Финалето во овогодинешниот Суперкуп на Европа кое требаше да се игра во Белфаст ќе биде преместено во Истанбул, градот кој требаше да биде домаќин на финалето во Лигатан а шампионите. Истанбул требаше да ги пречека двата најдобри тима на „стариот континент“, но одлуката на крајот падна Сити и Челзи да играат на „Драгао“ во Португалија. Турците секако ќе добијат материјална оштета поради трошоците за организација во изминатите месеци, но УЕФА дополнително им излезе во пресрет и им дозволила да го организираат Суперкупот кој е планиран да се одигра кон крајот на летото. И во него би можеле да гледаме дуел на две англиски екипи затоа што Манчестер Јунајтед во финалето од Лигата на Европа игра против Виљареал.
Георгиевски ќе биде македонски знаменосец во Токио
Македонскиот таеквондист, Дејан Георгиевски, ќе биде знаменосец на Македонскиот олимписки тим на Олимписките игри во Токио кои ќе се одржат годинава од 23 јули до 8 август. Оваа информација ја пренесе тренерот на таеквондо клубот „Бутел“, Дарко Костовски, на својот фејсбук профил. „Денеска е ден на Македонското знаме! Почитувани, со посебно задоволство сакам да ве известам дека нашиот олимпиец Дејан Георгиевски ќе биде знаменосец на Македонскиот олимписки тим на олимписките игри во Токио“, вели Костовски. Георгиевски минатата недела на квалификацискиот турнир во Софијa ја обезбеди олимписката норма за настап на ЛОИ во токио победувајќи го актуелниот олимписки шампион Радик Исаев од Азербејџан.
Први проблеми за Ф1 караванот!
Трката за Големата награда на Турција во шампионатот на Формула 1 е откажана поради пандемијата на коронавирусот. Тркачкиот викенд од 11. до 13. јуни, кога беше планирано одржувањето на натпреварот во Турција ќе биде слободен, додека Големата награда на Франција ќе се вози една недела порано, од 18. до 20. јуни, пренесува шампионатот. Новата трка која е додадена во календарот е Големата награда на Штајер од 25. до 27. јуни, а недела дена подоцна на истата стаза „Спилберг“ ќе се вози и за Големата награда на Австрија (2. до 4. јули). Спилберг и минатата година беше домаќин на два викенди во јуни, а по овие промени останува истиот број на трки во Формула 1 шампионатот, 23.
Чалханоглу од Милан се сели во Јуве
Италијанските медиуми тврдат дека Јувентус е на чекор да го „украде“ Хакан Чалханоглу од редовите на Милан. Турскиот репрезентативец во последно време игра во фантастична форма и е клучен играч кај „росонерите“, но проблем за Милан е што неговиот договор истекува на крајот на сезоната. Милан сака по секоја цена да го задржи на „Сан Сиро“, но двете страни се далеку од договор. „Росонерите“ нудат 4 милиони евра по сезона, а турскиот плејмејкер бара 6 милиони евра. Италијанските медиуми пренесуваат дека Јувентус е спремен да ги задоволи финансиските барања на Чалханоглу и играчот е многу блиску до трансфер во Јувентус.
Италијанското финале на Купот ќе се игра пред фанови на трибините
Раководството на италијанската Серија А одлучи финалето од Купот на Италија да се игра со присуство на навивачи. Јувентус и Аталанта на 19 мај ќе играат на „Мапеи“ стадионот во Реџо Емилија каде што ќе одлучат кој оваа година ќе биде шампион во Купот на Италија. Управата на Серија А одлучи да дозволи присуство на навивачи од 20% од капацитетот на стадионот, па според тоа на трибините ќе има 4.000 навивачи. Двата тима ќе добијат по 2.000 влезници за своите навивачи, а секако дека ова е добар чекор кон враќањето на публиката на стадионите во Италија. Ќе потсетиме Италија беше помеѓу најпогодените земји од коронавирусот и за целата земја ова сигурно ќе биде голема работа. Финалето од купот се игра во среда од 21:00 часот, минатата сезона овој трофеј го освои екипата на Наполи.
Кун Агуеро се враќа во Шпанија, ќе го облече дресот на Барса
Се погласи се најавите дека Серхио Агуеро ќе стане нов играч на Барселона. Аргентинските медиуми објавија дека Агуеро ги договорил сите услови со каталонскиот гигант околу неговото преминување на „Камп Ноу“. Според последните информации се ќе биде официјализирано после финалето во Лигата на шампионите во кое Сити ќе игра против Челзи. Кун во претходните денови разговарал со претседателот на Барселона Жоан Лапорта и се согласил на условите кои му ги понудил каталонскиот тим. Агуеро така после 10 години повторно ќе заигра во Ла Лига каде што претходно го носеше дресот на Атлетико Мадрид, а од Сити заминува после една деценија помината во клубот.
