Американската тенисерка Аманда Анисимова е првата финалистка на Вимблдон, откако ја победи најдобрата тенисерка во светот, Арина Сабаленко.
Во натпревар што траеше два часа и 38 минути, Анисимова славеше триумф со резултат од 2-1 (6-2, 4-6, 6-4).
Вториот полуфинален пар наскоро Белинда Бенчиќ од Швајцарија во два сета загуби од Ига Швионтек од Полска.
Победа за Вардар, порази за Силекс и Работнички во Конференциската лига
Со победа од 3-0 над екипата на Ла Фиорита од Сан Марино, Вардар со една нога зачекори кон второто коло од квалификациите во Конференциската лига. Вечерва во Скопје, „црвено-црните“ одиграа две различни полувремиња, но на крајот ја израдуваа неколкуилјадната публика на Националната арена.
По оние 0:0 во првото полувреме, на стартот на вториот дел Азар Омерагиќ го отвори резултатот за водство на освојувачот на Купот на Македонија. Со автоголот на Мацоти во 66. минута Вардар поведе со 2-0, а конечните 3-0 ги постави Мато со гол во 68. минута. Вардар можеше да постигне и уште некој гол, со оглед на тоа што упати дури 20 шута кон противничкиот гол.
Останатите наши преставници во квалификациите за КЛ не се прославија. Силекс беше поразен од Дечиќ со 2-0 на гости во Црна Гора, а Работнички се враќа со убедлив пораз од 3-0 на мечот со Торпедо одигран во Унгарија.
Тиери Бери од шпански Виљареал се сели во Евертон
Англискиот прволигаш Евертон синоќа официјално го објави доаѓањето на 22-годишниот француски фудбалер Тиери Бери од шпански Виљареал.
Бери и Евертон договорија четиригодишна соработка, а англиските медиуми објавија дека трансферот е вреден околу 27 милиони фунти.
Бери настапуваш за француската репрезентација до 21 година на неодамнешното Европско првенство во кое Триколорите беа елиминирани во полуфиналето.
„Се чувствува дека Евертон е на прагот на нов почеток и сакам да бидам дел од тоа“, рече францускиот напаѓач, кој ја почна својата кариера во вториот тим на Сошо. Потоа играше за белгиски Беверен и швајцарски Базел, додека изминатата сезона настапуваше за Виљареал и постигна 11 голови на 35 натпревари во шпанската Ла Лига.
Еурофарм Пелистер 2 потпиша со француски десен бек
Повратникот во македонската ракометна Суперлига, Еурофарм Пелистер 2 ги засили своите редови за новата прволигашка сезона со францускиот десен бек Баптист Одифред.
„Дваесетишестгодишниот Одифред, висок 199 сантиметри, е одличен и ракометар со важна улога и во играта во одбрана“, соопшти битолскиот клуб.
Одифред доаѓа во Еурофарм Пелистер 2 со драгоцено меѓународно искуство од настапите Диферданж од Луксембург и јапонски Даидо Стил, откако претходно во Франција настапуваше за Дижон и Безансон.
Одифред потпиша двегодишен договор со Еурофарм Пелистер 2 и ќе му се приклучи на тимот на крајот на овој месец на почетокот на подготовките за новата сезона.
Алекс Маркез сака да вози веднаш по операција
Alex Marquez SPA
Gresini Racing MotoGP™
Ducati
MotoGP
Алекс Маркез само десетина дена по операцијата на скршената лева рака, заработена по тешкиот пад во Асен, Шпанецот е решен да се врати на патеката и да вози на претстојното Германско Гран При на Саксенринг.
Големото прашање во пресрет на Германското Гран При во Мото ГП е дали возачот на Гресини Дукати, Алекс Маркез, ќе биде подготвен да се врати на патеката.
По несреќата во Асен, каде што се здоби со скршеница на левата рака која бараше итна хируршка интервенција, Шпанецот покажува огромна решителност и оптимизам дека ќе може да настапи на легендарниот Саксенринг.
Иако заостанува 68 поени зад својот брат Марк Маркез во генералниот пласман, главната битка на Алекс е да го одбрани одличното второ место. Тој има солидна предност од 58 поени пред третопласираниот, Франческо “Пеко” Бањаиа, па секој освоен бод во Германија може да биде клучен во оваа борба.
Се разделија Ајакс и Џордан Хендерсон
Џордан Хендерсон постигнал договор со Ајакс за крај на соработката и ќе биде слободен агент во актуелниот преоден рок.
Повремениот англиски репрезентативец направи интересен потег, откако по незадоволството од престојот во Саудиска Арабија, реши да се врати во Европа, но во редовите на холандскиот гигант.
Искусниот играч за врска беше и капитен на Ајакс, но покрај обезбедениот настап во Лигата на шампионите, сезоната заврши со разочарувачки прокоцкани девет бодови предност во однос на ПСВ, кој на крајот ја освои титулата.
