feature

Две олимписки селекции го напуштија Токио

Две олимписки селекции го напуштија Токио

Бидејќи ситуацијата во Токио од ден на ден се влошува со драстично зголемување на бројката на заразени со ковид-19, селекциите на Северна Кореја и на Гвинеја донесоа одлука да се повлечат од Игрите.

Повеќето врвни спортски работници, како и луѓе од организацијата се скептични дека најголемиот спортски светски настан во услови на пандемија може да помине без проблеми.

Од Меѓународниот олимписки комитет се децидни дека Игрите ќе се реализираат според планот.


Ѓоковиќ: Ќе биде многу тешко да го освојам златото во Токио

„Знам дека сите очекуваат да освојам златен медал во Токио“, изјави српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ, пред отворањето на Игрите во Јапонија. Првиот светски рекет на АТП листата го очекува меч со Уго Далијан од Боливија (139 АТП).

„Одам ден по ден, фокусиран сум на новиот ривал. Не знам многу за него, но, кога имаш противник послабо рангиран од тебе, тогаш тој нема што да загуби“, вели Ѓоковиќ.

Тенисерот од Србија кој по четврти пат ќе биде дел од Олимписките игри, има освоено бронза во Пекинг во 2008 година.


Леванте размислува да го продаде Барди со цел да излезе од финансиска криза?

Италијанските медиуми пренесуваат дека и Торино влегол во игра за потписот на Барди. Барди имаше добри настапи како за Леванте така и за Македонија, па не е чудо што интересот за него расте.

Освен тоа неодамна во шпанските медиуми се пишуваше дека Леванте размислува да го продаде Барди со цел да излезе од финансиската криза. Во Леванте ако го продаваат очекуваат од него да заработат околу 15 милиони евра.

До крајот на летниот преоден рок има повеќе од еден месец, па останува да видиме како ќе се одвиваат работите.


ПСЖ прави максимални напори да го доведе Погба

Управата на Париз Сен Жермен допрва ќе стапи во контакт со Манчестер Јунајтед околу евентуалната можноста да го ангажира Пол Погба во актуелниот преоден рок.

Како што пренесува „Мирор“, ПСЖ најпрво мора да продаде неколку играчи за да дојде во позиција да не го прекршува финансискиот фер-плеј, а потоа и да достави понуда до Јунајтед, која се очекува да биде околу 60 милиони евра за трансфер на францускиот интернационалец.

Погба засега не демантира дека ќе го напушти Јунајтед, иако според Солскјер тој е во неговите планови за новата сезона.

Договорот на Погба со „црвените ѓаволи“ истекува наредното лето.


Тео Хернандез добива побогат договор во Милан

Тео Хернандес е голема желба на раководството на ПСЖ, пренесуваат италијанските медиуми. „Светците“ планираат да испратат понуда за 23-годишниот дефанзивец, кој одигра одлична сезона во Милан и се промовираше во еден од најдобрите леви бекови во Европа. 

Покетино го посочил Хернандес како примарна трансфер цел, а „светците“ спремиле понуда од 50 милиони евра.

Милан експресно ја одбил понудата и започнал преговори за нов договор со значително зголемување на платата. Тео во моментов заработува 2 милиони евра по сезона, а со новиот договор ќе добие 4,5 милиони евра годишно.


Челзи сака да го врати Азар

Еден Азар би можел да се врати во Челзи.. Според информациите на шпанските медиуми, лондонскиот клуб сериозно ја разгледува можноста за ангажманот на Азар, кој никогаш не стана клучна фигура во „кралскиот клуб“.

Тој беше привлечен во Реал Мадрид од Челзи летото 2019 година за 115 милиони евра. Претходно играше за Челзи седум години.

Познато е дека Азар има добри односи со некои свои поранешни соиграчи во лондонскиот клуб и тој самиот нема ништо против да го носи дресот на Челзи повторно. По пристигнувањето во Мадрид, Азар беше следен со многу повреди и досега одигра само 43 настапи за Реал Мадрид, а клубот се чини дека е подготвен да се раздели од него за да направи буџет за нови засилувања.


Италијанската влада донесе нов протокол за спортските настани

Стадионите во Италија може да бидат исполнети само до 50 проценти од вкупниот капацитет и тоа само со гледачи кои имаат така наречен – „Зелен пасош“. Одлуката на Владата која се однесува за спортски настани на отворено во услови на пандемија ќе стапи на сила на 6 август.

Тоа значи дека ако нема промени, новата сезона во Калчо ќе започне со такви ограничувања. „Зелен пасош“ во Италија значи т.н. Европски сертификат ковид, кој се дава на вакцинирани лица што имале негативен тест за корона-вирус во последните 48 часа или за лица кои ја прележале болеста во последните 6 месеци.

„Зелен пасош“ на Апенините ќе со користи и за посета на кино, театар, музеј, теретана, па дури и за влез во угостителските објекти.


Чалета-Цар на радарот на Вест Хем

Екипата на Вест Хем која ќе настапи во Лига Европа, се обидува да ја засили дефанзивата со Хрватот, Дује Чалета-Цар.

Фудбалерот на Марсеј имаше одлична сезона во француското првенство а одигра добро и во Лигата на шампионите.

Репрезентативецот на „коцкестите“  пристигна во францускиот прволигаш од редовите на Салзбург во 2018 година за 19 милиони евра. Сега Трансфермаркт го проценува на 25 милиони евра.


Миовски продолжува да тресе мрежи во Унгарија

Македонскиот фудбалски интернационалец и репрезентаивец Бојан Миовски кој настапува за екипата на МТК од Будимпешта има одлични настапи во претсезонските натпревари за својата екипа.

Напаѓачот на МТК откако имаше 4 асистенци на 3 подготвителни меча на МТК, од кои и победа со Динамо Москва со 2-0 во која Миовски учествува со асистенција, на денешниот натпревар со Мезоковед постигна и гол.

Нашиот интернационалец на извонреден начин го постигна првиот гол за МТК, а на исклучително атрактивен начин асистираше и кај вториот гол во победата од 3-0 на неговата екипа.


Барселона го крати буџетот за половина милијарда евра

Поради лошо финансиско работење, но и пандемијата на коронавирусот, Барселона ќе треба да го намали буџетот за плати за дури 514 милиони евра во претстојната сезона, пренесоа британските медиуми.

Во сезоната 2019/2020, каталонскиот клуб потроши дури 675 милиони евра за плати на играчите, а сега Лигата бара ограничувањето на платата да биде 161 милиони евра.

Како ќе успее Барселона, ако се знае дека само Лионел Меси заработи околу 75 милиони евра по сезона, не е познато. Исто така, Барселона должи дури една милијарда и 280 милиони евра.