feature

Хари Кејн има договор со Сити?

Англискиот репрезентативец и играч број еден моментално во Англиската репрезентација на ЕУРО 2020, Хари Кејн очигледно е дека по завршувањето на Европското првенство ќе ја промени клупската средина но, ќе остане во Англија.

Англиските медиуми тврдат дека Хари Кејн се договорил со екипата на Манчестер Сити и во следните пет години ќе го носи дресот на тимот на Пеп Гвардиола, каде ќе заработува по 16 милиони по сезона.

Тотенхем првично ја одби понудата, но преговорите продолжуваат бидеќи Кејн инсистира да се пресели во Манчестер Сити.

Медиумите  на Островот се сигурни дека ова ќе биде најскапиот трансфер во историјата на Премиерлигата.

Тотенхем за слободата на напаѓачот бара 150 милиони фунти, но Сити се обидува да ја намали таа сума преку преговори.


Ѓоковиќ сруши уште еден голем рекорд

Новак Ѓоковиќ стана тенисерот со најдобар учинок на победи во Опен ерата на тенисот.

Српскиот тенисер со три победи на Вимблдон стигна до 83.17 отсто победи во кариерата. Со тоа, од тронот го симна шпанскиот тенисер и свој најголем ривал, Рафаел Надал кој има 83.15 отсто победи.

Ѓоковиќ во кариерата одиграл 1159 натпревари и славел во 964, а загуби 195. Надал има 1027 победи и 208 порази.

На трето место е Бјорн Борг со 82.36 отсто победи, а Роџер Федерер, кој за многумина важи за најдобриот тенисер на сите времиња, е четврти со 82.02 отсто победи во кариерата.

Ѓоковиќ на овогодинешниот Вимблдон стана и првиот тенисер кој запишал најмалку 75 победи на секој Гренд слем.


Баерн ќе го продаде Толисо и ќе го доведе Нојхаус

Играчот за врска на Борусија Мехенгладбах, Флориан Нојхаус е најголема желба на новиот тренер на Баерн Минхен, Јулијан Нагелсман.

Младиот стратег сака да направи реконструкција во средниот ред откако седна на клупата на Баерн Минхен, а прва желба е Нојхаус.

23-годишниот играч за врска блеска во дресот на Менхенгладбах, а во договорот има откупна клаузула од 40 милиони евра. Баварците се спремни да ја платат откупната клаузула, а трансферот ќе го финансираат со продажбата на Корентин Толисо.

Сепак, ќе треба да ја победат конкуренцијата бидејќи за Германецот интерес покажуваат уште Ливерпул и Арсенал.


Охрид го доведе Сашо Шопоски

Фудбалерот за врска Саше Шопоски е трето ново име во охридскиот фудбалски клуб, во летниот преоден рок.

Шопоски во јатото на „рибарите“ ќе се пресели од Тетекс, а претходно има настапувано за Пелистер, Тиквеш, Брегалница и други екипи од Првата и Втората македонска фудбалска лига.

Охрид пред да го доведе Шопоски ги претстави Игор Клечкароски и Мурат Адили.

„Рибарите“ минатата сезона играа во баражот за влез во Првата лига. Неприминлива пречка за охриѓани беше Ренова, која славеше после изведување на пеналите.


Федерер објасни зошто се уште не се пензионирал

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер објасни зошто се уште не сака да се повлече од светот на тенисот.

Многумина веќе долго време шпекулираат дека тоа е затоа што тој не сака Новак и Рафаел Надал да го престигнат и да соборат најголем дел од неговите рекорди, пред се оној по бројот на гренд слемови.

Неговиот единствен проблем е што е одделен од своите деца и семејството за време на турнирот, и се обидува да помине што повеќе време со нив.

„Зборувам со децата три пати на ден. Мирка е одлична, таа секогаш ме поддржува, таа е силна жена и е најдобра, така што не можам да се жалам.“ – изјави Федерер.

„Сакам да се повлечам под свои услови. Затоа поминав низ сите тие операции и рехабилитација. Сакам повторно да бидам здрав, а дека сето тоа вредеше сведочи фактот дека сум во четвртата рунда на Вимблдон “ – додаде Швајцарскиот ас.


