feature

Далиќ ќе ја води Хрватска до 2024 година

)

Селекторот на хрватската фудбалска репрезентација Златко Далиќ го продолжи договорот со националниот тим до 2024 година, соопшти прес-службата на Хрватскиот фудбалски сојуз.

Далиќ е на чело на хрватската репрезентација од октомври 2017 година, под негово водство репрезентацијата освои сребрени медали на Светското првенство во Русија 2018 година. Исто така, селекцијата на Хрватска обезбеди учество на Светското првенство – 2022 година во Катар. Во решавачкиот натпревар за првото место во квалификациската група, избраниците на Далиќ ја совладаа репрезентацијата на Русија.

Претходно беше објавено дека поранешниот напаѓач на хрватската репрезентација Марио Манџукиќ ја започнал својата тренерска кариера и дека 35-годишниот поранешен фудбалер е назначен за помошник на селекторот Златко Далиќ.


Роберто Манчини ги демантира шпекулациите кои го поврзуваат со клупата на Манчестер Јунајтед

Селекторот на италијанската фудбалска репрезентациј, Роберто Манчини ги демантираше информациите дека постои можност да биде тренер на Манчестер Јунајтед.

“Немам преговори со ниту еден клуб во Премиер лигата. Се што се пишува на таа тема не е точно. Мојата единствена цел во моментов е пласман на Светското првенство со репрезентацијата на Италија”, изјави Манчини.

На почетокот од оваа недела, тимот од „Олд Трафорд“ објавија дека Ралф Рангник ќе го води тимот до крајот на сезоната, по што германскиот стручњак ќе има консултантска улога во клубот, а накнадно ќе се бара нов тренер.


Џуд Белингем е главна трансфер цел на Ливерпул за следната сезона

Ливерпул има фаворитска улога за доведување на Џуд Белингем кој игра во топ форма за тимот на Борусија Дортмунд. 

Англискиот весник „Мирор“, пренесува дека тренерот на „црвените“ Јирген Клоп го посочил 18-годишниот англиски репрезентативец како главен приоритет за следната сезона, а за таа цел клубот ќе треба да издвои 90 милиони фунти.

Ова би бил рекорден трансфер за тимот од „Енфилд“, кој до сега најмногу пари потроши за купување на Вирџил Ван Дијк кој пристигна од Саутемтптон за 75 милиони фунти.


Тренерот Рангник носи психолог во Манчестер Јунајтед

Новиот тренер на Манчестер Јунајтед, Ралф Рангник, својата работа во клубот ја започна со победа во Премиер лигата над составот на Кристал Палас и успеа да ја консолидира одбраната која за прв пат после 15 натпревари успеа да не прими гол.

После натпреварот, Рангник укажа на некои детали и новини кои би сакал да ги воведе во тимот од „Олд Трафорд“. Една од новините кои ги напомена е и ангажирањето на спортски психолог во екипата. Тој планира да го донесе неговиот поранешен соработник од Лајпциг, Саша Ленс.

Ралф Рангник е со мислење дека психологот ќе биде од голема корист за играчите и дека во голема мера ќе помогне во подобрување на нивните перформанси.


Удинезе го разреши тренерот на екипата Лука Готи

Екипата на Удинезе соопшти дека го разреши од должноста досегашниот тренер на екипата, Лука Готи. 

Одлуката за отказот паднала после поразот на домашен терен од Емполи со 1:3, со што Удинезе остана на само една победа во последните 13 кола од Серија А.

„Упатуваме искрена благодарност до нашиот досегашен тренер кој ја водеше екипата во претходниот период. Клубот му посакува се најдобро на Готи во неговата професионална кариера“, стои во соопштението на Удинезе.

54-годишниот Лука Готи беше тренер на Удинезе од 2019 година.


Мбапе: Лесно е да играш со Меси

Париз Сен Жермен оствари победа од 4:1 против Бриж во последниот натпревар од групната фаза во Лигата на шампионите.

 Стрелци на по два гола за ПСЖ беа Килијан Мбапе и Лионел Меси а тимот од Париз обезбеди учество во осминафиналето од ЛШ.

По завршетокот на дуелот со гостите од Белгија, свое размислување даде и ѕвездата на тимот Килијан Мбапе.

