feature

Рибери го засилува тимот кој наредната сезона ќе го следиме сите!

Силвио Берлускони и Адријано Галијани имаат намера повторно да станат хит на Апенините.
Заедно, после повеќе од 30 години на чело на Милан, го презедоа третолигашот Монца, со кој сега се во Серија Б за прв пат во историјата, а веќе во првата сезона се борат и за пласман во Серија А.
Берлускони и Галијани го искористија своето влијание да ги доведат Кевин Боатенг и Марио Балотели, а сега го сакаат и Франк Рибери.
Французинот настапува во Фиорентина, каде докажува и покрај годините дека се уште има фудбал во него. Рибери најдобрите години ги помина во Баерн, но за Монца тој секако би бил огромно засилување.
Монца во моментот е на второто место во Серија Б, со шест бодови помалку од Емполи и со ист број на бодови како и Киево и Салернитана, така што ќе има голема борба за пласман во елитата до самиот крај.
Доколку изборат пласман, нема сомнеж дека Рибери би бил заинтересиран да ја засили Монца.


Јунајтед пишува историја, Оле како Фергусон!

Манчестер Јунајтед синоќа не знаеше за стоп и го демолираше Саутемптон, триумфирајќи на Олд Трафорд со неверојатни 9:0. „Светците“ добро ќе го паметат овој број, бидејќи се уште во меморијата им стои поразот од 2019. година, кога Лестер како гостин ги победи со истиот резултат. Само три пати во историјата на Премиерлигата се случило еден тим да победи со девет или повеќе голови разлика, а сите три пати беше 9:0. Прв пат тоа се случи во 1995. година, кога Јунајтед предводен од Алекс Фергусон го „растури“ Ипсвич на Олд Трафорд со овој резултат. Нема сомнеж дека оваа победа дополнително ќе влијае на самодовербата на фудбалерите на Солскјер, кои во моментот се израмнија со лидерот на табелата Манчестер Сити, но имаат одиграно два натпревари повеќе.


Прв пораз за Димитријевиќ и Хувентуд во Еврокупот

Кошаркарите на Хувентуд ќе мора да почекаат на заверката на пласманот во четвртфналето на Еврокупот. По трите победи во првиот круг, вечерва се поразени на гостувањето во Монако. Тимот од француското кнежевство славеше со сигурни (97-82), па по четири одиграни кола во групата „Е“ од ова натпреварување, двете екипи се на идентичен ефект (3-1), но Монако е во предност бидејќи вечерва победи со повисока разлика во однос на поразот пред една седмица во Бадалона (72-79). Ненад Димитријевиќ одигра доста добар натпревар. Беше прв стрелец во својот тим. Запиша 15.поени (1/1 за три, 3/7 за два и 6/7 за еден поен), дополни со четири скока, четири асистенции, исто толку загубени и една освоена топка за 26:34 минути во игра. Во наредното коло, на 2 март, Хувентуд ја пречекува Уникаха.


Виљаш Боаш си поднесе оставка, откако клубот доведе засилување кое тој не го сакаше

Андре Виљаш-Боаш објави дека поднел оставка утрово на 2 февруари, откако Олимпик Марсеј го ангажираше играчот за врска Оливие Нчам, а тренерот воопшто не сакал да го ангажираат овој играч. „Тоа не беше моја одлука. Ова беше токму играчот кој го одбив. Дознав за потпишувањето кога се разбудив и отидов на страницата на клубот. Оставка дадов, затоа што не се согласувам со стратегијата на клубот. Управниот одбор сè уште не ми дал одговор. Не ми требаат пари, само сакам да заминам. Овој клуб работи на пазарот две или три години по случаен избор и не можам да се согласам со тоа. Ова нема никаква врска со инцидентите изминаиот викенд. Има врска со спортската страна на работата на клубот. Јас само сакам да заминам“, изјави Виљаш-Боаш по неговата најава дека заминува од Марсеј. Навивачите се вознемирени и од моменталната форма на тимот. Во ноември го обвиненијата Виљаш-Боаш за лошиот настап на екипата, а од тогаш до сега работите не се променија.


Динамо го претстави Стефан Ристовски

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Стефан Ристовски, денеска потпиша со екипата на Динамо Загреб откако го напушти португалскиот состав, Спортинг Лисабон. „Горд сум што станав играч на Динамо. Сите знаеме какво реноме има клубот во Европа. Го познавам Адеми, тој ми е соиграч во репрезентацијата“, рече Ристовски кој во 2017 година со Ријека успеа да се израдува на титулата во хрватскиот шампионат. Според медиумите, Спортинг за трансферот ќе добие 1.300.000 евра.


