feature

Гехи нема да потпише нов договор со Палас, потврди клубот

Marc Guehi clapping in a Crystal Palace shirt

Капитенот на Кристал Палас, Марк Гехи, официјално го известил клубот дека нема намера да потпише нов договор и планира да замине кога сегашниот ќе истече во 2026 година. Англискиот репрезентативец, клучен играч во последните сезони, е подготвен за нов предизвик. 

Менаџерот Оливер Гласнер ја потврди одлуката, нагласувајќи дека клубот сакал да го задржи, но ја почитува желбата на Гехи да продолжи понатаму. Оваа најава значи голем пресврт за Палас, кој сега се соочува со дилема – да го продаде во јануари или да ризикува да го изгуби без надомест. 

Гехи беше многу блиску до трансфер во Ливерпул порано оваа година во вредност од 35 милиони фунти. Медицинските тестови беа завршени, но Палас се повлече во последен момент бидејќи не успеа да најде замена. И покрај подготвеноста на играчот да се пресели, трансферот пропадна. 

Иако договорот му трае до јуни 2026, јануарскиот преоден рок е можеби последна шанса Палас да заработи нешто од неговото заминување. Гласнер призна дека ситуацијата е комплицирана, но истакна дека приоритет му е долгорочната стабилност на тимот. 

Интересот за Гехи останува силен. Освен Ливерпул, неколку европски клубови внимателно ја следат неговата состојба. Ако одлучи да ја истера сезоната до крај на договорот, 25-годишниот дефанзивец ќе биде еден од најбараните слободни агенти на пазарот. 


Жештината најголем проблем: Виси иднината на ГН на САД во Формула 1

Раководното тело на Формула 1 ја прогласи претстојната трка за Големата награда на САД на патеката во Тексас за ризична поради високите температури.

ва е втора трка по ред што е прогласена за опасна поради топлината, по трката во Сингапур пред две недели.

Се предвидува дека температурите ќе надминат 31 степен Целзиусов претстојниот викенд во Остин што е индексот на топлина кој Меѓународната автомобилска федерација (ФИА) го користи за да дефинира потенцијално опасни услови за возачите.

Како и во Сингапур, Ф1 тимовите на саботните квалификации и неделната трка во Остин би можеле да користат систем за ладење на возачите.

Употребата на овие елеци не е задолжителна, но тимовите мора да го вградат системот во своите автомобили за да се осигурат дека возачите кои не ги користат нема да добијат предност со тоа што имаат полесен автомобил.

Трката за ГН на САД на патеката во Остин е на програмата в недела, со почеток во 21:00 часот.


Барса ќе почека за да се врати на „Камп Ноу“

Барселона веројатно нема за скоро да се врати на својот стадион.

„Камп Ноу“ е целосно реновиран и се очекуваше дека каталонскиот клуб ќе може да се врати на својот домашен терен за натпреварот против Џирона, но ќе мора да почека малку пред да се врати.

Според каталонските медиуми, Барселона добила дозвола за фаза 1А, што не го задоволило шпанскиот гигант. Споменатата фаза би значела дека само 27.000 луѓе би можеле да влезат на новиот стадион со 105.000 седишта поради сè уште недовршената ситуација со стадионот и документацијата. Барселона сакаше дозвола за фаза 1Б (47.000 седишта), но бидејќи не ја доби, ќе остане на Монжуик.

Во овој момент, се проценува дека „Блауграната“ ќе остане на гореспоменатиот стадион уште три натпревари – против Џирона и Елче во лигата и против Олимпијакос во Лигата на шампионите.

Потоа, се очекува да се вратат на „Камп Ноу“. Сепак, сè уште не е познато кога Барселона ќе може да ужива во поддршката на полн, реновиран стадион. Каталонците почнаа со реновирање на големиот стадион во јуни 2023 година. Целосното завршување на работите е планирано за јуни следната година.


Проблеми за Алегри, Пулишиќ повреден се врати од САД

Репрезентативната пауза за италијанскиот клуб Милан донесе повреди на неколку играчи. По францускиот репрезентативец Адриан Рабио во следниот период Милан ќе биде и без Кристијан Пулишиќ.

По направената магнетна резонанца потврдено е дека Пулишиќ има полесна повреда на десниот бицепс, стои во информацијата од клубот. Во текот на следните денови играчот ќе има дополнителни прегледи. Првите процени се дека ќе паузира десетина дена.

Американскиот репрезентативец би ги пропуштил двата дуела ос Серија А со Фиорентина и следниот викенд против Пиза.

Од почетокот на сезоната Пулишиќ постигна четири голови и има две асистенции.


Пикси со емотивна порака се прости до српската репрезентација

Драган Стојковиќ – Пикси повеќе не е селектор на фудбалската репрезентација на Србија. Извршниот одбор на Фудбалскиот сојуз на Србија ја прифати неговата оставка по поразот од Албанија во квалификациите за Светското првенство 2026, со што „орлите“ останаа без кормилар.

Пикси по разделбата упати емотивно писмо во кое се заблагодари на сите со кои соработуваше во изминатите години.

