feature

Челзи се откажува од Халанд за да потпише со Лукаку

Ромелу Лукаку може да се врати во Челзи, пренесуваат медиумите на Островот.

Приоритет на Челзи на лето ќе биде доведување на врвен напаѓач, а прва желба е Ерлинг Халанд.

Меѓутоа, Норвежанецот е премногу скап, па Челзи сега ќе се сврти кон Ромелу Лукаку, а тренерот Тухел веќе дал зелено светло за трансферот.

Белгиецот одигра фантастично во дресот на Интер и беше најзаслужен за освојување на шампионската титула. „Нероаѕурите“ моментално имаат финансиски проблеми, па Челзи ќе се обиде да ги искористи и веќе стапил во контакт со агентите на Лукаку.


Дончиќ на олимпиското деби постигна 48 поени

Лука Дончиќ со премиерната изведба на Олимписките игри најави дека е подготвен сам да ја води Словенија до медал.

Во првото коло од кошаркарскиот турнир, Словенија ја победи Аргентина со 118:100, а Дончиќ постигна дури 48 поени.

Веќе на полувреме имаше 31 поен и се чинеше дека би можел да го сруши рекордот на легендарниот Бразилец Оскар Шмит, кој во 1988. против Шпанија постигна дури 55 поени. Но, како натпреварот пред време беше решен, Дончиќ завршницата ја проследи од клупата.

Тој до 48 поени стигна за 31 минута игра, погоди 18 од 29 шутеви, меѓу кои 6 од 14 тројки. Запиша уште 11 скокови, пет асистенции и три блокади.

Клемен Препелиќ постигна 21 поен, Влатко Чанчар 12, а Аргентина ја предводеа Луис Скола со 23 поени, Кампацо постигна 20, додека Габриел Дек застана на 15 поени.


Алиоски потпиша за клуб од Саудиска Арабија за висока годишна плата

Вчера стигна потврда дека македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски кариерата ќе ја продолжи во Ал Ахли. Пред некој ден медиумите најавија дека Алиоски има понуда од Саудиска Арабија, а вчера стигна потврда дека македонскиот репрезентативец ја прифатил и кариерата ќе ја продолжи во Ал Ахли.

Алиоски е слободен агент откако му заврши договорот со Лидс, а со Ал Ахли ќе потпише 2-годишен договор тежок вкупно 5 милиони евра.


Злато на австралиската штафета 4×100 метри слободно

Поделбата на медалите во пливањето на Олимписките игри во Токио започна со светски рекорд кој австралиската штафета во женска конкуренција го постави на 4×100 метри слободно. Мег Херис, Ема Мекион и сестрите Бронте и Кејт Кембeл испливаа неверојатна трка, доминатно победувајќи пред ривалките од Канада и Сад.

Австралијанките светскиот рекорд го подобрија за 36 стотинки, поставен токму од нив на Светско првенство пред три години.


Реџепи елиминирана по само една рунда во Токио

Македонската џудистка Арбреша Реџепи издржа само една минута во своето деби на Олимписките игри. Таа вчера во категоријата до 52 килограми загуби (11-0) од Челси Џил од Велика Британија со ипон во првата рунда.

Од осумте македонски натпреварувачи на Олимпијадата во Токио, своите настапи покрај Реџепи ги завршија уште и Борјан Бранковски кој претходно беше 21-ви во квалификациите во стрелаштво – воздушен пиштол 10 метри, како и пливачот Филип Деркоски кој заврши на последното место во квалификациите на 400 метри слободно.

Следен Македонец кој ќе се појави на борилиштата во Токио е Георгиевски Дејан, (таеквондо) во категоријата +80 кгр. Неговиот настап е предвиден за 27 јули.


Хаман: Санчо е најдобро крило во светот

Премиерлигашот Манчестер Јунајтед конечно успеа да дојде до големата трансфер цел, потписот на англискиот репрезентативец Џејдон Санчо.

Некогашниот германски репрезентативец, Дитмар Хаман се одлучи да го искоментира овој трансфер кој според него е бомба затоа што Санчо за него е најдоброто крило на светот.

„Ова е голема сезона за Солскјер и Јунајтед, очекувам Санчо да биде ѕвезда на „Олд Трафорд“. Ретко сум видел крилен напаѓач кој може толку лесно да го реши противникот, тој го спушта рамото и само минува покрај дефанзивците. Санчо исто така може да ги „запали“ Рашфорд и Погба“, порача Хаман.


Ливерпул понудил 100 милиони за Киеза, Јуве без размислување одбил

Јувентус одбил понуда од 100 милиони евра за Федерико Киеза. Напаѓачот минатата година пристигна во Јувентус како позајмен играч од Фиорентина, а клубот од Торино има можност да го откупи неговиот договор за 40 милиони евра.

Младиот офанзивец во минатата сезона ги покажа своите квалитети и постигна 15 голови вио 46 настапи. Одлични настапи Киеза продолжи да прикажува на Европското првенство и беше еден од најдобрите играчи на Италија со која стигна до европското злато.

Ако Јувентус ја прифател понудата од Ливерпул тогаш Киеза ќе станел вториот најскап трансфер во историјата на Премиер лигата после Пол Погба кој за 105 милиони евра премина од Јувентус во Манчестер Јунајтед во 2016 година.


Никита Нагорни: „Мојот единствен противник сум самиот јас“

Освојувачот на златниот медал во Сиднеј 2000, Алексеј Немов се воодушевува од талентот и понизноста на Никита Нагорни, но предупредува дека мора да ги контролира своите емоции доколку сака да постигне историски работи на олимписката сцена. 

„Мојот единствен противник сум јас самиот“, вели Нагорни кој не сака да биде наречен „крал на душекот“. „Едноставно, како што рече тоа е задача која треба да ја направам, додаде тој.


Сон останува во Тотенхем – доби договор до 2025. година

Јужнокорејскиот фудбалер Сон Хеунг Мин во Тотенхем ќе остане до летото 2025. година, јавуваат англиските медиуми.

Според многумина еден од најдобрите играчи на Тотенхем последните неколку сезони, во Лондон пристигна во 2015. година и досега успеа да постигне 107 голови надополнети со 64 асистенции.

29-годишниот Сон потпиша нов договор со англискиот премиерлигаш кој така ја реши големата дилема во нападот по веста дека најдобриот играч Хери Кејн веројатно ќе го напушти тимот.

„Овде се чувствувам како дома, посебно кога е во прашање односот со навивачите, соиграчите и персоналот. Затоа ми беше лесно да ја донесам одлуката за останување.“- вели Сон.


Пандев ќе игра за Џенова уште една сезона?!

Поранешниот капитен на Македонија, Горан Пандев повеќе од извесно е дека нема да оди во фудбалска пензија, туку ќе потпише нов едногодишен договор со Џенова и ќе игра во новата сезона во Серија А.

Ова го пренесуваат неколку познати новинари од Италија, меѓу кои и Ди Марцио и Романо. Според нив, преговорите меѓу Пандев и Џенова се во завршна фаза и се очекува да бидат официјално потврдени со нов едногодишен договор.

Пандев се пензионираше од националниот дрес, но остави простор да размисли за тоа дали ќе игра фудбал барем уште една сезона во Џенова, поради тоа што има желба да се повлече од фудбалот со фанови на стадионот.