feature

Пуштени во продажба билетите за дуелот Македонија – Летонија

Фудбалската федерација на Македонија ја отвори продажбата на билетите за натпреварот меѓу Македонија и Летонија, кој ќе биде последен на фудбалерите оваа година во Скопје.

Средбата ќе биде од пријателски карактер, а за нас доаѓа во клучен момент и пред решавачкиот натпревар од квалификациите за Светското првенство. Македонија ќе му гостува на Велс, па против Летонците ќе треба да се воиграат и последните детали во борбата за мундијалски бараж.

ФФМ објави дека билетите ќе чинат по 200 и 300 денари, а отворени ќе бидат само јужната и северната трибина.


Сигурна победа на Струга, голови на Рочи и Компаоре три бода

Екипата на Струга Трим Лум заслужено освои три бода на гостувањето кај Македонија Ѓ.П., во натпревар од 12. коло на Првата фудбалска лига. Беа доволни головите на дебитантот Рочи и најефикасниот напаѓач во Првата лига, Компаоре, за нови три бода за Струга Трим Лум.

Првата акција им припадна на гостите, кога Буњамин Шабани проби и центрираше од лево, но Рочи не успеа да постигне гол од само два метра пред противничката мрежа. Подоцна, Јевтовски и Компаоре се заканија од далечина, но нивните обиди не го променија резултатот и топката заврши надвор од голот на Македонија Ѓ.П.

Промената на резултатот дојде во 32. минута, кога Папе Фал центрираше во шеснаесетникот, а Флоријан Рочи ја испрати топката во мрежата на Македонија Ѓ.П., постигнувајќи го својот дебитантски гол во Првата лига.

Во вториот дел, домаќините беа поорганизирани, а првиот нивни обид беше забележан кога Гереро шутираше од 18 метри, но топката заврши во рацете на голманот Ангелети.

Во 53. минута, Малески изведе соло-акција и шутираше од 18 метри, но обидот заврши неколку сантиметри покрај стативата на Јанков.

Напаѓачот на Струга Трим Лум, Малески, ѝ избега на домашната одбрана по асистенција на Компаоре, но во опасната зона беше соборен од Џелили, а судијата покажа на белата точка. Сигурен од 11 метри беше Компаоре, кој го испрати голманот во еден, а топката во другиот агол, поставувајќи го конечниот резултат 0-2.

Во 79 минута, Талаков шутираше од 13 метри, но топката заврши во рацете на голманот Ангелети.

Во 87. минута, Бојку упати силен шут од страна, но Јанков беше сигурен.

И кога сите очекуваа крај на натпреварот, судијата покажа прво на белата точка, но по интервенција на ВАР-системот, покажа само слободен удар за домашната екипа


Пиоли доби отказ, Фиорентина бара нов тренер

Сопствениците на Фиорентина го отпуштија Стефано Пиоли. „Виолетовите“ со Пиоли на клупата не забележаа ниту една победа во првите 10 рунди во Серија А.

Фиорентина под Пиоли освои само четири поени и се наоѓа на последната позиција на табелата.

Кога пристигна во средината на јули оваа година, потпиша договор до јуни 2028 година, па Фиорентина веројатно скапо ќе ја плати оваа непланирана разделба.

Помеѓу Фиорентина и Милан, кого го водеше 240 пати и го освои италијанското првенство во 2021/22 година, Пиоли имаше и краток престој во Ал-Наср.


Македонската женска репрезентација во група со Унгарија, Азербејџан и Андора за лигашката фаза од квалификациите за СП

Денеска во УЕФА беа извлечени противниците за лигашката фаза од квалификациите за Светското првенство во женска конкуренција, кое ќе се одржи во Бразил во 2027 година.

Македонија квалификациите ќе ги започне од Лига Ц, во која има вкупно шест групи. Натпреварите од оваа фаза ќе се играат во март, април и јуни 2026 година.

Победниците од шесте групи во Лига Ц, како и двете најдобро рангирани второпласирани репрезентација, ќе имаат можност да обезбедат пласман на Светското првенство преку бараж натпревари со второ и трето пласираните селекции од Лига А. Овие баражи ќе се играат во октомври и ноември 2026 година, по што ќе следат интерконтиненталните баражи во февруари 2027 година.

