Хавиер Маскерано одлучи да го напушти кормилото на американскиот тим Интер Мајами.
Аргентинскиот стратег објави дека поднесува оставка од функцијата главен тренер поради лични причини.
Маскерано беше тренер на Интер Мајами од 2024 година.
Во 2025 година, тимот од Флорида, во кој играат Лионел Меси и Луис Суарез, го освои МЛС Купот за првпат во својата историја.
Екитике сериозно се повреди во поразот на Ливерпул од ПСЖ
Напаѓачот на Ливерпул и француската репрезентација, Уго Екитике, сзараноти тешка повреда која можеби ќе го спречи да игра на претстојното Светско првенство во фудбал.
Неговиот сонародник и соиграч, Ибрахима Конате, потврди дека не е добро.
„Многу сум тажен поради него. Искрено, мислам дека е лоша повреда. Не знам, му испраќам молитви и поддршка“, рече Конате.
Тренерот Арне Слот рече дека не знае каква е повредеата, не го видел Екитике после мечот, бидејќи Французинот заминал дома.
Евролигата со истите учесници и следната сезона
Бордот на Евролигата донесе одлука, ништо да не се менува, сè останува по старо за наредната сезона.
Нема апсолутно никакви промени во Евролигата за сезоната 2026/2027, јавуваат „Баскетњуз“ и СДНА.
Ќе остане ист форматот, структурата на клубовите и бројот на натпревари.
Накратко појаснето: како и досега, ќе постои основен дел од сезоната и ќе се играат 38 кола, што значи секој со секого двапати, еднаш дома и еднаш на гости.
Евролигата и понатаму ќе ја сочинуваат 20 клубови.
Единственото што може да се промени меѓу двете сезони е кои клубови ќе учествуваат, бидејќи не сите се сигурни.
Долг период АСВЕЛ е на границата, а резултатите оваа сезона не му одат во прилог.
На лигата не ѝ е потребен клуб кој не инвестира многу, добива само по некој натпревар и нема голема поддршка од трибините. Проблематичен е и Монако поради финансиската криза во која се наоѓа.
Она што сепак најмногу ги загрижува сите во Евролигата е што ќе се случи со Реал Мадрид и Фенербахче, бидејќи тие сè уште не потпишале нови договори.
Сè на сè, се разговараше за брзо проширување и вклучување на Бешикташ, Хапоел од Ерусалим, Наполи и ПАОК, но засега од тоа нема да има ништо, барем не за следната сезона на Евролигата. Елитното кошаркарско натпреварување ќе продолжи по старо.
Риверс доби отказ од Милвоки
Милвоки Бакс започнува реконструкција откако Док Риверс ја напушти позицијата главен тренер по три сезони, пишуваат американските медиуми.
Според нив, клубот ќе му го исплати договорот за следната сезона, додека се водат разговори за евентуално останување во организацијата во советничка улога.
Заминувањето на искусниот тренер доаѓа во време кога франшизата се соочува со пошироки проблеми.
Во текот на сезоната, имаше очигледна тензија помеѓу тренерскиот персонал и играчите, што, според извори блиски до тимот, влијаеше на атмосферата во соблекувалната и резултатите на теренот.
Риверс го презеде тимот во јануари 2024 година, откако го замени Адријан Грифин, кој и покрај добриот почеток (30–13) беше отпуштен.
На крајот од таа сезона, Бакси имаа скор од 17–19, додека во сезоната 2024/25 под водство на Риверс, тие запишаа учинок од 48–34.
Повредите на клучните играчи беа исто така голем проблем.
Дамијан Лилард и Јанис Адетокунбо често отсуствуваа, а грчкиот ас одигра само 36 натпревари во сезоната 2025/26.
Мартин Карапалевски е третото засилување на ГРК Охрид
Македонскиот ракометен репрезентативец, Мартин Карапалевски, потпиша со ГРК Охрид до 2028.
Игра на позицијата среден бек, има 26 години (178 cm.
Доаѓа од шпанското првенство и одличните настапи за тимот на Ваљадолид по 2 сезони, а пред тоа го носеше дресот на РК Вардар 1961.
“Се радувам што ќе бидам дел од ГРК Охрид, клуб кој расте од година во година. Уште од првите разговори ми се допадна идејата и проектот по кој клубот сака да се движи во наредните години. Со нетрпение чекам да настапам пред охридската публика и верувам дека заедно ќе се радуваме и ќе ги исполниме целите на клубот.” – изјави Карапалевски.
