feature

Седлоски и Алиоски: Подготвени сме за предизвикот против Турција

Македонската репрезентација во Истанбул, ги привршува подготовките за утрешниот контролен натпревар против Турција, една од селекциите кои обезбедија пласман на Светското првенство.

Во пресрет на дуелот на стадионот „Шукру Сарачоглу“, селекторот Гоце Седлоски истакна дека натпреварот претставува одлична можност за проверка на квалитетите на новиот тим што се создава.

„Турција е исклучително квалитетна репрезентација со фудбалери кои настапуваат на највисоко европско ниво. За нас ова е уште еден важен тест во процесот на градење на тимот. Немаме многу време за работа, но задоволен сум од односот и ангажманот на играчите. Сакам да се претставиме во добро светло и да покажеме дека можеме рамноправно да се носиме и со вакви противници“, изјави Седлоски.

Селекторот најави можност за промени во составот во однос на натпреварот против Босна и Херцеговина, со цел шанса да добијат и останатите репрезентативци.

„Во составот имаме многу нови играчи, меѓу нив и седуммина од домашното првенство. Важно е сите да почувствуваат што значи да се игра за репрезентацијата и постепено да се вклопат во системот. Резултатот е важен, но уште поважно е да изградиме препознатлива игра и тимска хемија“, додаде Седлоски.

На прес-конференцијата се обрати и Езѓан Алиоски, кој порача дека ваквите натпревари се од големо значење за развојот на селекцијата.

„Ова се мечеви од кои можеме многу да научиме. Против Босна и Херцеговина покажавме добри работи, но јасно е дека е потребно време за да се воиграме. Секој ваков натпревар е ново искуство и нов чекор напред за тимот“, рече Алиоски.

Македонскиот репрезентативец зборуваше и за значењето на дресот со број 10, кој го носи во отсуство на капитенот Енис Барди.

„Голема чест е да се носи тој број во националниот тим. Сепак, најважно е она што ќе го покажеш на теренот. Репрезентацијата секогаш ми била посебен мотив и се надевам дека ќе продолжам да придонесувам за нејзините успеси“, истакна Алиоски.

Контролниот натпревар меѓу Турција и Македонија ќе се одигра утре на стадионот „Шукру Сарачоглу“ во Истанбул, со почеток во 18:30 часот.


Интер ќе пазари во одбраната на Удинезе

Новиот италијански фудбалски шампион, Интер, веројатно ќе го ангажира стоперот на Удинезе, Умар Соле, велат последните информации од „чизмата“.

Централниот бек може да потпише договор до 2031 година со плата од 2,5 милиони евра нето по сезона. Покрај Французинот кој е висок 192 см, „нероаѕурите“ сакаат во текот на летото да го ангажираат и корпулентниот дефанзивец на Сасуоло,Тарик Мухаремовиќ.

Што се однесува до Соле, тој има настапувано и во Бундес-лигата во екипата на Лајпциг.


Прволигашите Брера и Пелистер ги загубија баражите и се селат во Втора лига

Скопје и Шкендија Арачиново, следната сеозна ќе играат во Првата македонска фудбалска лигга. Второлигашите, во бараже мечевите беа поуспешни од прволигашите, Брера и Пелистер.


Скопје и Брера, својот натпревар го одиграа во Битола. Дуелот беше решен во 88-та минута со голот на Трајчески. Претходно, во 86-та минута, Ангелов не реализираше пенал за Скопје.

Пелистер и Шкендија од Арачинови играа на стадионот во Квадарци.

Шкендија поведе со голот Назифи во првото полувреме. Марко Ивановски, во вториот дел не успеа да реализира пена за Пелистер. Екипата од Битоал, до 1:1, дојде во последните секунди, во 97-та минута преку Петковски.

Во пенал рулетот, блесна голманот на Шкендија, Антонио Столевски и му овозможи на својот тим пласман во елитниот ранг на македонскиот фудбал.


Мајкл Олисе е фудбалер на сезоната во Бундеслигата

Крилниот напаѓач на Баерн Минхен, Мајкл Олисе, е прогласен за играч на сезоната во Бундеслигата, според анкетата спорведена меѓу играчите.

„Кикер“ традиционално анкетираше 199 играчи од германското првенство на крајот од сезоната за да ги идентификува најдобрите.

Олисе доби 40,7% од гласовите. Првите тројца беа Јан Диоманде (15,1%) од РБ Лајпциг и Лука Вушковиќ (11,1%) од Хамбургер.

Најдобриот стрелец во Бундеслигата за сезоната, Хари Кејн, се најде на четвртото место во анкетата, добивајќи 10,1% од гласовите.


Пораз во пелагониското дерби и осмо место на крајот на Суперлигата за Еурофарм Пелистер 2

Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 со пораз ја завршија авантурата во плеј-аутот на македонската Суперлига, откако загубија од Прилеп на домашен терен со 24-28 (12-14). Гостинскиот тим одигра подобар натпревар, имаше два гола предност на паузата (12-14), а во второто полувреме стави во уште посилна брзина, не дозволувајќи им на битолчани да се вратат во резултатска смисла.

Имаше Прилеп во еден момент и осум гола позитива, јасно ставајќи до знаење дека е поквалитетен тим. На крајот, конечниот резултат гласеше , а најдобар поединец кај победниците беше Димитар Димитриоски со десет погодоци. Кај домашниот тим, добар настап имаше Петар Марковски, кој постигна седум голови,

Екипата на Еурпфарм Пелистер 2 го заврши плеј-аутот на второто место, зад Прилеп, и вкупно е осмопласирана во Суперлигата за сезоната 2025/26. И следната сезона овој млад тим ќе игра во елитната категорија.


