feature

Македонија коорганизатор на ЕП во одбојка во 2023 година

Македонија и љубителите на одбојката добија одлични вести, а тоа е дека нашата земја ќе биде организатор на една до групите на Европското првенство во одбојка за сениори кое е закажано за 2023 година. Првиот човек на Европската одбојкарска конфедерација Александар Боричиќ гостуваше во нашата земја и ја соопшти добрата вест на состанокот со премиерот Зоран Заев и претставници на Одбојкараската федерација на Македонија. „Сега кога Владата ја поддржува организацијата на големите европски настани според највисоки стандарди, а тоа се однесува на Европската сребрена лига 2021, на Европското првенство за одбојкарки до 19 години во 2022, како и на една група од сениорското машко Европско првенство во 2023, можам да кажам дека Одбојкарската федерација на Северна Македонија им се доближи на најдобрите организатори на големите одбојкарски настани во Европа“, рече Боричиќ. Македонската одбојкарска репрезентација игра одлично во изминатите неколку години, а со тоа обезбеди пласман и настап на две Европски првенство, што е доволен показател дека се работи добро за развојот на овој спорт во нашата држава.


Арсенал се вклучи во трката за десетката на Милан

Италијанските медиуми пренесуваат дека Арсенал е силно заинтересиран за плејмејкерот на Милан, Хакан Чалханоглу. Турскиот репрезентативец во последно време игра во фантастична форма и е клучен играч кај „росонерите“, но проблем за Милан е што неговиот договор истекува на крајот на сезоната. Милан сака по секоја цена да го задржи на „Сан Сиро“ и веќе започна преговори со неговиот агент, но двете страни не можат да се договорат. Ситуацијата будно ја следи Арсенал кој е спремен да ги задоволи финансиските барања на Чалханоглу и да го донесе на „Емирати“. Покрај „топџиите“ за плејмејкерот интерес покажуваат уште Челзи и Јувентус.


Квадрадо добива нов договор во Јувентус

Раководството на Јувентус ќе му понуди нов договор на 32-годишниот колумбиски фудбалер Хуан Квадрадо. Тековниот договор на играчот со „Старата дама“ е до летото 2022 година, а новиот предлог ќе биде договор за продолжување до 2023 година. Оваа сезона, Квадрадо има 33 натпревари за Јувентус и досега 15 асистенции.


Задолжителен карантин за будндеслигашите!

Првите луѓе на Бундеслигата донесоа одлука за задолжителен карантин за сите фудбалски клубови кој ќе започне в понеделник на 3 мај. На сите инволвирани во првата и втората лига ќе им биде дозволено да го напуштаат домот само за натпреварите и тренинзите за да се намали можноста за ширење на заразата. Тоо значи дека до крајот на сезоната сите клубови ќе мора да одат во карантин.


Ал-Келаифи е наследникот на Ањели на чело на ЕКА

Првиот човек на францускиот шампион ПСЖ, Насер Ал-Келаифи, кој немаше намера да се приклучи на Суперлигата, е новиот претседател на Европската асоцијација на клубови (ЕЦА). Катарскиот магнат го замени на позицијата досегашниот претседател и прв човек на Јувентус, Андреа Ањели, кој беше еден од иницијаторите на неуспешниот проект. „На фудбалот му требаат вистински луѓе на лидерските позиции, а Насер е личност која во минатото докажа дека е во состојба да ги штити не само своите, туку и интересите на другите клубови, што е предуслов за позицијата претседател на Здружението на Европски клубови“, рече првиот човек на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА), Александар Чеферин.


Ибра и Милан се договорија за нова едногодишна соработка

Шведскиот фудбалски интернационалец во редовите на Милан, Златан Ибрахимовиќ, го продолжи договорот до летото во 2022 година или практично до крајот на неговата кариера, објавија медиумите во Италија. Миланезите му понудија нова соработка на популарниот Ибра со што на некој начин му ја исполнија желбата. „Росонерите“ со интересен пост на Твитер „навестија“ дека договорот е потпишан и дека Ибрахимовиќ ќе остане на „Сан Сиро“ и за наредната сезона.


Валверде закачи ковид, Зидан без уште еден клучен фудбалер

Играчот за врска на Реал Мадрид, Федерико Валверде, бил позитивен на тестот за коронавирус, објави денеска клубот. Реал Мадрид додаде дека Федерико Валверде бил изолиран штом излегоа резултатите. Тестот беше направен пред мечот со Хетафе. Во оваа ситуација, 22-годишниот Уругваец го пропушти натпреварот со Кадиз, а ќе го нема и на престојното гостување кај Бетис. Во оваа ситуација, тренерот Зинедин Зидан остана без седум играчи поради повреди, казни или ковид-19. Капетанот Серхио Рамос исто така има коронавирус. Неговиот колега во средината на одбраната, Рафаел Варан, само што се опорави и треба да излезе од карантин.


Симовски сменет, Македонија ќе добие нов селектор на женската репрезентација

Симе Симовски повеќе не е селектор на македонската женска ракометна репрезентација. РФМ на освојата официјална страница извести дека соработката со него е спогодбено раскината. „Ракометната Федерација на Македонија ја информира јавноста дека Македонската куќа на ракометот и Симе Симовски, на 22 април 2021 година, взаемно се спогодија да ја прекинат соработката за ангажманот на женските национални селекции. Ракометната Федерација на Македонија упатува благодарност за досегашниот ангажман на г. Симе Симовски кој ја извршуваше оваа функција непречено во периодот септември 2015 – април 2021 година. Управниот одбор на РФМ во периодот кој следи ќе назначи нов вршител на функцијата Селектор на женските национални селекции“, се вели во известувањето на РФМ.


Меси се договорил за нов договор со Барса

Шпанските медиуми објавија дека Лионел Меси донел одлука за својата иднина. Меси минатото лето беше разочаран од резултатите на каталонскиот клуб, но и потезите кои ги направи тогашниот претседател Хозе Марија Бартомеу и поднесе барање да го раскине договорот. Аргентинецот бараше од Барселона спогодбено да го раскине договорот и да си замине без оштетан. Сепак, Барса тоа не го дозволи. Меси остана, а договорот му завршува ова лето кога ќе може да си замине како слободен играч. Меѓутоа ситуацијата се промени кога Бартомеу одлучи да си поднесе оставка после силните критики. На претседателските избори одржани минатиот месе победи Лапорта кој така после девет години се врати во клубот и им вети на навивачите дека ќе даде се од себе да го убеди Меси да остане.


Роџерс не сака во Тотенхем, ќе остане на клупата на Лестер

Менаџерот на Лестер Сити, Брендон Роџерс ги демантираше гласините дека може да го наследи Жозе Мурињо во Тотенхем. Роџерс рече дека е задоволен од неговиот сегашен клуб и има уште многу да се работи на овој проект. „Тоа е фудбал, секогаш има гласини за секое слободно место што се појавува. Тотенхем е фантастичен, огромен клуб, но мојот фокус е насочен кон Лестер. Имаме многу работа да направиме на нашиот проект. Сè додека имам енергија и сум среќен ќе останам овде. Вие не можете да ги контролирате гласините, но јас не размислувам за тоа”, изјави Брендон Роџерс.