feature

Никола Јокиќ и „Сомборскиот танц“ (видео)

Никола Јокиќ по којзнае кој пат сезонава ја воодушеви НБА лигата. Импресивно го одведе Денвер до тесна победа против Мемфис со 103:102.
Тој покажа зошто е кандидат за МВП во најсилната светска лига. Беше најдобар стрелец (28) и скокач (15), па втор најдобар асистент (7) на натпреварот, но победата на својата екипа ја сочува со потег во одбраната.
Три секунди пред крајот, Џа Морант тргна кон кошот како би постигнал погодок и да донесе победа на Мемфис, но во тоа го спречи Јокиќ. Мемфис бараше фаул, но не го доби. Судијата по натпреварот објасни дека ништо не досуди бидејќи Јокиќ „го дочека противникот и го спречи со вертикален скок во дозволена акција во одбрана.“
Пред тоа, Јокиќ во завршницата ги постигна последните пет поени за Денвер и на тимот му доведе минимална предност.
Сето ова Јокиќ го направи откако го напушти теренот поради повреда, во третата четвртина го напушти паркетот држејќи се за глуждот со болна гримаса.
Меѓутоа, набрзо се врати, а акцијата која со кош ја заврши на овој натпревар неговиот клуб ја нарече „Сомборски танц“.


За колку треба Јувентус да го продаде Роналдо да не биде во загуба?

Како што веќе пишувавме, по испаѓањето од Лигата на шампионите, Јувентус тргнува во реконструкција на екипата, а се уште не се знае каква е иднината на Кристијано Роналдо во Торино.
Италијанските медиуми се впуштија во калкулации, а некои медиуми пресметаа колку Јувентус би требал да заработи од продажбата на Португалецот како не би бил во голема загуба.
Предвид се земаат парите кои Јувентус ги добива од продажбата на дресовите и од спонзорите кои вложуваат исклучиво поради неговото присуство во екипата. Иако би можело да се претпостави дека цифрата е поголема, таа изнесува само 29 милиони евра!
Тоа не би требало да биде препрека за ниту еден сериозен клуб кој би сакал да го доведе, но во случај на трансфер, неговиот нов клуб би морал да ја преземе и неговата годишна плата од 31 милион.
Договорот на Роналдо со Јувентус истекува во 2022. година, а од клубот тврдат дека засега немаат намера да преговараат за продолжување. Кога ќе му истече договорот, Роналдо веќе ќе има 37 години.


Барса го продава Гризман за да го купи Халанд

Барселона ќе се обиде да го продаде Антоан Гризман во летниот преоден рок. Французинот пристигна како големо засилување, но не ги оптравда очекувањата на „Камп Ноу“. Тој е еден од најплатените фудбалери во тимот, па Барселона сака да се ослободи од неговата видока плата и е спремна да слушне понуди за Гризман. Иднината на Гризман ќе биде една од првите одлуки кои треба да ги донесе новиот генерален директор на Барса, Матеу Алеани. Каталонците се заинтересирани за Ерлинг Халанд и сакаат со продажба на Гризман да го финансираат трансферот на Норвежанецот.


Аврам Глејзер ги продава акциите од Манчестер Јунајтед

Еден од сопствениците на Манчестер Јунајтед, Аврам Глејзер, најави дека ќе ги продаде своите акции во клубот. Цената на истите во моментов се проценува на околу 100 милиони долари. Ова ќе значи дека семејството Глејзер по заминувањето на Аврам ќе остане со околу 3% помалку акции во Манчестер Јунајтед. Во моментов, Американците поседуваат 78% од имотот, а по раздвојувањето со споменатиот акционер, процентот ќе се намали на 74,9%. Одлуката е донесена само една недела откако клубот ги објави своите најнови финансиски резултати, според кои вкупните долгови на Манчестер Јунајтед се зголемија на 455,5 милиони фунти или за 64,5 милиони повеќе од минатата година.


Кој е условот за Барселона да го доведе Агуеро?

Аргентинските медиуми јавуваат дека Серхио Агуеро добил понуда од Барселона да и се приклучи пред почетокот на идната сезона. Аргентинскиот напаѓач, кој е најдобар стрелец во историјата на Манчестер Сити, има важечки договор со англискиот клуб до крајот на сезонава, а неговиот евентуален трансфер во Барселона многумина го гледаат како обид на клубот да се задржи Лионел Меси. Агуеро оваа сезона не се наигра, делумно поради повреди и поради тоа што Манчестер Сити и без него има сјајни резултати. Разделбата е на повидок, а и самиот Агуеро неодамна потврди дека би сакал да заигра со Меси. Шпанските медиуми ја продолжуваат оваа приказна и тврдат дека тоа е можно, но само доколку Агуеро се согласи на драстично намалување на платата. Барселона е во финансиски проблеми, се најавуваат нови намалувања на платите и нов голем терет врз буџетот не доаѓа предвид. Агуеро има плата од 15 милиони евра по сезона, а доколку сака да заигра во Барселона, ќе мора да се согласи на намалување на платата од 50 отсто.


Македонија без Стоилов на гостувањето во Алборг

Репрезентацијата на Македонија нема многу за славје после големата победа над Данска, веќе во недела треба да им гостуваме на Данците во Алборг. „Црвено-жолтите“ се надминаа себе си и одиграа фантастичен натпревар на дебито на Кире Лазаров како селектор-играч. Сепак сега за вториот натпревар со Данска, Лазаров се соочува со проблем. Од составот отпадна Стојанче Стоилов поради повреда. Затоа во Алборг Лазаров ќе мора да се потпре на Жарко Пешевски и Никола Маркоски. Ќе потсетиме претходно пред вчерашниот натпревар за двата дуели отпадна Димитар Димитриоски. Дуелот помеѓу Данска и Македонија се игра во недела од 16:00 часот.