Мартин Карапалевски е третото засилување на ГРК Охрид за наредната сезона.
Атлетико Мадрид и ПСЖ први полуфиналисти на Лигата на шампионите
Атлетико Мадрид обезбеди пласман во полуфиналето од Лига на шампиони, и покрај поразот од Барселона со 1-2 на домашен терен. „Јорганџиите“ ја искористија предноста од првиот меч во Каталонија и со вкупен резултат се најдоа меѓу четирите најдобри екипи во Европа.
Мечот започна шокантно за домаќините на „Ванда Метрополитано“.
Веќе во четвртата минута, Ламин Јамал го отвори резултатот по асистенција на Феран Торес, искористувајќи голема грешка во одбраната на Атлетико.
Притисокот на гостите продолжи, па во 24. минута токму Торес зголеми на 0-2 и целосно ја анулираше негативата од првиот меч.
Барселона беше блиску и до трет погодок, но наместо тоа, Атлетико Мадрид се врати во игра преку Лукман во 31. минута, со што се намали предноста и се внесе нова неизвесност.
Во второто полувреме, ритамот повторно го диктираше Барселона, но клучните моменти не одеа во нивна корист. Гол на Феран Торес беше поништен по ВАР интервенција поради офсајд, а ситуацијата дополнително се искомпликува кога Ерик Гарсија доби црвен картон по прекршок над Сорлот во ситуација „еден на еден“.
Со играч повеќе, Атлетико успеа да го контролира финишот и да го зачува резултатот што му носи пласман понатаму. Така, тимот на Симеоне продолжува да сонува европска слава.
Со играч повеќе, Атлетико успеа да го контролира финишот и да го зачува резултатот што му носи пласман понатаму. Така, тимот на Симеоне продолжува да сонува европска слава.
Актуелниот европски шампион ПСЖ сигурно чекори кон нова завршница во Лига на шампиони, откако и во реваншот го надигра Ливерпул со 0-2. Човекот на одлука беше Осман Дембеле, кој со два гола го запечати пласманот на „светците“ во полуфиналето.
ЕХФ им изрече двегодишна суспензија на Николов и Начевски
Најдобрата македонска ракометна судиска двојка, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов добија двегодишна суспензија од страна ЕХФ и плус парична казна поради наводна манипулација со фитнес тестовите пред стартот на ЕП. Покрај ова и двајцата ќе мора да платат и парична казна. Нивната суспензија се однесува на сите натпреварувања што се под капата на ЕХФ.
„Ракометниот суд на ЕХФ донесе одлука во случајот отворен против македонскиот судиски пар Ѓорѓи Начевски и Славе Николов. Пред машкото ЕХФ ЕВРО 2026, ЕХФ ја повлече номинацијата на двајцата судии од Македонија поради наводна манипулација со прикачените видео снимки од таканаречениот „Тест за кондиција во повеќе фази“. Врз основа на анализата на партнерот за интегритет на Европската ракометна федерација, Спортрадар, Ракометниот суд на ЕХФ дојде до заклучок дека спорните видеа биле манипулирани и затоа ги изрече следните санкции. Двајцата судии се суспендирани од извршување на каква било функција во рамките на ЕХФ и учество во какви било активности на ЕХФ во период од две години од датумот на првостепената одлука поради сериозно неспортско однесување. Секој судија мора да плати казна од 5000 евра за фундаментални прекршувања на Кодексот на однесување на ЕХФ. Жалба може да се поднесе до Апелациониот суд на ЕХФ во рок од седум дена“, се вели во известувањето на ЕХФ.
Убедлива победа на Унгарија на гостувањето во Битола
Női A-válogatott, edzés
Во натпревар од квалификациите за пласман на Светското првенство во женска конкуренција, репрезентацијата на Унгарија ја совлада Македонија со 5-0.
Гостинките го решија мечот уште во првото полувреме кога постигнаа четири погодоци, а клучни беа двата гола во првите девет минути.
Серијата погодоци ја отвори Дијана Чањи уште во втората минута, а веќе во деветтата зголеми на 2-0.
Унгарската репрезентативка во 20. минута повторно се запиша во листата на стрелци и со хет-трик им донесе на гостинките водство од 3-0.
Во првата минута од судиското надополнување, Силија Савања ја совлада Викторија Панчурова и Унгарија поведе со 4-0.
