Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски ќе ги брани боите на нашата земја и на претстојното Светско првентво што ќе се одржи во Токио од 13 септември до 21 септември.
Ивановски лани настапи на маратонската трка на ОИ во Париз, годинава имаше неколку добри резултати на маратонските трки, успевајќи да освои доволно бодови во рангирање во пресрет на светскиот шампионат.
Светската атлетска федерација денеска ја објави и конечната листа на маратонци кои добиваат покана за настап во Токио, рангирање на кое Дарио се наоѓа на 75, позиција со статус “Qualified by World Rankings”
Спортинг Лисабон сака да го врати Кристијано Роналдо
Напаѓачот на Ал-Наср, Кристијано Роналдо, размислува за враќање во Спортинг Лисабон откако ќе му истече договорот со саудискиот клуб ова лето, објави „Калчомеркато“, повикувајќи се на „беИН Спортс“.
Според изворот, Роналдо би можел да го замени напаѓачот на Спортинг, Виктор Ѓекереш, за кој има интерес од многу европски клубови. Роналдо е подготвен да се согласи на намалување на платата за да ја заврши кариерата во клубот од кој ја започна.
Оваа сезона, Роналдо одигра 39 натпревари во сите натпреварувања, на кои постигна 33 гола и имаше 4 асистенции.
Роналдо е дете на Спортинг, каде што беше член од 1997 до 2003 година.
Реал Мадрид ја води трката за Деан Хуијсен
Хујсен, кој само минатото лето пристигна во Борнмут од Јувентус, уживаше во импресивна сезона со клубот. Тој стана главен столб под водство на Андони Ираола, играјќи огромна улога во нивните напори за европски квалификации.
Неговите перформанси привлекоа интерес од клубови во Англија и низ Европа. Челзи се сметаше како фаворит за потписот на Хујсен во една фаза, потоа се појавија врски со Реал Мадрид, Арсенал, Баерн Минхен, Ливерпул и Њукасл.
Се верува дека пожелно на шпанскиот репрезентативец би било да се придружи на Лос Бланкос, доколку можат да договорат со Борнмут.
Реал Мадрид е уверен дека ќе ги победи другите конкуренти за потписот на 20-годишниот чиј договор со англискиот клуб содржи ослободителна клаузула од 50 милиони фунти, која може да биде платена на 3 рати.
Супер гест од Рубен Аморим
На помошните тренери, лекарите и тимот за поддршка на Јунајтед им беше кажано дека ќе треба сами да си ги платат тикетите и превозот за финалето во Лига Европа, но „ESPN“ објави дека менаџерот ветил дека ќе плати за неговиот тим и нивните семејства да присуствуваат на натпреварот за да го награди нивниот придонес во сезоната.
Во извештајот се вели дека Португалецот му рекол на клубот дека ќе ги покрие трошоците за секој член, вклучувајќи и ниско платениот персонал, да може да земе до двајца гости.
Хиерархијата на Јунајтед продолжува со мерки за намалување на трошоците, кои вклучуваат ослободување на 200 работни места на Олд Трафорд ова лето и не нуди бесплатни тикети на персоналот за финалето, наместо тоа ќе понуди проекција на натпреварот заедно со двa бесплатни пијалоци.
Јунајтед ќе игра против Тотенхем во Билбао на 21 мај со наградата за слава во Лига Европа придружена со пласман во Лигата на Шампионите следната сезона за победникот.
Напаѓач од Нотингам Форест ставен во индуцирана кома
Фудбалерот на Нотингам Форест, Таиво Авониј, беше ставен во медицински индуцирана кома после неговата абдоминална операција откако се судри со стативата за време на ремито против Лестер во неделата, изјави „The Daily Mail“.
Откако клубот го сфати степенот на неговите повреди, Авониј веднаш беше однесен на болница и опериран. Потоа бил ставен во кома со цел да му помогне со закрепнувањето.
Авониј не можеше да биде заменет бидејќи Форест веќе ја имаше искористено последната замена. Напаѓачот се обиде да продолжи, но не можеше да се движи правилно.
Овој тип на повреда некогаш може да биде смртоносен, но нема навестување дека повредата на 27-годишниот е опасна по живот, а комата се користи за да се ограничи неговото движење и да се регулира пулсот.
„Сериозноста на повредата на Таиво Авониј е моќен потсетник за физичките ризици во играта и зошто здравјето и состојбата на играчот секогаш мора да бидат на прво место“, изјави клубот.
Тијани Рајндерс желба на Пеп и Сити ова лето
Англискиот елитен состав, Манчестер Сити, планира во текот на летото да го обезбеди потписот на младиот, фудбалер,Тијани Рајндерс.
Според одредени наводи, „граѓаните“ веќе исконтактирале со Милан за играчот од средниот ред.
Холанѓанецот со 10 гола во Серија А се наоѓа веднаш зад Кристијан Пулишиќ.
