feature

Пјер Саж ќе се врати на клупата на Ленс

Ленс остана без тренер, откако раководството на клубот одлучи да му врачи отказ на Јаник Кахузак по серијата лоши резултати.Реклама

Капката што ја прелеа чашата беше катастрофалниот пораз од Комо (9-1) во Лигата на шампионите. Дополнителен удар за тимот беше и поразот од Олимпик Марсеј (1-2) во Лига 1.

Претходно, Ленс загуби и во дербито против Лил со 1-0, па серијата од три последователни порази дополнително го зголеми притисокот врз тренерот.

Кахузак на клупата на Ленс пристигна во септември, откако претходно беше помошник на Дино Топмелер, кој исто така доби отказ по само шест натпревари на чело на екипата.

Во девет натпревари како прв тренер, Кахузак забележа три победи и шест порази во сите натпреварувања.

Ова е втор тренерски отказ за Ленс од почетокот на сезоната. Клубот многу веројатно дека на клупата ќе го врати Пјер Саж кој доби отказ од Кристал Палас. Саж го водеше Ленс минатата сезона кон успех и кон пласман во Лигата на шампионите, а потоа замина во Премиерлигата, но неговиот ангажман на клупата на Палас траеше кратко.


Гоф со две победи и еден пораз испадна од завршниот Мастерс

На американската тенисерка Коко Гоф ѝ се случи она што самата го предвиде, со две победи и еден пораз, во групата, да биде елиминирана од Завршниот мастерс.

Непосредно пред третото коло од групната фаза на финалето на ВТА во Индијан Велс, Гоф зборуваше за дека може да биде надвор од турнирот дури и ако триумфира против Марта Костјук во последното коло.

Побара промена на правилата на финалниот женски турнир, а потоа судбината си играше сурова игра со неа.

Гоф ја победи Костјук, а неколку часа подоцна, беше елиминирана.

Американката ја победи Украинката со 2-0 во сетови, за ситуацијата да биде уште потрагична (6:4, 7:5), во вториот сет успеа да направи неверојатен пресврт, спаси три сет топки, освои шест гема по ред и од 1:5 дојде до 7:5.

Недолго потоа, Џесика Пегула ја победи Линда Носкова со 2-1 (7:6, 4:6, 7:5) и се пласира во полуфиналето, а Гоф ја заврши сезоната.

Зошто? Бидејќи имаше „тај-брејкер“ во кој Гоф, Носкова и Пегула имаа 2-1 и еднаков меѓусебен резултат, но Линда беше прва со најдобар број сетови (5:2), сет количникот на Пегула е 5:3, а Коко остана последна со 4:3…

Севкупно, ова значи дека Пегула ќе игра против дефинитивно првопласираната во втората група, Мира Андреева, додека Носкова ќе игра против подобрата од директниот дуел во последното коло – Сабаленка или Свитолина.


Познати групите на завршниот Мастерс во Торино

Најдобриот германски тенисер Александар Зверев ќе настапи во групата „Џон Мекинро“ на завршниот АТП-турнир во Торино, каде што за противници ќе ги има Американецот Бен Шелтон,

Французинот Артур Фис и Шпанецот Рафаел Ходар, одлучено е со денешната ждрепка.

Зверев досега двапати во кариерата го освојуваше завршниот турнир, во 2018 и 2021 година, па повторно ќе се обиде да стигне до трофејот.

Во групата „Иван Лендл“ се најдоа Шпанецот Карлос Алкараз, Русинот Данил Медведев, Италијанецот Флавио Коболи и Американецот Френсис Тијафо.

Медведев досега еднаш триумфираше на ова натпреварување, во 2020 година, додека за Коболи, Фис, Тијафо и Ходар ова ќе биде деби на завршниот турнир.

Титулата во Торино нема да ја брани Италијанецот Јаник Синер, кој поради повреда ќе го пропушти натпреварувањето. Пласман во полуфиналето ќе обезбедат двајцата најдобри тенисери од секоја група.

