feature

Евротип и Голд Слот со помош за црквата Св.Недела

Спортските обложувалници Евротип и Голд Слот клубовите уште еднаш се во акција. Овој пат, во пресрет на Велигденските празници, направен е зафат за осветлување на црквата Св. Недела, еден од најпосетуваните храмови во Битола.
Со поставувањето на рефлектори и осветлувањето на храмот, се подобрува целосната слика за истиот, храм кој е основан во 1863. година.
Евротип, заедно со Голд Слот клубовите како општествено-одговорни компании, како досега така и во иднина продолжуваат со своите акции за подобрување на општествениот живот во секој поглед. Овој пат, тоа се направи преку поставувањето на рефлекторите за осветлување на овој храм, а во иднина се планираат и дополнителни акции, со кои ќе се помогне секаде каде што помошта ќе биде потребна.
Во оваа прилика, спортските обложувалници Евротип и Голд Слот клубовите ги честитаат Велигденските празници, посакувајќи здравје, мир и благосостојба, апелирајќи празниците да се дочекаат одговорно и во согласност со препораките на Владата за време на пандемија.


УЕФА дозволи ростер од 26 фудбалери и пет замени за ЕП

Европската куќа на фудбалот донесе одлука да им дозволи на репрезентациите да повикаат 26 фудбалери за ЕП, а воедно го одобри и правилото за пет замени.
Наместо 23 фудбалери секој селектор ќе може на списокот да пријави 26, а УЕФА се одлучи на ваков потег поради проблемите со пандемијата и поголемиот број на измени.
Ова може да биде и добра вест за македонските фудбалери, бидејќи селекторот Игор Ангеловски нема потреба да го крати списокот и ќе може да повика 26 фудбалери.
Притоа, се очекува повеќе фудбалери да добијат минутажа на Европското првенство, бидејќи ќе има пет замени.


Македонија ги доби Словачка и Швајцарија за ривали во претквалификациите за СП во кошарка

Кошаркарската репрезентација на Македонија ги доби противниците во претквалификациите за Светското првенство (СП) кое во 2023 година ќе се одржи во Индонезија, Јапонија и Филипини.
Македонија како носител ќе игра во групата Ф од втората претквалификациска фаза, а на ждрепката се најде во група заедно со Швајцарија и Словачка.
Овие двете селекции се добро познати за нашата земја, затоа што против овие противници кошаркарите играа во претквалификациските фази за ЕП 2021. Македонија двапати беше подобра од Словачка, додека со Швајцарија победија во Скопје, но загубија гостински терен.

ПРЕТКВАЛИФИКАЦИИ, СП 2023:
ГРУПА Ф: Македонија, Словачка, Швајцарија
ГРУПА Ц: Шведска, Португалија, Австрија
ГРУПА Д: Летонија, Романија, Белорусија
ГРУПА Е: Црна Гора, Исланд, Данска


Гвардиола за Меси: Нема да пронајде подобар клуб!

Лионел Меси мора до крајот на јуни да одлучи каде ќе ја продолжи кариерата. Договорот со Барселона му трае до крајот на сезоната, а ПСЖ со сите сили се труди да го доведе Аргентинецот во своите редови. Меѓу заинтересираните минатото лето беше и Манчестер Сити.
Тогаш, Меси сакаше да ја напушти Барселона, меѓутоа на крајот одлучи да остане и сега голема е веројатноста дека ќе остане во Барселона до крајот на кариерата.
Со тоа се согласува и Пеп Гвардиола.
„Се надевам дека Лео ќе ја заврши кариерата во Барселона, бидејќи нема да пронајде подобар клуб.“ – вели тренерот на Сити.
Меси во Барселона пристигна во 2000. година, а за сениорскиот тим игра од 2004. година. Во 773 натпревари постигна 667 погодоци. Со Гвардиола соработуваше од 2008. до 2012. година.


Де Брујне: Сега сме само на половина пат до финале

Манчестер Сити со пресврт го победи ПСЖ 2-1 на „Паркот на Принцовите“, го отвори патот кон финалето, но Кевин Де Брујне кој реализираше еден гол смета дека ништо не е готово.
„На полувремето се договоривме да играме повеќе со топката, побрзо да стигнеме до зоната од каде можеме да бидеме опасни, морам да кажам, ова е само половина пат до финалето, не очекува реванш, ништо не е готово“ – изјави Де Брујне.
Де Брујне беше еден од најдобрите индивидуалци на теренот во Париз и еден од најзаслужните во тимот на Пеп Гвардиола за направениот пресврт и големата победа против ПСЖ на гостински терен.