„Лесно е да се игра со Лионел Меси, тој е најдобриот фудбалер во светот. Пред само неколку дена Ја освои Златната топка. Денес постигна два гола. Среќен е и се надевам дека ќе ни помогне во иднина”, изјави францускиот репрезентативец Мбапе за својот соиграч.


Нагелсман: Против Барселона ќе настапиме со најдобрите играчи

Тренерот на Баерн Минхен, Јулијан Нагелсман, изјави дека на натпреварот против Барселона ќе излезе со најдобриот состав кој го има на располагање. Со оваа изјава тој ги смири фановите на Бенфика кои стравуваа дека Нагелсман на вечерашниот натпреварот ќе игра со „втората“ постава на екипата.

Тренерот на „баварците“ поради повреди, нема да може да смета на Леон Горецка, Кимих, Гнабри и Чупо-Мотинг.

„Мануел Нојер и Роберт Левандовски ќе стартуваат против Барселона, не грижете се. Ќе одиграме најдобро што можеме“. порача Јулијан Нагелсман.


Американците најавија дипломатски бојкот на ЗОИ во Пекинг

САД соопштија синоќа дека нема да испратат владини претставници на Зимските олимписки игри (ЗОИ), закажани во периодот од 4 до 20 февруари идната година во Пекинг, по што Кина вети „контрамерки“ на таквиот дипломатски бојкот.

„САД објавија дипломатски бојкот на ЗОИ во Пекинг

Претседателот Џо Бајден минатиот месец изјави оти размислува за таков дипломатски бојкот како израз на критика за состојбата со човековите права во Кина, вклучувајќи го и тоа што официјален Вашингтон го нарекува „геноцид врз муслиманското малцинство во западната кинеска провинција Ксинџијанг“.

Администрацијата на Бајден нема да испрати дипломатски или официјални претставници на Зимските олимписки игри и Параолимписките игри во Пекинг 2022 имајќи го предвид геноцидот што се врши во Народна Република Кина и злосторствата против човештвото во Ксинџијанг, како и другите случаи на кршење на човековите права, изјави портпаролот на Белата куќа, Џен Пекси.

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи претходно денеска на брифинг во Пекинг повика поттикнувачите да не заговараат дипломатски бојкот на ЗОИ „со цел да не влијаат негативно врз дијалогот и соработката меѓу Кина и САД во важните подрачја“.

Инаку, САД треба да бидат домаќини на Летните олимписки игри 2028 во Лос Анџелес.


Николов со гол првенец во Лигата на шампиони

Членот на македонската фудбалска репрезентација, Бобан Николов постигна гол за Шериф Тираспол на гостувањето против Шахтјор во Лигата на шампиони.

Нашиот Николов влезе на натпреварот во второто полувреме кога резултатот беше 1:0 за домаќинот Шахтјор и може да се каже дека прикажа солидна игра во тимот на Шериф, која на крајот од натпреварот ја круниса со постигнување на гол за израмнување 1:1.

Тој во самиот финиш на натпреварот, односно во третата минута од судиското продолжување, прими топка пред противничкиот гол и со вешт удар успеа да ја смести во голот Шахтјор.

Бобан Николов и екипата на Шериф Тираспол, своето учество во Лигата на шампионите го заврши на третото место во групата Д, зад гигантите Интер и Реал Мадрид, со што обезбеди пласман во Лига Европа.


Жоао Феликс во јануари заминува од Атлетико Мадрид

Деновите на Жоао Феликс во Атлетико Мадрид се изброени.

Атлетико оваа сезона не бележи добри резултати, реална е шансата да испаднат од Лигата на шампиони, а во Примера моментално се на четврттото место на табелата.

Финансиската загуба од испаѓањето во Лигата на шампиони може да го натера клубот да продаде некои од своите играчи, а прв на листата е Жоао Феликс.

Португалецот падна во втор план кај Диего Симеоне откако пристигна Гризман, па неговата минутажа значително ќе се намали оваа сезона. „Јорганџиите“ за неговата слобода бараат најмалку 70 милиони евра, а неколку клубови веќе покажуваат интерес за Португалецот.

Жоао Феликс во 2019 година пристигна во Атлетико за рекорден трансфер од 127 милиони евра, но не ги опрадва очекувањата.