Наполи испрати понуда за Судаков од Шахтјор
Медиумите во Италија, тврдат дека Наполи испратил понуда од 35 милиони евра плус пет како бонуси за фудбалерот на Шахтјор Донецк, Георги Судаков.
Калчо-тимот за наредната сезона во Лигата на шампионите сака да го засили средниот ред а изборот паднал токму на Судаков.
Наполитанците им понудија на Украинците и одреден процент од наредниот трансфер што ќе го направи фудбалерот.
Давиде Анчелоти кандидат за клупата на Комо
Екипата на Комо која веројатно ќе се раздели со тренерот, Цеск Фабрегас, може да го ангажира на клупата Давиде Анчелоти, кој е помошник во Реал Мадрид, пишува весникот „Газета дело Спорт“.
Според италијанскиот медиум, Шпанецот е на излезната врата од Комо и може да замине во Германија во Баер Леверкузен.
Што се однесува пак до младиот Анчелоти, тој сака да започне соло кариера откако 12 години работеше во Реал Мадрид, Пари Сен Жермен, Баерн Минхен, Наполи и Евертон.
Ролан Гарос додели вајлд-карти за Вавринка и Гаске
Трикратниот шампион на Гренд слем турнирите, Швајцарецот Стен Вавринка и легендарниот француски тенисер Ришар Гаске добија специјални покани (вајлд карти) за појавување во главниот ждреб на Ролан Гарос, објавија организаторите.
На женскиот турнир, француските тенисерки Дајан Пари (102-ра на ранг-листата на ВТА), Леолија Жанжан (104-та) и Клое Паке (138-ма) исто така добија покани за директен влез во главниот жреб на турнирот, објави Француската тениска федерација (FFT).
Гаске (38), кој моментално е на 160-то место на светската ранг-листа, уште во октомври објави дека овогодинешниот Ролан Гарос ќе биде последниот турнир во неговата кариера, па затоа неговата вајлд-карта беше очекувана. Имаше малку поголема неизвесност околу Вавринка (132-ри на АТП листата), шампионот на Отвореното првенство на Франција во 2015 година, но организаторите решија и него да го почестат.
Македонија ги доби можните ривали за мундијалските квалификации
Одржана е ждрепката за квалификациите за Светското првенство во кошарка 2027 година.
Во квалификациите ќе учествуваат 32 екипи, 24 учесници од Евробаскет 2025 и осум победници од претквалификациите. 12 европски екипи ќе одат на завршниот турнир во Катар.
Ждрепката се одржа во салата Алхазм во Доха, а ја водеше глобалниот амбасадор на ФИБА, Кармело Ентони.
Дуелите започнуваат во ноември оваа година, по што следат февруари и јуни 2026 година. Втората фаза започнува во август 2026 година, по што следат ноември 2026 година и февруари 2027 година.
Европски квалификации:
Група А: Шпанија, Грузија, победник од претквалификациите (Група А), второпласиран од претквалификациите (Група Д)
Група Б: Грција, Црна Гора, победник од претквалификациите (Група Б), Португалија
Група Ц: Србија, Турција, Босна и Херцеговина, второпласирани од квалификациите (Група А)
Група Д: Литванија, Италија, Велика Британија, Исланд
Група Е: Германија, победник во квалификациите од Група Д, Израел, Кипар
Група Ф: Латвија, Полска, победник од претквалификациите во Група Ц, второпласиран од претквалификациите во Група Ц
Група Г: Франција, Финска, Белгија, второпласирана од претквалификациите од Група Б
Група Х: Словенија, Чешка, Естонија, Шведска
Американски квалификации:
Група А: САД, Доминиканска Република, победник од претквалификациите Север, Никарагва
Група Б: Порторико, Канада, Бахами, второпласираниот претквалификациски тим Север
Група Ц: Бразил, Венецуела, Колумбија, победник од претквалификациите на југот
Група Д: Уругвај, Аргентина, Панама, второпласираниот Југ од претквалификациите
Азиски квалификации:
Група А: Австралија, Нов Зеланд, Филипини, Гуам
Група Б: Јапонија, Кина, Јужна Кореја, Кинески Тајпеј
Група Ц: Иран, Јордан, Сирија, Ирак
Група Д: Либан, Саудиска Арабија, Индија, Катар (Обезбедено учество како домаќини)
Африкански квалификации:
Група А: Јужен Судан, Зелен ’Рт, Камерун, Либан
Група Б: Брегот на Слоновата Коска, Сенегал, Конго, Мадагаскар
Група Ц: Тунис, Нигерија, Гвинеја, Руанда
Група Д: Ангола, Египет, Мали, Уганда
Првите пет ќе се квалификуваат.
Светското првенство ќе се одржи од 27 август до 12 септември 2027 година во три града – Доха, Лусаил и Ал Раџан.