Милан бара уште еден фудбалер на Лил ова лето

Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан започнал преговори со ѕвездата на Лил.
Станува збор за 22-годишnниот крилен напаѓач, Иконе кој оваа сезона има постигнато 7 гола и запиша 7 асистенции. Иконе е спремен на лето да ја промени средината, а миланскиот гигант веќе стапил во контакт со неговиот агент.
Францускиот клуб за неговата слобода бара 30 милиони евра, додека Милан е спремен да понуди 25 милиони евра.
Интерес за Иконе покажуваат и неколку клубови од Премиер лигата, но тој е блиску до договор со клубот од „Сан Сиро“.


Вториот најдобар стрелец во Франција бира помеѓу Барса и Јуве

Мемфис Депај, напаѓачот на Лион и во моментот втор стрелец во француското првенство, веќе некое време го договара својот трансфер во Барселона, каде повторно би работел заедно со Роналд Куман, со кого соработуваше во холандската репрезентација.
Депај сезонава постигна 18 погодоци за Лион, со кој има договор до крајот на оваа сезона. Неговите контакти со Барселона се во тек уште од минатата година, а финансиската криза е причина што каталонскиот клуб сега нуди двојно помалку од она што го нудеше минатата година.
Депај и Барселона веќе имаа неколку состаноци на темата негово доаѓање во клубот, но сега се замеша и Јувентус, кој исто така има желба да го доведе. Кристијано Роналдо, Пауло Дибала и Алваро Мората би можеле да го напуштат клубот од Торино на крајот од сезонава, а Јувентус е во потрага по играчи кои би замениле некој од овие тројца.
Холандскиот напаѓач би можел да пристигне бесплатно, што е прилика која би сакале да ја искористат и во се уште актуелниот италијански првак.


„Кралевите“ по секоја цена го сакаат Пау Торес

Примарна цел на Реал Мадрид на лето ќе биде засилување на одбраната, без разлика дали Рамос ќе остане на „Сантиаго Бернабеу“.
Како што пренесува доброинформираната „Марка“, прв на листата желби на „кралевите“ е дефанзивецот на Виљареал, Пау Торес.
24-годишниот Торес е шпански репрезентативец и еден од најдобрите дефанзивци во Примера и го привлече вниманието на многу европски гиганти.
Откупната клаузула на играчот на „жолтата подморница“ е 50 милиони евра, но Реал ќе се обиде да ја намали таа цена преку преговори.


Кое е најдоброто напаѓачко трио според Пеп Гвардиола?

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола пред дуелот со ПСЖ во полуфиналето од Лигата на шампионите имаше пофални зборови за Нејмар.
„Се сеќавам кога гледав видео исечоци од Нејмар додека беше тинејџер и си мислев ова е крал на Сантос. Да останеше Нејмар во Барселона, ќе освоеја уште два или три трофеи во Лигата на шампионите. Меси, Суарез и тој беа најдобри во офанзивата. Никогаш не сум видел таква напаѓачка тројка.“ – вели поранешниот тренер на Барселона.
„Сепак Нејмар одлучи да замине во ПСЖ и тоа не е лоша одлука. ПСЖ е добар клуб, а Париз убав град. Јас сум обожавател на Нејмар, тој е играч кој го подобрува фудбалот. Му посакувам што помалку повреди.“
Се осврна и на Килијан Мбапе.
„Млад е и тој е иднината на светскиот фудбал. Впрочем, тој е веќе светски првак. Ме импресионира како Халанд, го гледам и си велам себеси: Неверојатно! Колку голови даваат, со каква брзина.“ – заклучи Пеп.


Покетино пред Сити: Ќе биде тешко, но подготвени сме

Тренерот на Париз Сен Жермен, Маурисио Покетино изјави дека неговиот тим го очекува тежок дуел со Манчестер Сити во рамки на Лигата на шампионите.
„Ние сме мирни. Знаеме дека ќе мора многу да се бориме за да победиме еден фантастичен тим како Манчестер Сити. Ќе биде тешко и ќе мора да играме најдобро што можеме.”, рече Покетино на прес-конференцијата.
Аргентинецот зборуваше многу за Сити и тренерот Пеп Гвардиола.
„Мислам дека Сити е еден од најголемите тимови во светот со, исто така за мене, најдобриот тренер. Дали ќе биде потешко отколку против Баерн? Не знаеме.”, рече Покетино.
Првиот натпревар од полуфиналето во Лигата на шампионите ПСЖ и Сити го играат вечерва од 21. часот во Париз, а најголемата понуда за овој натпревар ќе ја најдете на www.evrotip.mk.