Македонската женска фудбалска репрезентација ќе го бара своето место во баражите преку групата Ц3, каде противници ќе ни бидат Унгарија, Азербејџан и Андора.


Јуве размислува да го продаде Џонатан Дејвид

Канадскиот напаѓач Џонатан Дејвид е незадоволен од својата минутажа во Јувентус и би можел да го напушти клубот од Торино во зимскиот преоден рок, објавија италијанските медиуми.

Дејвид постигна 25 гола и 12 асистенции во Лил минатата сезона, а во јули се пресели во Јуве како слободен играч. Со „Старата дама“, Дејвид потпиша петгодишен договор.

Иако оваа сезона одигра 12 натпревари, не успеа да се етаблира како стандарден играч во првиот тим. Во тие 12 натпревари постигна само еден гол.

Италијанските медиуми тврдат дека новиот тренер на Јувентус, Лучијано Спалети, би можел да има слух за канадскиот репрезентативец и да му даде поголема улога.

Спалети, кој го наследи Игор Тудор, дебитираше на тренерската клупа на Јуве во саботата, со победата над Кремонезе (2:1), но Давид влезе во игра дури во 85-тата минута.

Исто така, малку е веројатно дека Дејвид ќе биде во почетниот состав за вечерашниот натпревар од Лигата на шампионите против Спортинг.


Сер Дејвид Бекам одликуван за витез

Поранешниот капитен на Англија, Дејвид Бекам, официјално е прогласен за витез за неговите заслуги во фудбалот и неговиот придонес во британското општество.

50-годишниот Бекам, кој претходно оваа година, беше на списокот на почести за роденденот на кралот Чарлс, ја прими почеста лично од монархот за време на церемонија одржана во Беркшир.

„Не би можел да бидам погорд“, рече Бекам, „Секој знае колкав патриот сум, ја сакам мојата земја. Секогаш велев колку е важна монархијата за моето семејство. Имав привилегија да патувам низ светот и насекаде луѓето сакаат да зборуваат за нашата монархија. Тоа ме исполнува со гордост“.

Бекам одигра 115 натпревари за репрезентацијата на Англија и беше капитен на „Трите лава“ шест години, помеѓу 2000 и 2006 година.


Треневски: За Партизан пешки би дошол во Белград од Црна Гора

Црногорските медиуми, вчера објавија дек поранешниот репрезентативец на Македонија, Виктор Треневски ќе биде тренер на Партизан. Црно-белиот клуб, во неделата му врачи отказ на Срѓан Благојевиќ, по елиминацијата во Купот од второлигашот Мачва и дебаклот во првенството од Чукарички.

Треневски, моментално е тренер на третолигашкиот клуб Тузи од Црна Гора, инаку е поранешен играч на партизан.

„За мене, како и за повеќето, ова е добра вест што ја прочитав, но за жал останува само тоа, бидејќи немаше контакт со луѓето од Партизан“, рече Виктор Треневски за „Спортски Журнал“.

Доколку во наредните денови добиете покана, дали би ја прифатиле?

„Тоа би ми било голема чест. Би им рекол на луѓето од Партизан да ми дадат два дена, бидејќи би пешачел до Белград. Кога станува збор за мојот сакан клуб, ништо не би ми било тешко. Со едни бебиња играв во Хумска и верувајте ми, би сакал да работам со овие бебиња, бидејќи мислам дека имаат голем квалитет. Се надевам дека ќе пораснат со мене“, рече Виктор Треневски.


Ерлинг Халанд: „Не ме споредувајте со Меси и Роналдо“

Erling Haaland making a funny face

Норвешката ѕвезда Ерлинг Халанд решително ги отфрли споредбите со фудбалските легенди Лионел Меси и Кристиано Роналдо, нагласувајќи дека единствено се концентрира на сопствената игра.
„Никој не се приближува до Меси или Роналдо, оставете ги тие споредби. Јас сум само Норвежанец што дава голови,“ изјави Халанд во неодамнешно интервју.

Халанд повторно е во блескава форма оваа сезона. Со веќе 13 постигнати голови во Премиер Лигата, тој убедливо води во трката за Златната Чизма.