„По четири и пол години, повеќе не сум на позицијата селектор на А-репрезентацијата на Србија. Прво, сакам искрено да му се заблагодарам на Фудбалскиот сојуз на Србија за довербата што ми ја покажа, беше чест и голема привилегија да ја водам репрезентацијата на мојата земја. Заедно успеавме да постигнеме историски резултат и, по 24 години, да поврземе две големи натпреварувања, односно Светското првенство и Европското првенство. Успеавме да ја постигнеме целта што си ја поставив како тренер. Секогаш ќе ги паметам сцените од Лисабон, бидејќи тоа е еден од најубавите моменти во мојот живот и еден од најголемите успеси на српскиот фудбал во поновата историја“, порача Стојковиќ.

Стојковиќ ја презеде Србија во 2021 година и ја одведе на две големи натпреварувања, Светското првенство во Катар и Европското првенство во Германија. И покрај критиките во последниот период, тој ќе остане запаметен како човекот кој успеа да ја врати репрезентацијата на најголемата сцена.


Нов гол на Дориев, Македонецот блеска во Узбекистан

Македонскиот нпѓач Љупче Дориев повторно беше меѓу најзаслужните за новата победа на неговиот тим Согдиана, кој со 2-1 славеше против составот на Термез Сукон.

Дориев се запиша во листата на стрелци со вториот гол на натпреварот, а за него тоа беше 14 гол од почетокот на сезонта во првенството на Узбекистан.

Поранешниот фудбалер на Шкендија игра во одлична форма и е еден од клучните фудбалери на својот тим, а покрај головите, на своето конто има и пет асистенции.


Нејмар во Интер – Шпекулација или нешто конкретно?

Во италијанските медиуми се појавија шпекулации дека Бразилецот Нејмар би можел да се пресели во редовите на Интер, но „нераѕурите“ веднаш реагираа и ја отфрлија таа можност.

Спортскиот директор на Интер, Пјеро Аусилио, во интервју за „Кориере дело Спорт“ остро ги демантираше ваквите информации.

Нејмар веќе еден месец се рехабилитира од повреда и извесно е дека до крајот на октомври нема да се врати на терените, што дополнително ги потхрани шпекулациите за негова можна промена на клубот.

„Нејмар во Интер? Тоа се апсолутни глупости! Никогаш не сме разговарале на таа тема, ниту сме испратиле понуда. Се обидовме со Лукман, но дојде напредокот на Еспозито и Бони. Го следевме и Хојлунд. Гасперини е голем тренер“, изјави Аусилио.

Во истиот разговор, директорот откри и дека летово добил понуда од Ал Хилал, клуб во кој замина поранешниот тренер на Интер, Симоне Инзаги.


ПСЖ се спаси од пораз против Стразбур на домашен терен

Warren ZAIRE-EMERY of PSG and Ismael DOUKOURE of Strasbourg during the Ligue 1 match between Paris Saint-Germain (PSG) and RC Strasbourg at Parc des Princes Stadium on October 17, 2025 in Paris, France.

Фудбалерите Пари Сен Жермен и Стразбур ремизираа 3-3 во дербито на осмото коло од Лига 1.

Луд натпревар беше виден на „Паркот на принцовите“. Домаќинот трган фуриозно, а на крајот мораше да се бори за еден бод.

Сè започна со голот на Баркола во шестата минута, но гостите до полувремето направија пресврт, со головите на Паничели во 26-та и Мореира во 41-та минута.

Паничели дополнително ги загрижи „Светците“ во 49-та минута, а Рамос го врати ПСЖ во игра од пенал во 58-та минута.Мајулу спаси бод за ПСЖ во 79-та минута. И на овој натпревар Луис Енрике не можеше да смета на важни играчи – Дембеле, Маркињос, Невеш, Руиз, додека Кварацхеликја, Мендеш и Витиња започнаа од клупата.

ПСЖ го запиша второто последователно реми, и е на чело со 17 бода, еден повеќе од Стразбур.


Рудигер го напушта Реал следното лето

Искусниот играч од одбраната на Реал Мадрид Антонио Рудигер во јуни 2026 година ќе го напушти „кралскиот клуб“. Според пишувањето на германски „Билд“ на крајот на сезоната германскиот репрезентативец (81 натпревар за Германија) е со лоши односи со соиграчот Џуд Белингам, а го загуби и статусот првотимец кај новиот тренер Чаби Алонсо. На неговата позиција тренерот ги користи Едер Милитао и Дин Хујсен.

По бројните повреди изминативе сезони Алонсо не е задоволен од неговата физичка подготовка па така 32-годишниот играч е на „излезна врата“. Рудигер во моментов е повреден и неговото враќање во екипата се очекува во ноември. Неговата позиција сега е пополнета со Милитао и Хујсен.

Рудигер во Реал Мадрид дојде како слободен играч во 2022 година од Челзи. Во дресот на тимот од Мадрид одигра 157 натпревари и освои осум пехари, а во кариерата има настапувано и за Штутгарт и Рома.


Ѓоковиќ обезбеди учество на завршниот Мастерс

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ обезбеди учество на завршниот Мастерс во Торино. Но, тој сè уште го нема потврдено учеството.

Ако настапи на Мастерсот тоа ќе биде негово 17.то учество и со тоа ќе го изедначи рекордот на Рожер Федерер. Ѓоковиќ и минатата година имаше обезбедено учество, но донесе одлука да не игра. Оваа година тој има освоено 4.580 бодови, а пред него се Карлос Алкараз со 11.040 и Јаник Синер со 8.500 двајцата веќе имаат обезбедено учество на Мастерсот во Торино.

Новак Ѓоковиќ седум пати завршил како победник на овој турнир, а последен пат тоа беше во 2023 година.