Во продолжението од натпреварот гостинките имаа целосна контрола врз играта и не успеаа да реализираат неколку шанси за погодок.
На две минути пред крајот на натпреварот Ана Чики го постави конечниот резултат од 4-0.
Следниот натпревар избраничките на селекторот Александар Андов го играат за четири дена кога повторно се среќаваме со Унгарија.
Натпреварот се игра во Фелчут, а почетокот е закажан за 15:00 часот.
Пелистер го загуби директниот дуел за опстанок во Гостивар
Арсими со тешко изборена победа од 1-0 стигна до три нови бода и на извесен начин го осигура опстанокот во елитното друштво, додека Пелистер и покрај теренската надмоќ, повторно ги потврди проблемите со реализацијата.
Двете екипи беа мошне претпазливи, со јасна намера да ги запрат противничките акции уште надвор од сопствениот шеснаесетник. Играта најчесто се сведуваше на пресретнување и оневозможување на продорите, па двата удари од далечина беа речиси единствените возбудувања во првите 40 минути.
Стефан Спировски се обиде со удар од дистанца кој заврши над пречката, додека домашните преку Бајо упатија еден безопасен удар кон голот на Јовчевски.
Сепак, во 43. минута дојде до пресврт на настаните. По една течна акција, фудбалерите на Арсими успеаја да го префрлат тежиштето од десната на левата страна. Имаа и доза среќа, бидејќи топката помина покрај неколку играчи на Пелистер, од Сикиру до Дардишта, при што еден дефанзивец на битолчани ја допре, но недоволно за да ја оттурне опасноста. Дардишта тоа го искористи и реализираше за водство на Арсими.
Веќе во следниот напад, Пелистер имаше одлична можност за израмнување. По брз продор по левата страна, следеше префрлување на спротивната страна, каде што Спировски шутираше од прва, но пречката беше сојузник на Сиљановски.
Вториот дел започна со иницијатива на гостите од Битола. Тренерот Секуловски направи двојна измена за освежување, по што следуваа неколку корнери и слободни удари. Лука Булатовиќ во два наврати се обиде од прекин, но беше непрецизен, додека Петровиќ не ја искористи следната полушанса.
Најатрактивниот момент во второто полувреме се случи во 67. минута, кога по една нафрлена топка од десната страна, Спировски со глава ја спушти до Булатовиќ, но неговиот волеј повторно заврши непрецизно.
Тренерот Реџеп Гајур се одлучи за поизразена дефанзивна поставеност, но Арсими имаше свои шанси преку контранапади. Хуриќ, по едно прецизно проигрување, шутираше слабо од работ на шеснаесетникот, додека Бајо во 71. минута биеше над голот од околу 18 метри. Абдули се обиде атрактивно во 85. минута, но без вистинска закана по голот на Јовчевски.
Последните обиди на Пелистер беа дело на резервистите Здравевски и Мрмачевски. Во првиот случај беше изнуден корнер, а во вториот Сиљановски навремено интервенираше и ја неутрализираше опасноста.
Со оваа победа, Арсими стигна до 35 бода и се искачи на 7. место, престигнувајќи ја Брера. Сепак, струмичани имаат натпревар помалку и со евентуална победа можат да се израмнат по бројот на бодови со гостиварци. Пелистер останува на 26 поени, еден повеќе од Работнички и три од Македонија Ѓорче Петров.
Шампионот ја прекина црната серија и со победа се враќа од Автокоманда
Ракометарите на Еурофарм Пелистер издвојуваа победа над Алкалоид од 33-35 во дерби средбата од петтото коло на плеј-офот, која вечерва се одигра во Автокоманда.
Овој натпревар понуди многу голови, пресврти и на крајот славје на актуелниот шампион. Избраниците на Кирил Лазаров беа подобар ривал во првото полувреме и на пауза заминаа со предност од 22-16. На стартот на вториот дел поведоа и со +8, но од тука тргна неверојатниот кам-бек на „зелено-белите“.
Еурофарм Пелистер играше искусно, постепно го намалуваше минусот за да потоа и дојде до водство кое успеа да го сочува и да дојде до 44 бода на табелата.
Дејан Манасков беше лидер кај гостинот кај стрелците со седум гола, а Дамјан Митев на другата страна имаше седум реализации.
Во следното шесто коло од плеј-офот Еурофарм Пелистер ќе се сретне со Бутел Скопје.