Абрамович ќе му даде богатство на Тухел за трансфери летово
Роман Абрамович ќе му даде на Томас Тухел 150 милиони фунти за летни трансфери, пренсуваат медиумите на Островот. Челзи минатото лето потроши 250 милиони за летна селекција, не ја започна добро сезоната, но Тухел успеа да го однесе тимот во финалето од Лигата на шампиони и ФА Купот. Раководството на клубот е исклучително задоволно од работата на Германецот и ќе му даде солиден буџет за да донесе засилувања по негова мерка. Се очекува примарна цел да биде централен напаѓач бидејќи Жиру и Абрахам се на излезна врата, а Вернер не ги оправда во целост очекувањата.
Евротип предлог тикет – Недела 16.05.2021
Еден од најдобрите спортски новинари во државата и регионот – Зоран Мишевски селектира дел од понудата за денешните натпревари и ни даде свое гледиште како би се одвивале истите. Украдете дел од идеите или преземете ги неговите типови, па се надеваме на добивки. Предлог тикетот во ЕВРОТИП носи над 30 коефициент:
Евертон – Шефилд Јунајтед | 1-1 Мајската форма на Евертон на Анчелоти радува, а и календарот им е во прилог. Победата против Шефилд Јунајтед во ниту еден момент не треба да биде доведена во прашање, па бодовите треба да останат на „Гудисон парк“.
Тотенхем – Волвс | 1, 3+ „Волците“ немаат посебен мотив за игра до крајот на сезоната и мора да се надминат себеси за да извлечат позитивен резултат против „петлите“. Тотенхем е апсолутен фаворит, иако Волвс не му лежи како противник. Бејл се очекува во стартниот тим, а офанзивната формација треба да му даде резултат на Мејсон.
ПСЖ – Ремс | 1-1 Само теорија игра со шансите на ПСЖ за титулата во Лига 1. Иако уморни од силниот ритам среда-недела, момците на Почетино се големи фаворити и би требало лесно да се справат со Ремс. Мбапе се врати во врвна форма, а со тоа и проблемите на противникот се уште поголеми.
Олимпик Марсеј – Анжер | 1, 3+ Доаѓањето на Сампаоли на кормилото на Олимпик Марсеј донесе позитивни промени, екипата игра полетно и допадливо, а има и противник по мерка. Бенедето и Тован играат во одлична форма, а со тоа и целата екипа се движи во позитивна насока.
Мајнц 05 – Борусија Дортмунд | 2 По финалето на Купот, Борусија Дортмунд има уште поважна мисија, а тоа е пласман во Лигата на шампионите. Халанд се враќа во тимот, а историјата нуди многу голови кога се среќаваат овие две екипи. Составот на Терзиќ важи за огромен фаворит за освојување на трите бода.
Артета во проблеми, столбот на одбраната го напушта Арсенал
Искусниот бразилски фудбалер Давид Луиз ќе го напушти Арсенал на крајот од оваа сезона бидејќи не се согласи со лондонскиот клуб на продолжување на соработката, пренесува британскиот весник Дејли Мејл. Луиз пред две години пристигна на „Емирати“ од Челзи, а според сознанијата на овој извор, одлучи да го напушти клубот по истекот на сегашниот договор. Во клубот имаа желба да го задржат 34-годишниот Бразилец, но намерите не им се поклопија, па веќе ова лето ќе мора да бараат друго решение за централната дефанзива. Луиз досега одигра 73 натпревари за Арсенал и важеше за еден од незаменливите играчи во тимот на Микел Артета.
Проблеми во Јувентус, се бара одложување на исплата на платите
Според пишувањата на италијанскиот Газета дело Спорт, Јувентус побара од своите играчи да прифатат одложување на исплата на платите. Наводно се работи за период од четири месеци, од март до јуни годинава. Тој медиум уште во април пишуваше дека тоа е опција, но тогаш никој од Јувентус не ја потврди информацијата. Минатата година играчите на сега веќе поранешниот италијански шампион се согласија на слично барање поради кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот. Проценката е дека „старата дама“ на тој начин минатата година заштеди околу 90 милиони евра. Тренерот Андреа Пирло пред неколку дена ги демантираше гласините за таквите барање и изјави дека платите се исплаќаат редовно. Во наредните неколку денови би требало да се знае дали играчите ќе се согласат на договор со клубот. За потсетување, Интер неодамна ги замоли играчите на слична одлука.