Де Хеа е прва опција за голот на Јуве

Давид де Хеа има импресивни партии во дресот на Фиорентина, а последните информации од Италија велат дека тој ова лето би можел да направи трансфер во друг тим од Серија А.

Наводно, Јувентус сака да го ангажира Давид де Хеа бидејќи нивната прва желба, Алисон Бекер е се подалеку од Торино.

Големи се шансите Алисон да остане во Ливерпул, црвените сакаат да го задржат на Енфилд.

А во таков случај втора опција на Јувентус е Давид де Хеа, кој има 35 години и пред себе сигурно има уште неколку сезони на врвно ниво.


Челзи го исмеа Арсенал по поразот во финалето на ЛШ

Фудбалерите на Арсенал не успеаја да ја освојат својата прва титула во Лигата на шампионите, Во драматичното финале, во Будимпешта, ПСЖ беше подобар од нив по изведувањето на пенали со 4:3, откако по 120 минути играша резултатот беше 1:1.

И додека Арсенал и сите негови фанови тагуваа, градскиот ривал Челзи им упати жестока провокација на социјалните мрежи.

Двократниот европски шампион Челзи објави порака на своите социјални мрежи во која се потсмева на новото разочарување на Арсенал.

„Дојдете и посетете го домот на трофеите во Лондон. Резервирајте ја вашата тура до стадионот на „Стемфорд Бриџ“ сега“, објави Челзи.

Објавата беше придружена со емотикон за трофеј и две ѕвезди, јасна алузија на нивните две титули во Лигата на шампионите освоени во 2012 и 2021 година.

Арсенал, од друга страна, сè уште чека на својата прва европска круна. Ова беше второ финале на Лигата на шампионите и втор пораз за Арсенал. Тие играа во финалето за прв пат во 2006 година, кога Барселона победи со 2:1.


Гордон: Научив шпански затоа што верував дека ќе играм за Барселона

Англискиот фудбалер Ентони Гордон го коментираше неговиот трансфер во шпанскиот клуб од Њукасл. Напаѓачот потпиша петгодишен договор.

  • Сакав да играм за Барселона уште од мои три години. Зборувам шпански затоа што верував дека ќе играм за Барса. Имав физиотерапевт во Њукасл кој беше Шпанец и зборувавме шпански секој ден, изјави Гордон на официјалната веб-страница на каталонскиот клуб.

Во сезоната 2025/26, Гордон одигра 46 натпревари за Њукасл, постигнувајќи 17 гола и пет асистенции.

„Трансфермаркт“ ја проценува неговата вредност на 60 милиони евра.


Сабаленка ја победи Касаткина во третото коло на Ролан Гарос

Светскиот рекет број еден, Белорусинката Арина Сабаленка, попладнево ја победи Австралијката Дарија Касаткина во третото коло на Ролан Гарос со 6-0 и 7-5.

Натпреварот траеше 1 час и 17 минути. Сабаленка сервираше еден ас, направи две двојни грешки и реализираше пет од 10 брејк топки.

Касаткина сервираше еден ас, направи четири двојни грешки и реализираше една од две брејк топки.

Во четвртото коло на Отвореното првенство на Франција, белоруската тенисерка ќе се соочи со Јапонката Наоми Осака.

Вкупен награден фонд на Грен слемот во Париз изнесува 71,6 милиони долари.


Артета: Судијата можеше да досуди пенал врз Мадуеке

ПСЖ ја освои Лигата на шампионите, откако по изведување на пенали го победи Арсенал. Финалето заврши со резултат 1:1 по регуларното време, а во продолжението од половина час не беа постигнати голови.

Каи Хаверц постигна гол во 6-та минута за Арсенал, додека Усман Дембеле постигна гол од пенал за ПСЖ во 65-та минута. Тренерот на Арсенал, Микел Артета, се обрати по натпреварот.

„Не игравме финале на Лигата на шампионите 22 години. Мораме да ја цениме сезоната што ја имавме. ПСЖ е одличен тим и им честитам. Тие имаат индивидуален квалитет, и одличен тренер. Горд сум на мојот тим, знам низ што поминале. Привилегија е да ги предводам овие играчи. Ја освоивме Премиер лигата, но не стигнавме до најголемиот трофеј“, рече Шпанецот, а потоа се осврна на дуелот во кој Нуно Мендес го собори Нони Мандуеке во шеснаесетникот.

„Лесно можевме да добиеме пенал. Ги гледав сите пенали во Лигата на шампионите оваа сезона што беа досудени. Ги гледав последните три дена за да разберам што е пенал, а што не. Пеналот што беше досуден против Москера, оној што не му беше досуден над Мадуеке, а потоа и со пеналите, тие разлики не ни одеа во прилог“, рече Артета.

Се осврна на трагичниот Габриел, но и на Езе, кој исто така не беше прецизен во пенал рулетот.

„Габриел сакаше да го изведе петтиот пенал. Обично пеналите ги изведуваат Сака, Едегор и Хаверц, тоа е сигурно, но знаевме кога одевме на продолженија и пенали дека други играчи ќе ги изведат. Имавме квалитет, на тренинзите Езе никогаш не промашува. Мора да земете еден шут и за жал немавме иста прецизност“, вели Артета.