони.

Четврти судија на финалниот натпревар ќе биде Бењамин Керими, млад и перспективен арбитар кој е дел од CORE програмата на УЕФА и зад себе има бројни успешно отсудени натпревари од висок натпреварувачки карактер во домашното првенство.

Александар Грујоски е назначен за ВАР судија, а АВАР судија ќе биде Гоце Петрески.