feature

Санчо на пат кон Торино? Јувентус нуди тројца играчи за да го донесе

Јувентус ги засилува напорите да го доведе Џејдон Санчо со амбициозна понуда до Манчестер Јунајтед, која вклучува размена на играчи за да се намали трансфер цената. Италијанскиот клуб е подготвен да понуди тројца свои фудбалери. 

Во понудата се вклучени напаѓачот Душан Влахович, кој се очекува да замине поради несогласувања околу договорот; играчот од средниот ред Даглас Луиз, кој веќе беше поврзан со Јунајтед; и крилниот напаѓач Николас Гонзалез, чија позиција во тимот би можела да биде загрозена со доаѓањето на Санчо. 

Влахович најверојатно ќе замине ова лето поради прекинати преговори за нов договор, додека Луиз и Гонзалез се сметаат за вишок во новата стратегија на клубот. Јунајтед има шанса да избере засилување што ќе им одговара на нивниот реконструкциски план за летото. 

Кариерата на Санчо во Манчестер Јунајтед не тргна според очекувањата, а откако Челси се откажа од трајна зделка и плати пенали, тој остана надвор од плановите на клубот. Јувентус верува дека нова средина може да му помогне да се врати во форма, и му нуди долгорочен договор со пониска плата од онаа што ја има во Јунајтед. 

Иако и други клубови како Наполи и Фенербахче покажале интерес, Јувентус се надева дека нивната флексибилност и вклучувањето на играчи во зделката ќе им даде предност. Во дискусијата е вклучен и американскиот репрезентативец Тимоти Веа, со што Јунајтед добива повеќе опции за засилување. 

Играчите што ги нуди Јувентус заработуваат околу 500.000 фунти неделно во вкупен износ, а клубот не е подготвен целосно да ја преземе платата на англичанецот — што отвора простор за преговори. Клубот од Манчестер сака да ја расчисти ситуацијата со повеќе играчи, меѓу кои и Санчо. 

Под водство на новиот спортски директор Демиен Комоли, Јувентус е решен конечно да го реализира трансферот, по неуспешните претходни обиди.  


Коко Гоф елиминирана уште на стартот на Вимблдон

Актуелната шампионка на Ролан Гарос Американката Коко Гоф е елиминирана во првото коло на Вимблдон. За изненадувањето се погрижи 25-годишната Украинка Дајана Јастремска, која со 2-0 во сетови (7-6(3) и 6-1) ја совлада втората светска тенисерка.

Во првиот сет двете тенисерки имаа по еден брејк. Јастремска поведе со 5:2 во гемови, но Гоф изедначи на 5:5 и сетот беше решен во тај брејкот. Во вториот сет тенисерката од Украина веднаш на стартот направи брејк, а до крајот на сетот во уште два наврати го одзема гемот на сервис на ривалката.

Во второто коло противничка на Јастремска ќе и биде квалификантката Анастасија Захарова. (МИА)


Сандерленд го носи Грузиецот Микаутадѕе

Повратникот во Премиерлигата Сандерленд е заинтересиран да го донесе во своите редови напаѓачот на Лион, Жорж Микаутадзе.
Според „Фут Меркато“, можноста за трансфер на 24-годишниот Грузиец по исфрлањето на Лион во втората француска лига, ја разгледува и бундеслигашот Ајнтрахт Франкфурт.

Во сезоната 2024/25, Микаутадзе постигна 17 голови и додаде 11 асистенции на 47 натпревари за Лион во сите конкуренции. Неговиот договор со Лион е со важност до 30 јуни 2028 година.

Вредноста на грузискиот репрезентативецот на трансфер пазарот се проценува на 22 милиони евра.


Лилард и Милвоки се разделија

Милвоки Бакс објавија шокантни вести, го отпуштија својот плејмејкер и суперѕвезда Дамијан Лилард. На овој потег се решија за да го потпишат Мајлс Тарнер од Индијана Пејсерс.

Поранешниот плејмејкер на Портланд ја скина Ахилова тетива во плејоф серијата токму против Индијана. Веројатно ќе ја пропушти наредната сезона. .

Остатокот од неговиот договор од 113.000.000 долари беше прескап за франшизата од Висконсин, која одлучи да се откаже од деветкратниот Ол-стар.

„Елените“ ќе ги распределат тие пари во следните пет сезони, што им овозможи да го доведат Мајлс Тарнер, кој играше за Пејсерс во претходните 10 години.

Значи, „Дам Тајм“ ќе заработува над 22.000.000 годишно во следните пет години, дури и ако одлучи да се пензионира утре.

Сепак оваа опција не е реална, сигурно е дека за него ќе има голем интерес.


Литванецот Валанчиунас потпиша за Денвер

Поранешниот центар на Сакраменто Кингс, Јонас Валанчиунас се сели во редвоите на Денвер Нагетс, додека Дарио Шариќ ќе оди во спротивна насока.

Никола Јокиќ доби фантастично засилување во рекетот во форма на 33-годишениот центар кој минатата сезона играше за Сакраменто Кингс.

Денвер Нагетс направија голема зделка веднаш по почетокот на „летниот пазар“ и го испратија Мајкл Портер јуниор во Бруклин Нетс, во замена за Кем Џонсон.