Неговиот учинок е далеку пред остатокот од тимот, а Пеп Гардиола, кој во кариерата ги предводеше и Меси и Роналдо, призна дека Халанд со бројките и конзистентноста им се приближува, иако, како што вели, „нивната долгорочност останува недостижна“.

И покрај сите пофалби, Халанд останува приземјен.
„Се фокусирам само на тоа да бидам подобар секој ден. Не се споредувам со никого. Меси и Роналдо се, веројатно, најдобрите во историјата, а јас имам уште многу да учам,“ изјави тој.

Токму оваа скромност, заедно со неговата убиствена ефикасност пред голот, го прават Халанд симбол на новата генерација фудбалски суперѕвезди.


КС ГРУПАЦИЈА ГИ СЛАВИ СВОИТЕ ЛОЈАЛНИ ХЕРОИ

Во КС Групација веруваме дека вистинскиот успех се гради преку луѓето. Токму затоа со голема гордост го одбележуваме јубилејот на четворица наши колеги кои веќе деценија се дел од нашето заедничко патување, придонесувајќи со труд, искуство и посветеност во
рамки на Евротип и Голд Слот Клуб.

Љупчо Биневски, со својата експертиза во креирањето на коефициенти во Евротип, секојдневно придонесува за фер и конкурентна понуда во спортското обложување.

Антонио Грујовски, дел од тимот за управување со ризик во Евротип, игра клучна улога во следење и анализа на ризиците поврзани со обложувањето. Со својата аналитичност, прецизност и чувство за баланс, тој обезбедува стабилност во системот и сигурност во работењето на компанијата, при што неговата експертиза помага во одржување на фер и одржливи услови и за клиентите и за компанијата.

Маја Нуткова, операторка во Евротип – Неготино, со професионален пристап и тимски дух создава позитивно искуство за секој клиент.

Александра Бошевска, операторка во Голд Слот Клуб, со својата енергија и насмевка придонесува за атмосферата и имиџот на еден од водечките брендови во забавната индустрија.

Евротип и Голд Слот Клуб, како дел од КС Групација, се препознатливи брендови кои повеќе од една деценија поставуваат стандарди во областа на спортските обложувалници и забавните игри. Нивниот успех е резултат токму на луѓето кои стојат зад нив — посветени професионалци што го носат тимскиот дух како главна вредност.

КС Групацијата, која обединува компании од различни сектори како Агроброд, Евротип, Голд Слот Клуб, Голд Фелиција, Премиум Сејфти Солушн, 77 Софт и 77 Ентертејнмент, со задоволство им честита на нашите колеги за нивната јубилејна награда, со благодарност за долгогодишната лојалност, професионализам и придонес.

Ви благодариме што сте дел од нашата приказна – да продолжиме заедно да растеме, создаваме и инспирираме!


Андреас Кристенсен повторно со повреда на листот

Frontview of Andreas Christensen with a worried expression playing for Barcelona

дреас Кристенсен повторно почувствувал болка во листот само 24 часа по неговото враќање на тренинг со Барселона, што повторно предизвика загриженост во клубот. Според најновите изјави, данскиот дефанзивец го напуштил утринскиот тренинг поради мускулен проблем, што отвора сомнежи околу неговото учество на претстојниот натпревар против Клуб Бриж.

Кристенсен оваа сезона веќе пропушти неколку средби поради слична повреда, а неговата кондиција стана постојана грижа за тренерот Ханси Флик. Иако 29-годишниот Данец е важен дел од ротацијата кога е здрав, тешко успева да задржи континуитет. Во досегашниот дел од сезоната има одиграно само 338 минути во 9 настапи, започнувајќи како стартер 3 пати.

Доколку не се опорави навреме, тоа ќе биде дополнителен удар за Барселона, која веќе се соочува со повеќе отсуства во дефанзивната линија. Покрај Кристенсен, надвор од составот се и Марк-Андре тер Штеген, Рафиња, Педри и Гави..

Повторувањето на повредата само ја нагласува колку тешка и физички исцрпувачка е оваа сезона за Барселона и за сите европски тимови кои се борат на повеќе фронтови