Чахланоглу останува во Интер, Галатасарај се откажа од Турчинот
Се чини дека турскиот репрезентативец Хакан Чалханоглу ќе остане во Интер за сезоната 2025/2026.
Според информациите од авторитетниот новинар Џанлука Ди Марцио, преговорите меѓу двата клуба не доведоа до договор, а Галатасарај веќе се откажа од своите намери да го врати 31-годишниот играч од средниот ред во Турција.
Истанбулскиот гигант ја истражуваше можноста за привлекување на Чалханоглу откако тој помина осум години во Италија – по четири сезони со тимовите на Милан и Интер. Претставници на Галатасарај беа во Италија оваа недела за уште еден потенцијален договор, имено привлекување на Виктор Осимен од Наполи, кој играше како позајмен играч во турскиот клуб во изминатата сезона 2024/2025.
Сепак, Интер од самиот почеток не сакаше пониска од 30 милиони евра.
Без таква понуда, преговорите не можеа да се спроведат, а клубот од Милано исто така инсистираше ситуацијата да се реши брзо, поставувајќи рок до крајот на јули за играчот да одлучи дали сака трансфер.
На крајот, Галатасарај не успеа да ги исполни условите на „нероаѕурите“ и, според Ди Марцио, турскиот клуб веќе престанал да се обидува да го потпише играчот. Значи, се чини дека Чалханоглу ќе остане дел од тимот на Интер за претстојната сезона.
Македонија скокна пет места на ФИФА листата
Фудбалската репрезентација на Македонија со победа и реми го одбележа јунскиот УЕФА прозорец, а тоа ни донесе скок на најновата ФИФА-листа за пет места.
Нашиот национален тим одигра дома со Белгија (1-1) и победи на гости кај Казахстан (1-0). Овие резултати донесоа напредок за пет позиции на рангирањето во ФИФА светската ранг-листа, па Македонија сега се наоѓа на 62-тата позиција.Од репрезентациите кои се со нас во групата од јвалификациите, Белгија е 8-ма, Велс е на 31 место, додека Казахтстан е 114-ти и Лихтенштајн 204-то место.
Помеѓу најдобрите пет селекции нема промени, Аргентина, Шпанија, Франција, Англија и Бразил ја сочинувата првата петорка. Шеста е Португалија која ја прескокна Холандија, осма е Белгија, а деветтото место ѝ припаѓа на Германија, која е пред Хрватска.
Наполи се вклучи во трката по Адемола Лукман
Фудбалерот на Аталанта Адемола Лукман се наметнува како опција за ново засилување на Наполи, кој ќе треба да ја зајакне својата атака во светло на потенцијалниот трансфер на Виктор Осимен во Галатасарај, соопштува телевизијата Sky Sport.
27-годишното крило има договор со Аталанта до 2027 година и моментално се проценува на околу 50 милиони евра.
Сега Наполи се наредува меѓу кандидатите за доведување на нигерискиот репрезентативец, но италијанскиот клуб не е сам во оваа конкуренција, бидејќи англискиот Арсенал одамна ги цени квалитетите на Лукман и ја разгледува можноста да го врати во Премиер лигата. Друг англиски тим, Вест Хем, и шпанскиот Атлетико Мадрид исто така ја следат ситуацијата.
И покрај интересот од англиските клубови, Адемола Лукман во моментов не е заинтересиран за враќање во Премиер лигата, што би можело да му даде предност на великанот од Серија А.
Наполи може да направи официјален чекор откако трансферот на Осимен ќе биде финализиран, но се очекува надпреварот за потписот на Лукман да се зажари во следните денови.
Киелини стана коспоственик на Лос Анџелес
Поранешниот италијански фудбалер Џорџо Киелини стана косопственик на клубот Лос Анџелес, објави оваа американска екипа.
Киелини, кој 18 години беше одбранбен столб на Јувентус и легенда на тимот, од 2022 година настапуваше за Лос Анџелес, каде што се повлече во 2023. Исто така, минатата година беше тренер во развојниот тим на клубот.
“Придружувањето на сопственичката група на Лос Анџелес за мене претставува огромна чест. Кога дојдов пред три години како играч, веднаш почувствував нешто посебно кон клубот. Тоа е амбициозна организација, изградена од извонредни луѓе и поддржана од заедницата која прави да се чувствувате како дома. Поради тоа минатата година искажав желба да станам сопственик и сега сум горд што можам да го поддржам проектот во кој искрено верувам”, изјави Киелини, се наведува во соопштението.
Киелини беше еден од најдобрите дефанзивци во светот во текот на неговата 23-годишна кариера.
Освои девет последователни титули во Серија А со Јувентус, како и титулата на Европското првенство во 2021 година со репрезентацијата на Италија.