Нагетс заштедија околу 40 милиони долари (земајќи го предвид данокот на луксуз и казните што би ги платиле за надминување на буџетот на играчите) со оваа размена. Исто така во Денвер се врати играчот од шампионската генерација, Брус Браун, кој вториот дел од сезоната го мина во Њу Орлеанс Пеликанс.

Третиот потег што го повлекоа Нагетс е ангажманот на Валанчиунас, што значи дека Јокиќ конечно доби вистинска замена.

Минатата сезона, Валанчиунас играше прво во Вашингтон, каде што имаше просек од 11,5 поени и осум скока, а потоа во Сакраменто Кингс, каде што имаше просек од 8,7 поени и седум скока по натпревар.


Познати четвртфиналните парови на Мундијалот за клубови

Победата на Борусија Дортмунд над Монтереј (2-1) со што стана последниот учесник во четвртфиналето на Светското клупско првенство, веќе се познати комплетните четвртфинални двојки.

Флуминенсе (Бразил) – Ал-Хилал (Саудиска Арабија) – 4 јули (21:00)
Палмеирас (Бразил) – Челзи (Англија) – 5 јули (03:00)
ПСЖ (Франција) – Баерн (Германија) – 5 јули (18:00)
Реал Мадрид (Шпанија) – Борусија Д (Германија) – 5 јули (22:00)


Американска компанија ја купи Монца

Американскиот фонд „Бекет Лејн Венчрс“ стана сопственик на италијанскиот клуб Монца. „Бекет Лејн Венчрс“ е фирма за ризичен капитал со седиште во Ларчмонт, Њујорк, и го предводи конзорциумот што го купи клубот.

Вкупната вредност на зделката се проценува на околу 45 милиони евра, што е околу половина од годишниот промет на клубот. Конечната проценка беше под влијание на испаѓањето на тимот во Серија Б на крајот од минатата сезона.

Американската група инвеститори го вклучува и Брендон Бергер, поранешен директор за маркетинг на Челзи.

Договорот е структуриран на следниов начин: 80% од акциите на клубот ќе бидат префрлени ова лето, а преостанатите 20% треба да бидат префрлени до јуни 2026 година. До финализирањето на договорот, семејството на поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони, преку „Фининвест“, ќе го задржи претставувањето во одборот на директори на клубот пропорционално на нивниот удел во акции.


Гонзало Гарсија пак е јунак, Реал минимално слави против Јуве

MIAMI GARDENS, FLORIDA – JULY 01: Gonzalo Garcia #30 of Real Madrid C.F. celebrates scoring his team’s first goal during the FIFA Club World Cup 2025 round of 16 match between Real Madrid CF and Juventus FC at Hard Rock Stadium on July 01, 2025 in Miami Gardens, Florida. (Photo by Megan Briggs/Getty Images)

Фудбалерите на Реал Мадрид се пласираа во четвртфиналето на Светското клупско првенство во САД по минималната победа над Јувентус.

Дерби натпреварот од оваа фаза од натпреварувањето, одигран на стадионот „Хард Рок“ во Мајами, заврши со резултат 1-0 (0:0). Стрелец на единствениот гол беше Гонзало Гарсија во 54. минута.

Реал Мадрид ќе игра во четвртфиналето на 5 јули во Њу Џерси против победникот од последниот осминафинален натпревар помеѓу Борусија Дортмунд и Монтереј. Таа средба започнува во три часот по полноќ.


Ѓоковиќ се намачи, но ја мина првата пречка на Вимблдон

LONDON, ENGLAND – JULY 08: Novak Djokovic of Serbia celebrates winning match point with a violin gesture against Holger Rune of Denmark in his Gentlemen’s Singles fourth round match during day eight of The Championships Wimbledon 2024 at All England Lawn Tennis and Croquet Club on July 08, 2024 in London, England. (Photo by Mike Hewitt/Getty Images)

Новак Ѓоковиќ успешно го помина првото коло на Вимблдон по 20-ти пат во својата кариера.

На почетокот од турнирот, кој го освои седум пати, шестиот играч во светот го победи Александер Муле со 3-1, во сетови 6-1, 6-7 (7), 6-2, 6-2.

Новак се мачеше во одредени моменти, му подаруваше поени на својот ривал, бараше медицински тајм-аут, но по речиси три часа и 20 минути игра, забележа победа.

Првиот, третиот и четвртиот сет минаа во доминација на Ѓоковиќ. Српскиот тенисер самиот си направи проблеми во вториот сет. Ѓоковиќ пропушти дури 11 брејк топки и шест сет топки за предност од 2:0, а во тај-брејкот испушти предност од 5:2 и буквално му го подари сетото на Муле, 41-ви на АТП листата. .

Ѓоковиќ во второто коло ќе игра против домашниот тенисер, Даниел Еванс.


Кубанецот Риверо пред потпис со некој од српските гиганти

Кубанскиот кошаркаш, Хасијел Риверо, има реални шанси да пристигне во Србија, велат последните информации.

31-годишникот по две сезони си замина од Макаби Тел Авив. Тој за израелскиот тим имаше 20 мечеви во Евролигата и направи просек од 10,2 поена и 4,4 скока.

Риверо претходно играше за Капиталино, Естудијантес, Бока, Бургос и Валенсија.