feature

„Не треба посебен мотив да се игра против Германија“

На официјалната прес конференција во пресрет на натпреварот против Германија од квалификациите за Светското првенство 2022. селекторот на македонската репрезентација, Игор Ангеловски и капитенот Горан Пандев истакнаа дека посебна мотивација за мечот со големиот противник и не треба. Германија е голем фаворит, но ние во минатото покажавме дека можеме да се носиме и со репрезентации од рангот на противникот.
„Германија не е фаворит само против нас, туку е фаворит на сите Светски и Европски првенства. Ова ќе биде специјален меч за нас и ќе биде задоволство да се игра со ваков противник. Затоа не ни треба посебна мотивација и самото тоа што играме против поранешен светски шампион ни ја зголемува желбата и мотивот за надигрување. Очекувам возбудлив натпревар. Против силни противници играме добро. Верувам дека така ќе биде и на утрешниот дуел. Германците се физички силни и имаат огромен квалитет. Доколку после тренингот биде се добро со Велковски и Адеми и двајцата ќе конкурираат за место во почетникот состав.“ – изјави Ангеловски.
„За нас е чест што ќе играме против голем противник. Ние сме подготвени да го дадеме максимумот, иако ова ќе ни биде трет натпревар за седум дена. Германците знаат против кого играат, знаат со каков квалитет располагаме и сигурно одлично ја анализирале нашата игра. Но, ние сме сосема различна репрезентација од пред пет или шест години, сега сме далеку посилни, сега сме учесници на ЕП и сметам дека и противникот ќе биде претпазлив. Тие се фаворити, тоа е јасно, но мораме да веруваме во себе и да веруваме дека може да ги изненадиме.“ – изјави Пандев.


Марадона е пред Меси за фановите на Барса

Навивачите на Барселона го прогласија Диего Армандо Марадона, како најдобар фудбалер што настапил во дресот на Каталонците гледано низ историјата. Веднаш до Аргентинецот е неговиот сонародник, Лео Меси, кој е сопственик на неколку рекорди. Потоа се наредени: Роналдињо, Јохан Кројф, Андрес Иниеста, Чави, Луис Суарез, Роналдо, Жерард Пике и Карлес Пујол. На листата што ја направија фановите ги нема Нејмар, Ривалдо и сегашниот тренер, Роналд Куман.


Англичаните ветија фанови за Европското првенство

Шефовите на Фудбалската асоцијација на Англија преговараат со УЕФА да им се дозволи најмалку 45.000 гледачи на Вембли за време на натпреварите на ЕП 2020 . Ако состојбата со пандемијата започне да се смирува, тогаш бројката може да се искачи на 60 000. Англија е подготвена да организира повеќе натпревари од шампионатот. Сите федерации имаат рок до 7 април да објават колку гледачи ќе можат да бидат присутни на трибините. Потоа УЕФА ќе одлучи дали ќе има одредени промени од организациски аспект.


ЕВРОТИП СПЕЦИЈАЛ: Ќе може ли „фалангата“ да ги пробие „панцирите“?

Македонската репрезентација денеска гостува во Германија во рамки на квалификациите за Светското првенство, а спортските обложувалници Евротип за овој натпревар за Вас подготвија најбогата понуда со највисоки квоти. Посетете ја најблиската Евротип обложувалница до Вас, па обложувајте се на картони, корнери, стрелци и уште многу други игри, кои можете да ги најдете само во Евротип. Нашата репрезентација има голема прилика против Германија, а капитенот Горан Пандев, кој е најдобар стрелец во историјата на Македонија со постигнати 36 погодоци и беше поштеден во натпреварот против Лихтенштајн, би можел да биде главното оружје на Ангеловски во овој натпревар. Доколку сметате дека Гранде Пандев би можел да постигне погодок против Германија, обложете се на тоа во Евротип, каде квотата за Пандев барем еднаш да ја затресе мрежата е 8.00! Покрај тоа, очекуваме офанзивен и отворен фудбал и на двете страни, па границата за вкупно корнери на натпреварот е 9.5, а квотите за повеќе или помалку корнери, во зависност од Вашите предвидувања, се 1.90. Не пропуштајте, дојдете во Евротип, побарајте ја од операторот специјалната понуда за овој натпревар и одберете ја играта која најмногу Ви одговара, а за изборот да биде полесен, Евротип има низа на различни игри кои ќе ги задоволат и најпрефинетите вкусови.

Покрај натпреварот на нашата селекција, во специјалната понуда можете да се обложувате и на дербито помеѓу Англија и Полска. Евротип обложувалници секогаш со најдобрата понуда само за Вас!