Подолски се враќа во клубот од својот роден град

Легендарниот германски напаѓач Лукас Подолски би можел да се врати во клубот од родниот град. Германскиот напаѓач доби неколку понуди, но една изгледа особено примамлива.

Според италијанскиот стручњак за фудбалски трансфери Фабрицио Романо, Подолски е во преговори со Горник и наскоро би можел да стане нов член на полската прва лига.

Иако пристигнаа неколку интересни понуди од целиот свет, од Турција и Катар до Мексико и Бразил, тој сепак ја претпочита опцијата да се врати дома, а според последните информации, Горник само го чека неговиот конечен одговор.

Подолски во неколку наврати изјави дека на крајот од својата кариера би сакал да игра за Горник, чиј навивач е уште од дете.



Шпанецот Гарсија ќе настапи на својата осма Олимпијада

Легендарниот натпреварувач во брзо одење, Хесус Анхел Гарсија кој има 51 година од Шпанија ќе биде помеѓу Шпанците кои ќе ја претставуваат својата земја на олимписките игри во Токио.

Гарсија во 1993 година ја осови светската титула во 50 километри брзо одење ќе настапи на осмата Олимпијада во неговата кариера и тоа е рекорд за еден спортист.

Дебито го направи во Барселона во 1992 година и оттогаш до денес не пропушти ниту едни Олимписки игри.



Олимписки турнир: Чешка на САД, Словенија кај Аргентина и Шпанија

Селекциите на Словенија, Чешка, Италија и Германија, победниците на четирите квалификациски турнир, го пополнија бројот од 12. екипи-учесници на претстојните Олимписки игри, секако во оној машки кошаркарски сегмент.

А согласно со претходно реализирана ждрепка, формирани се и трите групи од првата фаза на олимпискиот турнир кој од 25.јули до 7.август ќе се одржи во земјата на изгрејсонцето.

Кошаркарите на Чешка ќе имаат доста тешка задача, затоа што одат во групата „А“ каде се селекциите на САД, Франција и Иран.

Словенија ќе биде дел од групата „Ц“ каде Европа ја претставува светскиот првак Шпанија, тука е домаќинот Јапонија, и еден од топ-фаворитите – Аргентина.

Селекциите на Германија и на Италија кои победија на турнирите во Сплит односно Белград, се распределени во групата „Б“ во која се уште и Австралија и Нигерија.   

ОЛИМПИСКИ ТУРНИР – ТОКИО

ГРУПА А: Иран, Франција, САД, Чешка

ГРУПА Б: Австралија, Германија, Италија, Нигерија

ГРУПА Ц: Аргентина, Јапонија, Шпанија, Словенија



„Кралевите“ го сакаат Ван де Бек во трансферот на Варан

Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед официјално ги започнаа преговорите за трансфер на Рафаел Варан на „Олд Трафорд“.

Варан одби да го продолжи договорот со „кралевите“ и сака да ја промени средината, а Јунајтед е негова прва опција.

„Сан“ пишува дека Реал Мадрид ќе инсистира во договорот за Варан да биде вметнат и Дони Ван де Бек кој првично би дошол во Мадрид како позајмен фудбалер, а Реал да има право на целосен откуп на неговиот договор следната сезона.

Холанѓанецот минатото лето пристигна на Олд Трафорд, но не се снајде најдобро во Премиер лигата и не е во плановите на Солскјер.



Словачки Спартак Трнава сака да го откупи Милан Ристовски

Спартак Трнава е задоволна од она што го прикажа во нивните редови македонскиот напаѓач, Милан Ристовски.

Ристовски за Спартак го одигра вториот дел од сезоната во кој на 12 натпревари постигна пет гола. Со добрите настапи за Спартак доби и повик во националниот тим за Европското првенство, а сега Петер Мачо, првиот човек на клубот истакна дека сакаат да го откупат Ристовски.

„Сакаме да го откупиме Ристовски. Понудата до Ријека е испратена и чекаме одговор. Се надеваме на позитивен одговор“, изјави Мачо.

Ристовски во овој момент е на подготовки со Ријека заедно со Дарко Велковски.