Скудетото е веќе во главата на дефанзивецот на Интер

Фудбалерот на Интер, Милан Шкринијар изјави дека неговата екипа веќе не е „лудиот Интер“. Интер е во серија од седум победи по ред во италијанското првенство, односно 10 натпревари без пораз и е прв на табелата со шест бодови повеќе од второпласираниот Милан. „Ова веќе не е лудиот Интер. Ова е Интер на Конте. Оваа година Серија А е поизрамнета во однос на минатата сезона. Среќни сме што сме први, но мораме тука да останеме до крајот.“ – изјави Шкринијар. Шкринијар го постигна победоносниот погодок во натпреварот против Аталанта, а Интер сезонава е доста критикуван поради дефанзивната игра. „Не им се допаѓа на сите нашиот стил на игра, но во овој момент најважно е да се победува. Мораме да освојуваме бодови дури и ако играме лошо.“ – наведува словачкиот фудбалер. Тој рече и дека на своето тело ќе го истетовира шампионскиот трофеј доколку Интер го освои. „Мораме да се концентрираме како би правеле што помалку грешки. Ако го освоиме Скудетото, ќе го истетовирам на мојата кожа. Тоа ќе биде момент за паметење.“ – заклучи Шкринијар.


По испаѓањето од ЛШ, Јувентус оди на „ремонт“!

Актуелниот италијански шампион Јувентус пред три години го доведе Кристијано Роналдо во обид да ја освои Лигата на шампионите, а со славниот Португалец во три сезони не стигна ниту до полуфинале. Роналдо во три години за Јувентус постигна 14 погодоци во ЛШ, еден помалку од учинокот во последната година во Реал. Освен тоа, Јувентус до неговото доаѓање во последните десет години два пати играше финале, а со најскапиот играч во клупската историја не отиде подалеку од четвртфинале. Се уште не се знае каква е иднината на 36-годишниот Роналдо во Јувентус, а италијанскиот новинар Фабрицио Романо јавува дека клубот наскоро ќе решава за тоа. Договорот на Роналдо со Јувентус трае до крајот на идната сезона. Романо наведува и дека Јувентус ќе прави „ремонт“ на екипата, а Вестон Меккени, Федерико Киеза, Матијс Де Лихт и Војчех Шчешни ќе бидат играчите околу кои ќе се гради новиот Јувентус. Извесно е дека клубот ќе го напушти Арон Ремзи, кој не се покажа како засилување, а тренерот Андреа Пирло веќе најави дека останува на клупата и нема намера да си замине по неуспехот во Лигата на шампионите.


Федерер се врати, па најави повторно повлекување!

Роџер Федерер, еден од најдобрите тенисери на сите времиња, но сега по година дена пауза и поради повреда и операција на коленото дури шести играч на светот, ги изненади сите со својата објава по поразот во четвртфиналето во Доха. По поразот од 42. играч од АТП листата, Николоз Басилашвили, иако имаше меч топка, Федерер објави дека повторно се повлекува. „Беше одлично да се вратам на терен, уживав во секоја минута помината во Доха. Голема благодарност до мојата екипа која ми помогна да дојдам до овде. Сепак, одлучив дека би било подобро да се вратам на тренинзите и затоа нема да играм во Дубаи наредната недела. Поразот во Доха веќе го преболив, можеби никогаш полесно. Започнав од нула и среќен сум што успеав да одиграм два натпревари во три сега со одлични играчи. Тоа беше доста важен чекор за мене. Се уште не сум на 100 отсто, тоа можам да го видам и почувствувам. Целта ми е да бидам на максимум до почетокот на сезоната на трева, тогаш за мене започнува сезоната. Можеби ќе бидам подобар пред турнирите на трева, но тоа би бил само бонус.“ – вели Федерер. 40-годишниот Федерер е освојувач на 20 гренд слем титули, што е рекорд кој го дели со Рафа Надал. Меѓутоа, опасно им се приближува седум години помладиот Новак Ѓоковиќ, кој со триумфот на Австралија Опен дојде до 18 гренд слем титули, а неодамна го сруши рекордот на Надал по бројот на недели поминати на првото место на АТП листата. Новак е таму веќе 311 недели.


„Кралевите“ започнаа преговори со Варан за нов договор

Реал Мадрид започна преговори за нов договор со еден од нивните главни дефанзивци – Рафаел Варан. Актуелниот договор на централниот дефанзивец со Реал Мадрид истекува летото 2022 година. Од „Сантијаго Бернабеу“ се надеваат дека ќе ја избегнат можноста да го загубат овој фудбалер без никакво обештетување за помалку од една година и се решени да му се посветат на играчот за многу подолг временски период. Според „Марка“, преговорите течат добро и наскоро се очекува договор меѓу двете страни. Во последно време се почести се шпекулациите за иднината на 27-годишниот дефанзивец, па дури имаше информации дека играчот им рекол на управата на Реал Мадрид дека сака да замине на лето. Сепак, доколку се согласи на нов договор со актуелниот шпански шампион, Варан сигурно ќе ги олади амбициите на другите големи европски клубови да го привлечат во нивните редови. Французинот игра во Реал Мадрид од 2011 година, кога го купија од неговиот матичен клуб Ленс. Оваа сезона Варан има 33 натпревари во сите натпреварувања и постигна два гола.