Турнирот почнува на 15-ти и ќе се игра до 22-ри ноември.


Александар Петровиќ нов тренер на КК Скопје

Актуелниот вицешампион во македонската кошаркарска лига, КК Скопје, ја прекина соработката со Мирко Петрески и за нов тренер го назначи искусниот Александар Петровиќ.

Петровиќ се враќа во тренерските води по заминувањето од Гостивар во февруари годинава. Во својата кариера ја предводеше и екипата на МЗТ Скопје, со која стигна до шампионската титула, а работеше и во Пелистер, Академија ФМП, Куманово и Карпош Соколи.

Новиот тренер го презема КК Скопје во незавидна ситуација. По шест одиграни кола, тимот има само една победа и се наоѓа на дното на табелата.

Петровиќ денеска ќе го одржи првиот тренинг, а дебито на клупата ќе го има во недела, на гостувањето кај Штип.


Седлоски без двајца првотимци против Шкотска

Гоце Седлоски откри дека здравствената состојба во репрезентацијата е на добро ниво, иако двајца фудбалери претходно се пожалиле на повреди.

Седлоски кажа дека во текот на вчерашниот ден на повреди се пожалиле Димитар Митровски и Езгјан Алиоски, меѓутоа не се исклучени од составот за дуелот против Шкотска.

„Здравствената состојба во репрезентацијата е добра. Иако двајца фудбалери се пожалија на повреди. Тоа се Димитар Митровски и Езгјан Алиоски, но мислам дека ќе бидат во ред и ќе може да настапат против Шкотска“, кажа Седлоски.

Натпреварот меѓу Шкотска и Македонија се игра утре од 20.45 часот на „Хампден парк“ во Глазгов.


Енрик го одбил Милан заради верски причини!

Бразилскиот напаѓач на Реал Мадрид, Ендрик, наводно ја одбил можноста да се пресели на позајмица во Милан поради маскотата на клубот која симболизира ѓавол.

Италијанскиот спортски весник ја објави оваа информација во средата, а приказната се најде и на насловната страница на изданието. Според пишувањата, 20-годишниот Бразилец, кој е евангелистички христијанин и се нарекува себеси „спортист на Христос“, не сака да настапува за клуб чиј прекар и симболика се поврзуваат со ѓаволот.

Милан покажал интерес за ангажман на Ендрик на позајмица, но, како што тврди италијанскиот весник, верските убедувања имале пресудна улога во неговата одлука.

„Кориере дело спорт“ потсетува дека во Милан со години настапуваше и Кака, кој исто така беше познат по својата силна религиозност, но додава дека Ендрик не сака да прави компромиси кога станува збор за неговите верувања.

Според истиот извор, Рома е најпосакуваната опција за младиот напаѓач. Римскиот клуб се обидува да го убеди преку бразилскиот дефанзивец Весли, кој би требало да помогне во преговорите со својот сонародник. Како дополнителна предност на Рим се посочуваат и евангелистичките заедници во градот. Интерес за услугите на Ендрик покажува и португалскиот Спортинг.


Марканен сериозно се повреди, голем пех за Јута Џез

Јута Џез остана без еден од своите најважни кошаркари, откако Лаури Марканен заработи скршеница на десната рака и ќе мора да паузира најмалку еден месец.

Според информациите, станува збор за скршеница без поместување на коската. Финскиот крилен центар веќе ги пропушти последните два натпревари на Јута, но дури сега е утврден вистинскиот обем на повредата.

Марканен сезонава одигра осум натпревари, на кои просечно бележеше 18 поени, 6,8 скока и д


Кејн: Почетино влијаеше на мојот развој

Најавата дека Маурисио Почетино може да го наследи Мајкл Карик на клупата на Манчестер Јунајтед, предивика реакција кај напаѓачот на Баерн Минхен, Хари Кејн, кој имаше само пофални зборови за неговиот поранешен тренер во Тотенхем.

„Во таа фаза од мојата кариера, тој имаше огромно влијание врз мојот развој. Презеде тим кој беше исклучително млад и не одведе до две последователни битки за титулата и до финале во Лигата на шампионите.