Гатузо и Наполи нема да го откупат Бакајоко од Челзи

Фудбалерот од средниот ред на Челзи, Бакајоко, кој во моментов е на позајмица во Наполи, ќе го напушти италијанскиот клуб на крајот од сезоната. Обновување на позајмицата или откуп на играчот не е дел од идните планови на Наполи. Претходно, агентот на Бакајоко изјави дека фудбалерот е подготвен да го продолжи договорот за закуп со италијанскиот клуб. Францускиот играч за врска се пресели во Челзи од Монако во 2017 година, беше на позајмица во Милан и Монако во последните две сезони, а сега е позајмен во Наполи. Во тековната сезона во италијанската Серија А, Бакајоко одигра 23 натпревари и постигна еден гол.


Повредата е минато, Фирмино се враќа за дербито со Арсенал

Роберто Фирмино се врати на тренинг по повредата на коленото пред гостувањето на Арсенал во Премиер лигата во сабота. Фирмино ги пропушти последните три натпревари на „црвените“, но учествуваше на тренингот синоќа, покажуваат фотографиите на клупската веб-страница. Бразилецот оваа сезона има шест голови и пет асистенции на 27 натпревари од шампионатот. Ливерпул сè уште е без централните дефанзивци Вирџил ван Дајк и Џо Гомез (двајцата со повреди на коленото), Жоел Матип (скочен зглоб) и играчот за врска Џордан Хендерсон. Ливерпул ја освои својата прва титула во Англија во последните 30 години минатата сезона, но повредите и лошата форма ги оставија на седмото место на табелата во моментов со 46 бода, 25 помалку од лидерот Манчестер Сити.


Лампард доби нова понуда, оди на меѓународна сцена!

Како што пишуваат медиумите во Англија, Френк Лампард би можел да добие нов ангажман.
Имено, фудбалскиот сојуз на Англија размислува за именување на легендарниот фудбалер кој после искуството во Дерби, во втората сезона во Челзи доби отказ.
Тренерот на младата репрезентација Енди Ботројд ќе замине од клупата, договорот му истекува на лето и нема да биде продолжен, по неуспехот на Европското првенство за млади играчи.
Лампард би бил логичен избор, тој е легенда која би ги инспирирала младите играчи, ќе може да создаде нова генерација и во иднина би бил евентуален избор и за селектор на сениорскиот тим.
Но, прашање е дали Лампард ќе ја прифати понудата на ФА, бидејќи после отказот во Челзи се уште планира да се обиде во нов клуб.


Мареј најавува крај на тениската и почеток на „луда“ спортска кариера

Британскиот тенисер Енди Мареј изјави дека по крајот на кариерата би сакал да стане голф кеди или пак фудбалски тренер.
Мареј се повлече од овонеделниот Мастерс во Мајами поради повреда на препоните. Тој не најави кога целосно ќе се повлече од тенисот, но рече дека би сакал да остане во спортот и по завршувањето на тениската кариера.
Трикратниот освојувач на гренд слем титули изјави дека би сакал да биде кеди – личноста која на голферите ја носи торбата и стаповите, ги советува и им дава поддршка.
„Сакам спорт и сум заинтересиран да останам да работам во некој друг спорт. Многу го сакам голфот и би било возбудливо да бидам кеди на голф турнири. Да бидам блиску до најдобрите голфери и на таков начин да научам нешто за друг спорт, можеби има допирни точки помеѓу тие два спортови од психичка страна, па можеби и би бил од помош на голферите.“ – вели Мареј.


Карашев од Русија ќе го води дуелот Германија – Македонија

Рускиот судија Сергеј Карашев е делегиран за главен судија на натпреварот меѓу Германија и Македонија утре во Дуизбург.
Ова е меч од третото коло во Ј групата за пласман на СП во Катар 2022 година, а ќе го води еден од најпознатите руски судии, кој е дел од најелитните европски клупски натпревари.
Карашев на Македонија и судел во 2012 година на гостувањето во Глазгов, каде против Шкотска одигравме 1-1.


Тоа и го очекувавме – се враќаат навивачите во Англија!

Еден натпревар од полуфиналето на англискиот фудбалски ФА Куп ќе биде во рамки на пилот проектот на британските власти за враќање на поголем број навивачи на спортските натпреварувања за време на пандемијата на коронавирусот.
Британскиот министер за култура, Оливер Дауден рече дека еден натпревар ќе биде вклучен во проектот. Челзи и Манчестер Сити играат на 17. април, а ден подоцна ќе играат Лестер и Саутемптон.
„Сакаме да вратиме што повеќе луѓе на најбезбеден начин.“ – вели Дауден.
Во рамки на проектот е и Светското првенство во снукер, кое од 17. април до 3. мај ќе се одржи во Шефилд. Кон крајот на неделата властите ќе објават кои спортови ќе бидат опфатени со проектот, по потврдата дека наредната фаза на попуштање на мерките ќе стапи на сила на 12. април.
Според информациите, на натпреварот на Вембли би можело да има до 4 илјади гледачи, а во викендот кој следи потоа, на финалето од Лига купот, посетата би можело да биде двојно поголема.
Се истражува можноста на финалето од ФА Купот да има 20 илјади навивачи.