Баерн договори уште една бундеслигашка ѕвезда, Упамекано на пат за Минхен

Дајот Упамекано од следната сезона ќе го носи дресот на Баерн. Ова го потврдија германските медиуми, откако стана јасно дека Баерн се договорил со фудбалерот и ќе ја активира откупната клаузула од 42 милиони евра на крајот на сезоната. Со тоа ќе заврши сагата околу иднината на одличниот стопер, за кого Лајпциг веќе најде негова замена. На местото на Упамекано следната сезона во својата одбрандбена линија Лајпциг ќе го има Мохамед Симакан, кој ќе пристигне од Стразбур, Франција, за нешто повеќе од 15 милиони евра. Симакан беше близу до трансфер во Милан на почетокот на овој месец, но германски Скај Спорт тврди дека на крајот Лајпциг успеал да го „затвори“ договорот.


Примирје меѓу Един Џеко и Рома

Пауло Фонсека, наводно, му простил на капитенот Един Џеко, кој утрово се вратил на тренинг со остатокот од тимот и може да се врати во составот на Рома за мечот против Јувентус.
„Ил Месаџеро“ пишува за важна пресвртна точка за „волчицата“ и први чекори кон помирувањето меѓу Џеко и Фонсека. Весникот открива дека Босанецот се вратил на тренинг по 10 дена надвор од тимот, официјално поради повреда.
Утрово, Џеко тренираше со играчите кои не играа против Верона во неделата. Тој веројатно ќе биде повикан за дерби натпреварот против „старата дама“ во сабота, но се очекува да биде само резерва.


Флорентино Перез позитивен на ковид-19

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез се зарази со коронавиру, објавија од Реал Мадрид на официјалната веб-страница.
„Фудбалскиот клуб Реал Мадрид објавува дека нашиот претседател, Флорентино Перез е позитивен на КОВИД-19. Тој нема никакви симптоми“, соопшти прес-службата на клубот.
Перез за првпат ја презеде функцијата претседател на клубот од Мадрид во јули 2000 година. Во февруари 2006 година, по двата порази од Реал Мадрид во осминафиналето од Лигата на шампионите против Арсенал (0-1) и во националниот шампионат со Мајорка (1-2), Перез поднесе оставка.
Втор пат Флорентино Перез беше избран на чело на Реал Мадрид во 2009 година и сè уште е претседател. Реал Мадрид оваа сезона е на третото место на табелата со 40 освоени бода.


Федерер потврди, познато кога се враќа на теренот

Еден од тројцата најдобри тенисери на денешницата, Роџер Федерер потврди дека на терен се враќа на 8. март, кога стартува АТП турнирот во Доха.
Швајцарскиот ветеран е надвор од терените уште од почетокот на минатата година и полуфиналето на Австралија Опен против Новак Ѓоковиќ.
Кратко потоа го оперираше коленото и од време на време даваше изјави кога евентуално би можел повторно да заигра.
Сега веќе нема дилеми дека тоа ќе биде во Катар во првата половина од идниот месец.
„Размислував долго за тоа кога и каде да се вратам на терен. Турнирите во Австралија дојдоа прерано. Жал ми е, бидејќи сакам да играм таму. Сакав да се вратам на помал турнир, како би чувствувал и помал стрес.“ – вели Федерер.
Швајцарецот го најави и неговиот план за тековната година.
„Сакам да славам големи победи. Подготвен сум за тоа да одам на долг, тежок пат. Ќе се потрудам да играм и на земја, после тоа следат Хале, Вимблдон, Олимписките игри и УС Опен.“ – најави Федерер.
Роџер Федерер во август годинава ќе наполни 40 години. Во кариерата освоил 20 гренд слем титули, а на врвот на АТП листата поминал 310 недели.


Солскјер има „необично“ барање од неговите играчи

Оле Гунар Солскјер има посебно барање од своите играчи, за време на натпреварите да вршат посилен притисок врз судиите кога има сомнителни ситуации.
Менаџерот на Јунајтед смета дека неговите играчи се многу „меки“, се однесуваат премногу добро кон судиите, а потенцираше дека треба да притиснат повеќе.
Солскјер изјави дека неговите играчи мора почесто да бараат судиите да се консултираат со ВАР собата, досега тоа не го правеле, сега треба да притиснат повеќе, грешки се случуваат, а судиите во Англија доста често не го користат ВАР.
„Против Шефилд моите играчи требаше да направат поголем притисок врз судијата, моите играчи се однесуваат како една многу добра група на луѓе, време е тоа да се промени, мора почесто да ги браниме своите ситуации на теренот.“ – изјави Солскјер.