Ако се случи тоа што велите дека ќе се случи, Манчестер Јунајтед ќе добие одличен тренер“, нагласи капитенот на англиската фудбалска репрезентација.


Македонија до 21 година поразена во Нови Сад од Србија

U21 SERBIA vs N MACEDONIA Beograd, 12.11.2026. foto: Nebojsa Parausic Fudbal, Srbija, Severna Makedonija

Младата репрезентација на Македонија до 21 година претрпе пораз од Србија, 2:0 во пријателскиот натпревар одигран во Нови Сад. Избраниците на Александар Таневски одиграа борбен и солиден натпревар против квалитетен противник, но не успеаја да го крунисаат својот настап со позитивен резултат.

Србија поведе во 16. минута преку Вељко Милосавлевиќ, а со минимална предност на домашната селекција се замина на пауза.

Во второто полувреме Таневски направи повеќе измени, давајќи можност за настап на поголем број фудбалери.
Македонија имаше неколку добри моменти, во 64. минута Трајков ја погоди мрежата по асистенција на Велков, но погодокот не беше признат поради офсајд. Двапати се заканивме со удари кои завршија покрај стативата, а во последните десет минути се обидовме да наметнеме посилен притисок и да стигнеме до израмнување. Сепак, без конкретна реализација пред противничкиот гол. Во судиското продолжение Србија ја искористи можноста за втор погодок, а конечните 2-0 ги постави Ѓорѓе Петровиќ во 92. минута.


Седлоски и Гаштаров: Веруваме во себе, одиме по позитивен резултат

Македонската репрезентација во Глазгов ја очекува дуелот со Шкотска во рамки на Лигата на нациите. Предводникот на нашиот национален тим, Гоце Седлоски, ја најави средбата против селекцијата која славеше на првиот меѓусебен дуел во Скопје со 2:0. Во пресрет на вториот натпревар во групата од Лигата Б, селекторот посакува подобро издание на Македонија и прекин на негативната резултатска серија во ова натпреварување.

„Следниот меч е голем меч, со една силна Шкотска. Знаеме со какви играчи располага. Игравме пред еден месец со овој ривал во Скопје и успеа да не победи. Свесни сме за грешките и мора да ги поправиме. Во изминатите три дена трениравме, имаме одлична атмосфера. Играчите се фокусирани и мотивирани. Се надевам дека она што го работевме ќе го покажат и на теренот. Сакам да видам верба, тактички добро да стоиме и да одиграме добар натпревар. Резултатите се такви какви што се, свесни сме и ние и играчите, но се надевам дека со мечот против Шкотска ќе излеземе од негативната серија. Против себе ќе имаме силен ривал, кој го доби Мектоминеј како повратник. Мора да играме храбро, играчите да уживаат и да не се плашиме. Драго ми е што сите репрезентативци добиваат минутажа во клубовите и се надевам дека ќе продолжат и понатаму така“, изјави Седлоски.

Матеј Гаштаров е еден од младите фудбалери во македонската репрезентација во овој циклус од Лигата на нациите. Фудбалерот на Црвена Звезда се надева дека ќе стигнеме до позитивен резултат против Шкотска на „Хампден парк“.

„Кога го носиме дресот на Македонија, мислам дека не треба да бараме посебна мотивација, затоа што самото тоа што сме во А-репрезентацијата ја носи мотивацијата. Играме против голема Шкотска, која има квалитетни играчи, но и ние имаме свои имиња кои се во многу добра форма. Ќе излеземе на теренот да дадеме се од себе и да уживаме.

За мене, во дваесет дена ми се смени целиот живот и ова е нешто ново. Гледам кога ќе излезам на теренот да уживам. Играв против многу големи играчи и големи репрезентации, немам притисок и гледам да уживам во моментот“, изјави Гаштаров.

Натпреварот меѓу Шкотска и Македонија на „Хампден парк“ во Глазгов се игра во петок, со почеток во 20:45 часот по македонско време.